Медиум што поврзува од 2012.
Balkon3 е регионална мултијазична платформа што преку новинарство, култура и раскажување приказни ги поврзува луѓето, културите и заедниците низ Балканот.
Balkon3 се роди од пријателството на новинари од Македонија, Грција и Турција, создадено преку Програмата за лидерство на меѓународни посетители (IVLP), финансирана од САД. Она што започна како неформална врска меѓу колеги, прерасна во уникатна регионална медиумска платформа, која новинарството, културата и раскажувањето приказни ги користи за да ги доближи луѓето од Балканот меѓу себе.
Од 2012 година објавуваме на македонски, албански, грчки, турски и англиски јазик. Пишуваме за култура, уметност, музика, храна, наследство и за луѓето што го обликуваат регионот. Секој текст и секое видео се оригинални и авторски, а зад нив стојат искусни новинари, автори и креативци од земјата и од странство. Досега сме објавиле над 500 статии, повеќе од 100 видеа, околу 200 анимации и неколку документарни филмови, дел од кои се и наградени.
Покрај текстовите, Balkon3 има свое препознатливо портфолио од оригинални серии и мултимедијални формати. Тука се Best Of, кратките анимирани „Да ти нацртам“, во кои на едноставен и духовит начин се објаснува како функционираат државата, демократијата и граѓанското општество, документарната серија „Носители на промени“ за луѓе што со својата работа даваат пример во општеството, и „Дали личиме на ЕУ?“, во која преку истражувања и интервјуа ги споредуваме состојбите кај нас со земји членки на Европската унија. Публиката ги следи и ги препознава овие формати, а некои од нив се емитувани и на локални и национални телевизии.
Зад Balkon3 стои мрежа од соработници, граѓански новинари и креативни партнери низ регионот. Токму таа мрежа ни овозможува да раскажуваме приказни од различни перспективи и на јазиците на заедниците за кои пишуваме. Така Balkon3 е една од ретките вистински мултијазични и прекугранични медиумски платформи од овој вид во регионот. Во суштина, она што нè движи е едноставно: врските меѓу новинарите да ги претвориме во врски меѓу луѓето, културите и заедниците.
Што нѐ води
Поврзување
Врските меѓу новинарите ги претвораме во врски меѓу луѓе, култури и заедници.
Мултијазичност
Пет јазика, една платформа. Приказните ги раскажуваме таму каде што се случуваат.
Креативност
Оригинални серии, анимации и документарци што сложени теми ги раскажуваат како приказни.