Author: Bedri Rexhallari

  • Балкон3 ве води во Ксамил – одлична дестинација за летен одмор

    Со растот на температурите и доближување на летните одмори, расте и интересот за туристичките дестинации. Балкон3 овој пат одлучи да ви претстави едно поинакво туристичко место каде можете да ги поминете летните одмори.

    ksamil7_balkon3

    Ние ќе се обидеме со помалку зборови, а со повеќе фотографии, да ви прикажеме што пореална слика за Ксамил. Мало туристичко село кое се наоѓа во јужна Албанија, поточно 18 километри јужно од Саранда.

    Ксамил е погоден за семеен туризам и е единствена крајбрежна дестинација каде можете за 200 албански леки (100 денари) да се качите на чамец и да одите на ручек на островот карши или да изберете еден од посакуваните острови за прошетка на кој ќе го чувствувате силно изразениот мирис на јод.

    ksamil5_balkon3

    Ксамил е едно од малкуте крајбрежни села во Албанија во кое можете да допливате од еден до друг остров, но за ова освен што е потребно да бидете добар пливач, потребна е и голема храброст.

    ksamil11_balkon3 ksamil12_balkon3

    Ова порекрасно место, исто така, е омилена дестинација и за голем број туристи од Македонија. Но проблем за тие што не сакаат или ги мрзи да возат е долгото патување, некаде околу 500 км. До Ксамил од Македонија може да се стигне и преку Грција, а всушност тоа е и најдобро поради подобриот пат.

    ksamil4_balkon3

    А за тие што сакаат да им се крева адреналинот, можат да одат преку Албанија, поточно да преминат преку врвот Логора.

    Llogara_7

    Тие што со за Ксамил патуваат преку Албанија, треба да знаат дека патувањето им овозможува да ги доживеат сите убавини што ги нуди јужното албанско крајбрежје.

    Llogara_15

    Во текот на патувањето ќе поминете низ приватни плажи, девствени заливи, речни утоки, бункери и одлични карпести предели. Самото патување ве исполнува со адреналин и едноставно, не ве прави само патник, туку и истражувач.

    Albania - 118 - Butrinti

    Така што, не треба да се двоумите, ова лето посетете го Ксамил.

    Бедри Реџалари

  • Езерото Треска на милост на времето

    Езерото Треска според сите изгледи и оваа сезона ќе остане без посетители. Граѓаните велат дека и годинава во езерото ќе се разладуваат комарците, бидејќи е претворено во мочуриште и воопшто не е безбедно за капење.

    Liqeni_Treskes_4 balkon3

    Но, и покрај таквата мизерна состојба, граѓаните одвреме – навреме го посетуваат езерото Треска. Некои од нив со семејствата излегуваат на чист воздух и на скара. Неколкуте граѓани кои ги сретнавме за време на викендот, рекоа дека е жално што надлежните се однесуваат на ваков начин со овој рекреативен центар, кој според нив, е изграден со пари на граѓаните, а сега е оставен да се распадне без никој да се грижи за него.

    Liqeni_Treskes_1 balkon3

    Некогаш ова место беше оаза за сите скопјани, но и за жителите на околните градови. Денеска тие треба да патуваат стотици километри за да одат до Охрид, Струга или Дојран. Сето ова поради небрежноста на одговорните за да го стават во функција езерото“, ни рече еден граѓанин од Скопје што го сретнавме во близина на езерото.

    „Водата не е чиста и има бактерии. Местото треба да заживее и луѓето да доаѓаат за да се одморат и да се разладуваат, да се капат и сончаат, да дојдат на скара. Со еден збор, да уживаат“, вели друг граѓанин.

    Liqeni_Treskes_5 balkon3 Liqeni_Treskes_2 balkon3

    За да се врати сјајот на ова езеро, потребно е да се сменат многу нешта. Можеби најпрвин треба да се тргне од тоалетите, а потоа сето останато, бидејќи се` е запоставено.

    Граѓаните ги прашуваат и локалните власти и нивните претпоставени зошто на пример се прават нови плажи во центарот на градот, а никој не се обидува да го стави во функција овој центар, кој во секое време може да собере до 10 илјади посетители.

    Liqeni_Treskes_3 balkon3

    Според надлежните, потребни се околу 5 милиони евра за целосна ревитализација на овој комплекс.

