Author: Hüsamettin Gina

  • Екрем Хакки Ајверди: Човек мост – минатото го пренесува во сегашноста

    Јас сум Босанец, и Будинец и Скопјанец, Атињанец, воедно и Софијанец и Ерзурумец, но сепак јас сум Истанбулчанец и воопшто не правам разлика вели Екрем Хаки Ајверди, архитект, историчар, реставратор и колекционер.

    “Тој e сакан и почитуван од сите интелектуалци. Лицето Екрем Хакки Ајверди кај мене евоцира жив споменик на османлиската историја. Исправен, висок, слаб, со широко чело, и длабок достоинствен поглед. Неговата љубов и почит кон младите пак, е само одраз на неговата големина како уметник” вели Мухарем Ергин, истражувач на турската литература и култура.

    Yunus_Emre1_balkon3

    Институтот Јунус Емре- Турски Културен центар во Скопје во соработка со Фондацијата „Куббеалти„ организираше средба по повод 30 годишнината од смртта на познатиот архитект. Покрај турската баклава, чај и кафе, вечерта беше збогатена и со музички рецитал со Џенгиз Ибрахим – Канун и Аббаз Јахја – Неј.

    Kniga

    На средбата свечена гостинка беше историчарката на уметност Лидија Кумбараџи авторка на книгата „Османлиски споменици во Скопје“. “Стара сум, имам здравстевни проблеми, но, кога ја добив поканата да присуствувам на оваа средба, не можев да ја одбијам, помина долго време откако последен пат соработувавме со професорите од Турција, што веќе ги имам заборавено и како изгледаат” рече Лидија, со затреперен глас, и додаде дека “Екрем Хакки Ајверди е голем турски научник, со непроценлива вредност”.

    Lidija kumbaraci_balkon3

    За животот и делото на Екрем Ајверди говореше Синан Улуант, Претседател на одборот на доверители на фондацијата Куббелти, воедно и негов внук. “Имаше огромно познавање и искуство. Беше многу скромен. Имаше знаење, но, не беше покорен на своето знаење. Се што знаеше од областа на културата, уметноста, литературата, правдата и вистината ја споделуваше со своите соговорници” рече, Синан.

    Sinan_ Uluant_Yunus_Emre1_balkon3

    Синан се сеќава и на тоа дека кога ќе го прашање Ајверди за тоа до кога би требало да ја завршат задача која им ја доверил секогаш велел вчера. Но, исто така признава дека големиот архитект сакал да станува подоцна, но, теренската работа да ја заврши во доцните ноќни часови.

     

    Екрем Ајверди за да ги утврди архитектонските дела надвор од границите на Турција, патувал два пати, и тоа во 1975 и 1976 година. По долгите архивски истражувања ја подготвил книгата Османлиската архитектура во Европа. Книгата се состои од четири големи тома, и тоа од следните земји: Романија, Унгарија, Југославија, Албанија, Грција и Бугарија”.  Ayverdi_4_Yunus_Emre_balkon3

    Во книгите ги содржи архитектурите од почетокот на создавањето на османлиската архитектура до крајот на ерата на Фатих Султан Мехмед, тоа опфаќа период од 250 години.

    Ayverdi7_Yunus_Emre_balkon3

    Архитектонското образование го искористил за зачувување на османлиските споменици. Ајверди не се занимавал само со камења туку и со душата на тие камења.

    aya-sofia_Yunus_Emre_balkon3

    Во долгата кариера има подготвено 16 книги, како изведувач само во Истанбул изградил и реставрирал 32 споменици од културата, од 1922 до 1950 година. Тука пред се мора да се спомене реставрацијата на Аја Софија, централната зграда на Истанбулскиот универзитет и Селимије Џамијата во Едирне. 

