Category: Галерии

  • Виртуелна изложба на матурантите од Меѓународната програма во СУГС „Јосип Броз-Тито“

    Виртуелна изложба на матурантите од Меѓународната програма во СУГС „Јосип Броз-Тито“

    Пандемијата како невидлив ѕид се испречи за остварување на многу планови и соништа, но креативните умови наоѓаат пукнатини низ кои блеснува  уметноста на создавањето.

    Матурантите од Програмата за Меѓународна матура при СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Скопје, како дел од нивниот завршен испит по визуелни уметности создадоа свои изложби кои поради пандемијата не можеа да ги организираат во реален простор. Оваа виртуелна изложба претставува обид нивните дела да бидат претставени на пошироката публика.

    Честитки за учениците кои ова го сработија во време на пандемија, со онлајн поддршка и сами најдоа начин да ги претстават делата пред публиката бидејќи порано, завршната изложба им беше централен настан на која го претставуваа нивниот труд кој во период од две години го осмислуваа, концептуализираа и изработуваа за на крајот на годината го претстават пред пошироката публика.

  • 17 обележја на најживописниот пат во Македонија, Маврово-Струга

    17 обележја на најживописниот пат во Македонија, Маврово-Струга

    Четири езера, пет планини, две реки, два града, села, манастири, мостови, неверојатна природа… Сето тоа е спакувано во само стотина километри, на патот Маврово-Струга, покрај западната граница на Македонија. Патот воопшто не е лесен, многу е кривулест, на места и тесен, со повремени одрони од камења или со оштетувања на асфалтот. Поради тоа возачите често го избегнуваат. Но ако сте совозач или патник, тогаш ќе уживате. Следете не`, километар по километар, низ 17 обележја на веројатно најживописната патна делница во Македонија.

    mavrovo struga_cover

    км 1: Букова шума. Патот можеби се вика Маврово-Струга, но почнува десетина километри пред Маврово, каде што се одвојува од главниот пат од Скопје кон Охрид. Буковата шума ќе ве следи уште од првиот чекор, со своите шарени стебла и зелени лисја.

    bukova suma

    км 8: Мавровско езеро. Оттука е првиот поглед на најфотографираната вештачка акумулација во Македонија, создадена во 1947 година, кога се изградила браната и таа станала дел од хидроенергетскиот систем на земјата.

    03 - mavrovsko ezero

    км 11: Маврови Анови. Друмската населба е целосно ставена во служба на патниците, со своите ресторани, продавници, бензински пумпи и места за одмор.

    mavrovi anovi

    км 20: Радика. Првиот поглед на реката што ја сметаат за најубава и за најчиста во Македонија доаѓа кај мостот преку кој се оди кон планината Кораб. Совршена хармонија на брзата и бистра вода со карпите, густите шуми и со растенијата со листови широки и по половина метар.

    radika

    км 24: Кањонот на Радика. Неколку километри низводно, високите карпи од двете страни на патот создаваат чувство како да се движите меѓу облакодерите на некој велеград. Но со многу чист воздух и со песната на птиците наместо бучава.

    kanjonot na radika

    км 35: Бигорскиот манастир Свети Јован. Целосно е обновен по катастрофалниот пожар во 2009 година, што му ги уништи конаците. Манастирот е стар речиси илјада години и неколку пати бил уриван и подигнуван. Највредното нешто во него, црквата и иконостасот со бесценетиот дрворез, беа спасени. Внатрешноста на црквата не смее да се фотографира, но има повеќе од доволно мотиви околу неа.

    bigorski

    км 37: Ростуше и Дуфскиот водопад. До селото Ростуше има помалку од два километра од патот.

    rostuse-duf 2

    Од него се тргнува по планинарска патека до Дуфскиот водопад, висок 25 метри, специфичен поради огромниот камен што се заглавил меѓу карпите од кои паѓа водата. Знакот дека до водопадот има само 1.020 метри нека не ве залажува. Патеката е тесна и лизгава поради влагата, и движењето може да биде напорно за оние што вообичаено се неактивни. Затоа, одвојте си барем еден час за оваа посета.

    rostuse-duf

    км 45: Мостот Еленски Скок. Кај Бошков Мост се врти лево (кон исток) и се патува два километра до овој импресивен мост стар 200-300 години, направен од камен во еден лак, кој виси дваесетина метри над провалијата во Мала Река.

    elen skok

    км 47: Каменоломот кај Долно Косоврасти. Лекција по геологија за планините во чие што зеленило ќе уживате целиот пат.