    Езерото Треска е изградено во 1978 година. Комплексот се простира на површина од 35 хектари, од кои еден дел се зелени површини, а другиот дел се водени површини. Овој рекреативен центар активно функционираше до 1989 година.

    Бедри Реџалари

  • Сарма од лист од кисела зелка или од листови од винова лоза

    Омилено јадење на семејството Реџалари е сармата, било од листови на кисела зелка или од винова лоза. Ова јадење обично се подготвува за време на викенди кога сите членови на семејството се дома и кога му посветуваат посебно внимание на семејниот ручек. Сарма се подготвува и кога за ручек имаме гости.

    sarma balkon3

    Во продолжение ви го претставуваме рецептот за сарма од листови на кисела зелка или винова лоза.

    Состојки:

    • Листови од кисела зелка или винова лоза (препорачливо е виновите лоза да бидат по тенки)
    • 1 кг мелено месо
    • 2 глави кромид
    • 1 чаша ориз
    • Масло
    • Сол
    • Црвен пипер
    • Црн пипер
    • И други зачини по потреба

    Подготвување:

    sarma4 balkon3

    На тава ги пржиме меленото месо и кромидот. Потоа го додаваме оризот, сол, црн пипер, црвен пипер и други зачини по желба. Може да ставаме и парчиња суво месо за на сармата да му даде арома и посебен вкус. Со ова ги полниме и ги виткаме листовите од кисела зелка или винова лоза. Виткањето треба да се прави внимателно, колку помали да се виткаат сармите, толку се повкусни и попрактични. Витканите сарми ги редиме во подлабок сад во кој се ставени делови од кисела зелка или винова лоза. Потоа ставаме една чаша вода и маснотија. Садот го покриваме со капак и го ставаме да се варат на тивок оган 2-3 часа за да не се растурат сармите. Сармите се готови за послужување, но сепак, тие по желба може да се ставаат на тепсија и да се ставаат во фурна да се печат пола час. Ова зависи од вашиот вкус. Порано сармата се служела со пченкарен леб и туршија. Сармата се служи и со ладно кисело млеко.

    Пријатно јадење! 

    Бедри Реџалари

  • Убавините на Превала

    Февруари пристигна во Превала без ниту една снегулка. Жителите на овој туристички центар, особено постарите, не паметат дека вакво нешто се случило претходно. Среде зима на ова туристичко место кое се наоѓа на 1500 метри надморска височина, да нема снег.

    prevala01

    Но, Превала воодушевува со својата убавина какава што знае да подари само Господ. Иако оваа ретка убавина е јалова без посетители и гости. Ние бевме во Превала и бевме сведоци на тоа дека посетителите што оваа година планирале овде да останат подолго, поради тоа што нема снег, заминуваат по само еден или два дена престој.

    prevala02

    Превала се простира на Шар Планина од Косовска страна, на само 28 километри од Призрен, а од Скопје е оддалечена околу 80 километри. Освен Косовци, чести посетители на овој туристички центар се и скопјани. Тие велат дека им се допаѓа чистиот воздух  и низ шега велат дека тука секогаш доаѓаат да ги наполнат батериите или да соберат кондиција за да продолжат со работата што ги чека.

    prevala03

    Меѓутоа, годинава Превала е претворена во осамено место, без посетители. Само од време на време ќе наидевме на некој пензионер кој се шета на чист воздух.

    prevala04 prevala05

    Но, како изгледаше Превала пред една година кога дебелината на снегот изнесуваше речиси еден метар. Тешко се наоѓаше слободно место за престој, бидејќи сите викендички кои се издаваа беа зафатени. Превала ечеше од џагорот на децата кои си играа со снежни топки, се санкаа и скијаа…

    prevala06

    prevala07 prevala08

    Во продолжение, за гурманите ја претставуваме оваа погача, бистрата вода на Шара и овој освежителен пијалак кој се наоѓа само во Превала. Ние застануваме тука и не откриваме ништо повеќе. Редот Ви останува вам, да дојдете и да го посетите овој туристички центар.

    prevala09 prevala10

    prevala11

    Ова е вистинската Превала, Превала што ја знаеме сите ние…

    Бедри Реџалари     

  • Жив покрај својот гроб

    Необичен настан, што јас би го нарекол феномен, се случи во косовската престолнина, Приштина, поточно, во населбата Арберија во Приштина.