    Хусамедин Гина

  • Пробал – Еднаш Пишман, Не Пробал – Илјада Пати Пишман

    Доколку и пријдете на магичната турска кујна, таа секогаш може да ве изненади и да ве фасцинира…..Овој пат тоа го направи со едно чудно задоволство, со уште по чудно име: Пишманије. Овие необични, снежни, бели вкусни врвки или шпагети од „памук„ едноставно ќе ве остават без здив!Cover Foto1_Pismaniye_balkon3

    Пишманије

    Пишманијето исто така е познато и како tel helva (жичаста алва), çekme helva (растегната алва) или keten helva (лен алва). Овие неверојатни влакна шпагети од пржено брашно помешано во големи количини на шеќер, секое лето ги заслепува милионите туристи кои ја посетуваат Турција. Приказната на пишманијето потекнува од Иран, таму се нарекува пешмек, што значи покајание, бидејќи многу било тешко е да се погоди совршената смеса, и оние кои се осмелувале да го прават овој деликатес често се покајувале.COVER1_Pismaniye_balkon3

    Мојата дебелка

    Во Турција пак, легендата е малку поразлична. Имено, градот Измит е надалеку познат по своите пишманија. Најпозната легенда вели дека во градот живеел  еден слаткар, кој бил познат по своите производи. Само за да можат да пробаат од неговите познати специјалитети, многу луѓе, во долги редови чекање пред неговата слаткарница. Трговците слегувале од патот на свилата ставајќи се во голема опасност, за да стигнат до прекрасните благи. Слаткарот пак, имал сосема друг проблем, бил несреќно заљубен во една дебела девојка. Што и да направи, љубовта била невозвратена. Очаен од тоа одлучил да создаде сосема ново благо, и тоа да го посвети на својата љубена, со надеж дека ќе ја возврати љубовта. Со своите чираци работел напорно и успеал да создаде снежни бели топчиња од извлечена алва. Тоа се почетоците на првите пишманија.Foto 12_4_Pismaniye_balkon3

    Во чест на неговата сакана благото го нарекол Шишманије, тоа на турски значи Мојата дебелка. Со убаво врежано име испратил неколку кутии од благото…и успеал, да привлече внимание! За кратко време со таа девојка стапиле во брак и долго време живеење среќно. Но, по одредено време поради љубомората и интригите на неговата сакана, животот со неа се претворило во вистински пекол. Натажен и со скршено срце морал да ја остави. Страдајќи поради тој љубовен бродолом, слаткарот името на благото го менува од Шишманије во Пишманије, што на турски значи “каење“.

    Pismaniye4_balkon3

    Ммм неодолив вкус

    Пред неколку дена граѓаните на Скопје имаа можност да пробаат од стотици години старата магија, но, не од индустриската изработена во фабрика, тука таа изработена рачно. Имено, во Скопје се оддржа 6. Фестивал на пишманијето на Општина Измит од Турција во организација со Општина Чаир.

    Ambas, i gradonacalnici11_Pismaniye_balkon3

    Во турската чаршија мајсторите на овој занает, со умешноста и способноста ги одушевија големиот број на посетители. Во сред чаршија, пред голем број на обажаватели на благото и случајните минувачи ги покажаа своите врвни квалитети. Процесот на рачната изработка треаше околу два саатта.

    Foto 12_3_Pismaniye_balkon3Откако беше готов финалниот производ очигледна беше радоста на мајсторите. „Одлично испадна, успеавме“ рече еден од мајсторите, со насмевка во лицето.

    Кај нив имаше мала вознемиреност од пеколното скопско сонце, да не ја затопли смесата повеќе од дозволенета обработлива температура. Затоа подготовката ја продолжија под сенка. Дел од граѓаните за прв пат имаа можност да пробаат од магичното благо кое се правеше пред нивните очи. Во процесот на создавање на памучното топче симболично учествуваа и Амбасадорот на Турција во Македонија Ѓурол Сокменсуер и градоначалниците на Измит и Чаир, Невзат Доган и Изет Меџити.