    kamenolom

    км 50: Центар Жупа и Коџаџик. На почитувачите на Мустафа Кемал Ататурк веројатно нема да им пречи да поминат 17 километри покрај источниот брег на Дебарско Езеро, по пат што е предизвик и самиот по себе, до Коџаџик, родното место на неговиот татко, каде што има и спомен куќа посветена на неговите предци.

    zupa-kocacik

    км 53: Манастирот Свети Ѓорѓи во Рајчица. Старата црква и беспрекорно уредените конаци што се извишуваат над неа привлекуваат посетители од целиот Балкан. Точка што не смее да се промаши, дури ни на поминување.

    rajcica

    км 55: Дебар. Градот за кој во Македонија важи стереотипното сфаќање дека е на изумирање бидејќи секој се отселува од него, изненадува со бројот на новоизградени куќи и згради.

    debar

    км 60: Дебарско Езеро. Иако езерото ќе го видите многу порано (уште кај Косоврасти), најубавите панорами се на околу пет километри јужно од Дебар. Внимавајте, ако возите кон југ, местата за застанување и за уживање во глетката ќе ви бидат од левата страна на патот и за да го паркирате автомобилот ќе треба да ја пресечете лентата за возилата што доаѓаат од спротивниот правец. Тоа мора да го направите многу претпазливо, за да не се доведете во сериозна опасност.

    debarsko

    км 79: Клисурата на Црн Дрим. Втората река на овој пат е Црн Дрим. И таа се пробива низ планините и создава спектакуларна клисура.

    klisura drim

    км 87: Глобочица. Водата во ова вештачко езеро е толку темна, а околината толку тивка, што тоа делува истовремено воодушевувачки и застрашувачки. Старото село кое било поплавено кога се направила браната не може да се види, но приказната за него само ја зголемува мистиката. Исто како и кај Дебарско Езеро, внимавајте кога ќе се паркирате.

    globocica

    км 97: Вевчани и вевчанските извори. Вевчани е едно од најтуристичките села во Македонија. До него се скршнува околу четири километри од главниот пат, кон запад. Познато е по карневалот на 13 јануари, по убавата архитектура и по вевчанските извори. Споменик на природата создаден од десетици извори и потоци што се испреплетуваат низ карпите и низ зеленилото. Овде или ќе направите илјада фотографии, или едноставно ќе го оставите фотоапаратот знаејќи дека не може да ја долови убавината што ја гледате.

    30 - vevcani  31 - vevcani

    км 107: Струга. Конечно, последната дестинација. Градот на поезијата, на мостовите, на реката Дрим и на Охридско Езеро ќе го прими уморениот патник со целото свое срце.

    struga

    Текст и фото: Гоце Трпковски

  • Волшебниот сјај на есента

    Волшебниот сјај на есента

    Скопје има многу убави места каде што можеме да уживаме во боите на есента… Едно од нив е во близина на Сарај, за тамошните жители познато како Састав каде се спојуваат реките Вардар и Треска. Тука пораснале многу генерации… Се случила прва љубов,првиот бакнеж,познанства, игри…

    Есента е едно од најубавите и најромантични годишни времиња. А Састав има посебен и волшебен сјај во овој период од годината… Жолтите лисја кои крцкаат под нозете додека пешачиме ја прават секоја прошетка поубава

    Со фотографиите на Балкон3 уживајте во боите на есента.

    Фото: Владо Крстевски (линк до FB Fan Page)

    [portfolio_slideshow id=10687]

  • Солун: малите изненадувања надвор од патеката

    Солун: малите изненадувања надвор од патеката

    Сите сакаат да ги видат главните знаменитости на еден град. Грандиозните градби, плоштади, простори, мостови, кули, храмови, статуи… Тие се причините поради кои се патува, и во многу случаи вреди да се посетат. Но сигурно ви се случило да отстапите од туристичката патека зацртана во мапата што сте ја зеле од хотелот или од информативниот киоск, и да ве дочека пријатно изненадување. Сте влегле во светот на секојдневието на местото што сте го посетиле. И тука има многу нешта што може да ви го привлечат вниманието. Мала интересна семејна куќа, тесна уличка што повеќе личи дека е во некое далечно село, отколку во голем град, љубопитни домашни миленици, интересен графит или убаво насликан мурал на ѕидот на некоја стара зграда и многу други нешта. Секако, тука се и пријатните луѓе што ќе ве дочекаат со насмевка и ќе помислат дека сте се загубиле, па ќе ви го покажат патот назад кон зацртаната патека. Дури и ќе се изненадат кога ќе им кажете дека всушност сакате да го разгледате нивниот свет. Во нашата галерија од Солун нема да ги најдете познатите знаменитости на градот. Не дека нешто не е во ред со Белата кула, Света Софија, Свети Димитрија, Портата на Галериус, Ротондата и другите. Но овојпат решивмеда ги откриеме убавините зад нив.