    Ако ви се укаже можноста да минувате покрај христијанските гробишта или пак специјално одите во населбата Арберија да ги посетите тие гробишта, таму ќе го најдете и гробот на академикот Марк Красниќи, позната личност не само во Косово, туку во сите краишта каде што живеат Албанци, па и пошироко.Mark_KrasniqiНа гробот на академик Красниќи,  во мермер е насликана неговата слика, врежано неговото име, датумот на раѓање, но го нема датумот кога тој умрел. Ова не е случајност и не дека заборавиле да го стават и датумот на смртта, туку затоа што тој се уште е жив и здрав.

    Во косовските медиуми и во интернет последните неодамна се појави негова слика каде тој е до неговиот гроб. Не како дух, туку вистински, го гледа неговиот гроб. Академик Красниќи вели дека се чувствува многу добро, дури и е задоволен, бидејќи знае каде ќе живее вечно.

    Ова се вика, да му копаш гроб на самиот себе. Бог да го прости“, вели тој низ шега. Смртта за него е нормална работа и дека човекот е осуден да умре.

    b4cbfiles.php_Многумина сакаа да дознаат дали тој предвреме си направил гроб можеби затоа што во Косово е проблем гробното место, па гробот треба да се обезбеди порано или постои некоја поинаква негова филозофија? Познатиот академик на овие дилеми мирно одговара дека луѓето многу повеќе се грижат за своите куќи и станови, додека малку внимание посветуваат на местото каде што ќе поминат малку подолго време.. цела вечност.

    “Бидејќи ние Албанците во животот сме преокупирани како да изградиме куќа, што поубава и подобра, да имаме покрив над глава, зошто да не изградам една модерна куќа како што е мојот гроб? Смртта е нормална работа, тоа е крајот на животот што мене воопшто не ме плаши“.

    Бедри Реџалари

  • Аки од Камењане – омилениот домаќин на светските оперски ѕвезди

    Аки од Камењане – омилениот домаќин на светските оперски ѕвезди

    „На трети ноември Аки од Камењане ќе седне во централниот дел на Виенската опера, на местото каде што заслужува да седи само императорот, ќе биде осветлен со рефлектори и само за него ќе пеат голем број оперски ѕвезди“. Вака месечното списание „Wien Live“ ја започнува приказната за најпознатиот Тетовец во Австрија, а можеби и пошироко.

    Аки и Пласидо Доминго
    Аки и Пласидо Доминго

    На насловната страница на списанието има фотографија од оперската дива Ана Нетрепко со наслов „Ана го сака Аки“. Сепак главна тема на „Wien Live“ e успешната приказна на страстниот љубител на операта, гостопримливиот сопственик на ресторанот „Соле“, Аки Нуредини. Аки е роден пред 56 години во тетовското селото Камењане, како едно од седумте деца на неговите родители, а минатиот месец со голема прослава во Виенската опера ја одбележа 30-годишнината од отворањето на омилениот ресторан на голем број оперски ѕвезди од целиот свет. На концертот во чест на Аки настапија 15 водечки оперски солисти меѓу кои: Инва Мула, Карлос Алварез, Роксана Константинеску, Ервин Шрот, Стивен Костелјо, Рамон Варгас и Линда Вотсон.

    aki2 aki3

    На денот на прославата беше промовирана и книгата „До, ре, ми, фа, СОЛЕ“, посветена на триесетгодишната работа на омилениот ресторан на оперските ѕвезди, кои настапуваат во операта Штац и кои станаа љубители на кујната на Аки, но и негови драги пријатели. Списанието „Wien Live“ објавува многу слики на Аки во друштво на познати оперски имиња, меѓу кои и редовниот гостин Пласидо Доминго, цитирајќи ја неговата изјава „Стомакот оди таму каде што му е пријатно.“