    Pismaniye6_balkon3 Pismaniye5_balkon3

    Откако заврши подготовката пишманијето се служеше на сите присутни граѓани. Тие пак, откако пробаа од благото беа едногласни. „Ммм неодолив вкус. Имам пробано во пакување, но, ова е нешто посебно“, ни изјави кратко еден од граѓаните. Ова благо во Турција е познат под слоганот „Пробал – еднаш пишман, не пробал – илјада пати пишман.“ Човекот станува еднаш пишман, затоа што јадењето на ова памучно благо е малку комлицирано, ако не проба илјада пати пишман, затоа што вкусот е несекојдневен и мора да се проба.

    Подготовка:

    Најпрвин се запржува брашното со масло.Foto 10_2_Pismaniye_balkon3

    Паралелно со него се подготвува и шербетот. Шербетот треба да врие на температура од 180 степени.Foto 11_2_Pismaniye_balkon3

    Откако ќе зоврие, шербетот се лади на мермерна површина до 120 степени.Foto 12_2_Pismaniye_balkon3

    Откако ќе се олади, шербетот добива форма во вид на желе, а тоа пак се обработува рачно.Foto 13_2_Pismaniye_balkon3

    Потоа во една голема тепсија се меша со смесата од брашно.Foto 13_6_Pismaniye_balkon3

    Потоа следува најтешкиот дел, растегнување на смесата.Foto 13_5_Pismaniye_balkon3

    Пишманието е подготвено за служење.Gotov proizvod foto 16_Pismaniye_balkon3

    Уживајте во рецептот со Балкон3:)

    Текст и фотографии: Хусамедин Гина

  • Необичен оркестар на сродни души

    Необичен оркестар на сродни души

    Само навидум изгледаше на еден обичен оркестар, кој може да се сретне во најпрометните места, во најразлични градови во светот. Но, откако ќе се доближите да ја слушнете музиката кои ја свират тие луѓе, ќе видете дека тоа не е баш така. Ниту местото е најпрометно, ниту пак оркестарот е класичен. Се работи за добри вибрации меѓу слични души на едно место.

    Оркестарот е составен од хармоника, контрабас и албанскиот национален инструмент чифтелија. Хармоникашот и контрабасистот се дел од  фестивалот на улични изведувачи „Баскер Фест“, дојдени од кој знае каде, додека свирачот на чифтелија, локален музичар, кој можете секојдневно да го видите по скопските улици.

    Оркестарот без име, на самиот влез на турската чаршија ги воодушеви случајните минувачи. Музиката на необичниот состав го сврте вниманието на многу бројните минувачи, па застанавме и ние да уживаме.

    Објективот на Балкон3 беше на вистинското место, да ги долови тие интересни моменти. Уживајте во фотографиите!

    Хусамедин Гина

    [portfolio_slideshow id=9923]

  • Време за пикник! Кифла- цвет со виршли

    Пролетта оваа година многу доцнеше, но, сепак влегува низ вратата на јуни.  Примамливо ги буди сништата, а прекрасниот шарм на пролетта, нејзиното шаренило и блескавите сончеви зраци ги исполнуваат нашите желби. Сè расцутува, можете да видите преплет од илјадници бои. Тоа е прекрасно за да ги одморите очите гледајќи во дрвјата, зеленилата на планините, цветовите. А најдобар начин да се ужива во природата е пикникот, прекрасен момент да се ужива со семејството, пријателите и блиските.

    Sosisli corek_balkon3

     

    Кога ќе погледнеме во историјата, ќе забележиме дека луѓето кои живеат во градовите секогаш се обидувале да бегаат во природата што почесто на мирни и прекрасни зелени места. Речиси во сите делови на светот оваа забава во природата се нарекува пикник. Зборот потекнува од францускиот збор ‘pique-nique’. А, значи ладни, едноставни, обични специјалитети подготвени за јадење во природни услови.