    [portfolio_slideshow id=10505]

  • Необичен оркестар на сродни души

    Необичен оркестар на сродни души

    Само навидум изгледаше на еден обичен оркестар, кој може да се сретне во најпрометните места, во најразлични градови во светот. Но, откако ќе се доближите да ја слушнете музиката кои ја свират тие луѓе, ќе видете дека тоа не е баш така. Ниту местото е најпрометно, ниту пак оркестарот е класичен. Се работи за добри вибрации меѓу слични души на едно место.

    Оркестарот е составен од хармоника, контрабас и албанскиот национален инструмент чифтелија. Хармоникашот и контрабасистот се дел од  фестивалот на улични изведувачи „Баскер Фест“, дојдени од кој знае каде, додека свирачот на чифтелија, локален музичар, кој можете секојдневно да го видите по скопските улици.

    Оркестарот без име, на самиот влез на турската чаршија ги воодушеви случајните минувачи. Музиката на необичниот состав го сврте вниманието на многу бројните минувачи, па застанавме и ние да уживаме.

    Објективот на Балкон3 беше на вистинското место, да ги долови тие интересни моменти. Уживајте во фотографиите!

    Хусамедин Гина

    [portfolio_slideshow id=9923]

  • Зајдисонце во Истанбул

    Зајдисонце во Истанбул

    Зајдисонце… според многумина најромантичен дел од денот.. момент кога се испреплетуваат соништата и боите…кога се прекршуваат сончевите зраци…а небото се прелива во најразлични бои кои создаваат неверојатни и прекрасни сцени.

    Сета таа убавина на самракот станува посебна ако се наоѓате во Истанбул, град кој фасцинира во секој поглед. Јас ја имав таа среќа да уживам во зајдисонцето во месноста Yeşil Köy (Зелено село).

    Уште во првиот миг кога ќе го видите залезот на сонцето ги заборавате сите секојдневни проблеми, во главата не ви останува ниту една негативна мисла, никаква вознемиреност, со еден збор заминувате на едно прекрасно патување. Не далечно, туку над брановите. Лет во место.

    Многубројните бродови и авионите, кои просечно на секои пет минути слетуваат во аеродромот Ататурк, се дел од залезот на сонцето.

    Со фотографиите на Балкон3 уживајте во убавината на самракот! 

    Фото: Хусамедин Гина

    [portfolio_slideshow id=9812]

  • Windows XP на европска Турција

    Windows XP на европска Турција

    Патувавме од Истанбул кон турско-грчката граница и пејсажот неверојатно потсетуваше на познатата слика за позадината на Windows XP.
    Сонцето ја даваше вистинската светлина, облаците ја имаа вистинската бела нијанса, небото ја имаше вистинската сина, дури и некои од полињата ја имаа вистинската зелена.
    Јасна ви е сликата, нели?
    [portfolio_slideshow id=9604]
    Гоце Трпкоски
  • I’m only happy when it rains

    I’m only happy when it rains

    [portfolio_slideshow id=9517]

  • Во потрага по Гостиварската чешма

    Во потрага по Гостиварската чешма

    Во Гостивар има една чешма,

    Ох, една чешма, душа од чешма

    Гостиварски девојки, сите до една, одбрани девојки

    И душата ми гори, и плачам…

    Овие стихови се од една стара румелиска песна. Авторот е непознат. Се работи за љубовна приказна. Чешмата не е обична. Покрај слатката и вкусна вода која тече од неа, околу неа се шири мирисот на љубовта. Затоа песната тешко може да се заборави. Се пее со децении, особено на балканските простори. Прекрасната песна е незаменлив дел од денешните свадби, кај луѓето побудува многу различни емоции. Особено ако невестата е од Гостивар, значењето на песната е многу, многу поголемо и посилно.

    Gostivar_cover

    Балкон3 во потрага по чешмата го посети Гостивар. По дождливиот неделен ден, со часови шетавме по тесните гостиварски улички, со надеж дека ќе ја пронајдеме чешмата и убавите девојќи покрај неа, кои се споменуваат во горните стихови. Но, за жал и покрај вложениот труд, „Душата од чешмичка“ не успеавме да ја најдеме. Сепак, читателите на Балкон3 нема да бидат лишени од прекрасни фотографии од градот распослан во подножјето на Шар Планина, чие име значи „град со многу гости, гостопримлив град“.

    [portfolio_slideshow id=9143]

    Текст и фото: Хусамедин Гина