    АКИ НУРЕДИНИ, ТЕТОВЕЦ ВО СРЦЕТО НА ВИЕНА

    Кога го посетив „Соле“ во 2012 година веднаш ми стана јасно зошто сите се враќаат таму. Непосредноста и љубезноста, кои зрачат од Аки, едноставно не може никого да остават рамнодушен. Затоа во статијата на „Wien Live“ сосема оправдано и без претерување е напишано: „Не само физички со неговиот ресторан „Соле“, туку и духовно Аки е во срцето на Виена, во срцето на овој антички град со вековна традиција во културата, уметноста, науката и дипломатијата. Тој навистина ја заслужува Виена како што таа заслужува да го има Аки, работник и великодушен во помагање на многу културни, но и други активности…“

    aki_sole

    Појдете паралелно од кружниот тек во центарот на градот, неколку десетици чекори од светски познатата Виенска опера, која како папок го поврзува центарот Штефанплац со улицата Кертнерштрасе и ќе пристигнете во ресторанот „Соле“. Улицата Анагасе, која има над четиристотини години историја, беше збогатена со овој ресторан уште пред триесет години. „Соле“ е ресторан каде се испреплетуваат политиката, уметноста и културата. Аки успеал со посветеност и голема љубов да го претвори неговиот ресторан во место за средба на уметници од целиот свет. Пријатниот амбиент, професионалната кујна на високо ниво и топлиот прием од персоналот се главна причина што ресторанот „Соле“ е честа дестинација на голем број познати светски политичари меѓу кои е и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

    Аки и Бил Клинтон
    Аки и Бил Клинтон

    Веројатно никој од нив не може да одолее на топлото гостопримство и вкусните специјалитети кои ги нуди локалот.
    „Тоа е еден интересен феномен што во мојот ресторан доаѓаат различни луѓе од областа на уметноста, културата, бизнисот, политиката. Доаѓаат речиси сите австриски политичари. Од Македонија, Косово и Албанија, сите се мои гости, но и мои пријатели. Многу луѓе, а особено уметниците велат дека мојот ресторан е како нивен дом, или како нивна втора кујна“, раскажува Нуредини.
    Запрашан која е формулата за овој успех, како успеал во неговиот ресторан да ги испреплете политиката, културата, уметноста, Аки многу смирено одговара „работа и само со работа“.

    aki_cover„Само со работа. Многу ја сакам оваа работа, многу ги сакам луѓето, без разлика на националноста. Секој клиент го третирам како една посебна личност. Јас имам пријател, кој е писател, и тој во една пригода рече: „Кај Аки ѕвездите се чувствуват како да не се ѕвезди, додека оние кои не се многу популарни се чувствуваат славни“. Се разбира тука е и добрата кујна, како и екипа со која заедно стигнавме до тука“, вели Нуредини.
    Долгогодишната посветеноста на Аки беше наградена од австриската држава со златен медал на градот Виена, што се смета за најпрестижна награда. Тој е почесен граѓанин на Австрија и добитник на многу награди, медали и благодарници.

    ДРУГИТЕ ЗА АКИ…

    Книгата за гости во „Соле“ е колекција од автограми од редовните гости, кои не го кријат задоволството и не штедат зборови за ресторанот, но и за неговиот сопственик. Еве што пишува основачот на Ферари Австрија, Херберт Каспер, редовен посетител на „Соле“: „Ферари е уметност на тркала, а Соле уметност во чинија“. Големиот италијански уметник Ренато Брусон за Аки Нуредини вели: „Човек како тебе не сум сретнал никаде во светот.“ Големиот албански писател Исмаил Кадаре го посетува „Соле“ секогаш кога ќе отиде во Виена. Тој пишува: „Тука се чувствувам како дома.“
    Додека бев во посета на „Соле“, Аки искрено ми се довери: „Денес добив две пораки од двајца други пријатели, д-р Клаудија Шмит, министер за образование на Австрија и Жозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија. Љубезно ми понуди да ги прочитам нивните пишувања на благодарност и почитување кон нашиот сонародник. Подоцна од други луѓе разбрав дека Аки бил иницијатор на средбата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон во Виена, во април минатата година, со влијателни личности во европската политика.
    Си заминав од „Соле“ со искрена надежа дека повторно ќе се вратам. До тогаш Аки останува да биде наш вистински амбасадор во еден познат главен мултикултурен град. Таму сме и ние. Таму е нашиот Аки.

    Хазир Мехмети, публицист од Виена

    Бедри Реџалари