    Поаѓајќи од овие факти Балкон3 ви препорачува еден вкусен рецепт лесен за правење, а и доста економичен:)

     

    Потребни состојки за кифла со виршли:

    2,5 чаши брашно за леб
    1 пакетче инстант квасец
    1 лажичка гранулиран шеќер
    1 јајце
    1 чаша топло млеко
    70 g путер (стопен)
    малку сол
    4 – 5 виршли

    За горниот слој за премачкување
    1 жолчка од јајце
    1 лажица сончогледово масло
    сусам
    црвена пиперка
    зелена пиперка
    феферонки

    Подготовка:

    Брашното се става во еден поголем сад. Се додава квасецот, солта, шеќерот и добро се промешува. Потоа се додава јајцето, млекото и путерот и се меси. Ако е потребно, за тестото да не се лепи во раце, се додава по малку брашно. Потоа тестото се покрива и се остава еден час да отстои. Потоа, тестото се дели на девет парчиња. Секое парче на тесто се отвара со раце, а не со оклагија. Потоа виршлата се става внатре и се затвара во вид на ролна.

    sosis1_balkon3 sosis2_balkon3 sosis3_balkon3

    Со помош на нож се пресекува на пет парчиња, но не целосно. Се превртува во облик на цвет, со тоа што виршлата да остане во горниот дел. Потоа поставете го во тепсија, на која е ставена хартија намачкана со масло. Се покрива и се чека 30 минути. На жолчката од јајца додатето го сончогледовото масло, изматете и намачкајте ја површината на тестото. Посипете сусам, пиперките (претходно исецкани во вид на квадратчиња) се ставаат во средината на цветот.

    sosis4_balkon3 sosis5_balkon3

    Печете ги во рерна на 180 степени петнаесетина минути.

    Веќе се готови за послужување.

    Кифлите со виршли се готови, на здравје!

    Хусаметин Гина

  • Зајдисонце во Истанбул

    Зајдисонце во Истанбул

    Зајдисонце… според многумина најромантичен дел од денот.. момент кога се испреплетуваат соништата и боите…кога се прекршуваат сончевите зраци…а небото се прелива во најразлични бои кои создаваат неверојатни и прекрасни сцени.

    Сета таа убавина на самракот станува посебна ако се наоѓате во Истанбул, град кој фасцинира во секој поглед. Јас ја имав таа среќа да уживам во зајдисонцето во месноста Yeşil Köy (Зелено село).

    Уште во првиот миг кога ќе го видите залезот на сонцето ги заборавате сите секојдневни проблеми, во главата не ви останува ниту една негативна мисла, никаква вознемиреност, со еден збор заминувате на едно прекрасно патување. Не далечно, туку над брановите. Лет во место.

    Многубројните бродови и авионите, кои просечно на секои пет минути слетуваат во аеродромот Ататурк, се дел од залезот на сонцето.

    Со фотографиите на Балкон3 уживајте во убавината на самракот! 

    Фото: Хусамедин Гина

    [portfolio_slideshow id=9812]

  • I’m only happy when it rains

    I’m only happy when it rains

    [portfolio_slideshow id=9517]

  • БУРСА – СОН КОЈ НЕ СЕ РАСКАЖУВА

    Ако ви потечат солзи кога ќе ја видете регистарската табличка број 16, ако на стадионот Ататурк навивате само за Бурсаспор, ако на влезот во градот го почуствувате Осман Гази, и, ако ви недостасуваат театарот на сенките Карагоз и Хаџиват, може со сигурност да се каже дека вие веќе сте Бурсанчанец!  Да, јас веќе сум Бурсанчанец! Зошто? Одговорот ќе го најдете во оваа репортажа на Балкон3. Foto 1Пред да тргнам на пат, си ги освежувам знаењата за зелениот град. Бурса е град на султаните, светците, суфите. Исто така е првиот главен град на Отоманската империја. Стотици написи, статии, илјадници страници не се доволни за целосно да се раскаже приказната за легендарниот град. Читајќи заклучувам дека секој дел од градот си има своја историја.

    По еден час летање од Скопје до Истанбул, и уште два часа со автобус од Истанбул до Бурса,  20 новинари од различни медиуми од Македонија пристигнува во пристаништето Ескихисар во Гебзе. Погледот кон траектот е совршен. Галебите кои летаат над фериботот, се натпреваруваат еден со друг. Борба кој прв ќе го дофати ѓеврекот, подарок од патниците. Глетката не потсетува на познатата изрека „Галебите живеат за ѓеврек, луѓето за надеж”, или на песната “Ако птиците кои летаат се галеби, пристига зелената и слатка пролет”.

    Foto 1a Foto 2

    Нашата прва средба со Бурса се случува во ресторанот Ататепе, социјална установа на општината. Прекрасната планина, морето и шармантниот амбиент придонесува ручекот да биде совршен. Во ресторанот се нудат сите видови на риби со прекрасен вкус. Сафет Јилмаз, директорот за односи со јавноста на општина Бурса, покажува фотографии и информации за градот, по што заклучуваме дека нашата посета на овој историски град полн со приоказни, ќе биде повеќе од интересна. Бурса со своите културни, историски и природни богатства е оргинално место, каде што било кој светски турист ќе може да пронајде дел од себе и дел од историјата на човештвото.

    Cajcilnica11

    Бурса – мост меѓу Македонија и Турција 

    На вториот ден од нашата посета, првата дестинација е општината. По топлото добродојде од домаќините и уживање во турскиот чај на стаклената тераса, се среќаваме со градоначалникот Реџеп Алтепе, нашиот домаќин. Градоначалникот зборува за инвестициите на Бурса во регионот, состојбите на Балканот и односите на Турција и Македонија. „Односите на Турција со Балканските земји долги години не беа на посакуваното ниво, постоеше студенило, но ние напорно работиме за да ја подобриме оваа состојба. Балканските земји се многу значајни за нас, бидејќи тоа се земји на нашите предци. Покрај тоа, голем дел на луѓето кои живеат таму денес имаат роднини во Бурса”, рече градоначалникот најавувајќи интересна дискусија.

    Foto 4

    „Ние имаме единствена цел. Македонија и другите балкански земји на економски план да застанат на своите нозе и да се подобри економската состојба на граѓаните. Бурса ја превзеде одговорноста да биде мост во односите помеѓу Турција и Македонија. Покрај реставрацијата на историските споменици,  Турција ќе продолжи да ги поддржува социјални и културни активности  во регионот ”.

    Зелената  Бурса

    Агендата вели време е за посета на историските места. За мене, најинтересниот дел. Застануваме кај Салтанат Портата, фотографираме и продолжуваме кон местото Топхане. Таму го посетивме турбето на основачите на Отоманската Држава Осман и Орхан Гази. Ја почуствуваме прекрасната духовна атмосфера, читаме молитви и продолжуваме кон Топхане, каде што Бурса може да се види од птичја атмосфера.foto 5Идеално место за да се пронајде внатрешниот мир. Покрај прекрасната можност за да се уверите во зеленилото на Бурса, Топхане претставува одлично место за летните вечери. Топлиот чај атмосферата дополнително ќе ја разубави.

    Foto 6_resize22

    Малку статистика. Податоците велат дека Бурса е еден од најбезбедните градови во Турција. Имав и лично искуство да посведочам за тоа. Фотографирајќи ја прекрасната панорама на Бурса од Топхане, на местото ја заборавив торбата од фотоапаратот. Немав намера да се вратам повторно назад, бев сигурен дека некој ја земал. Сепак, на инсистирање на нашиот водич Ирфан Шабан, се вративме. Ирфан е помошник на заменик градоначалникот на скопската општина Чаир, Сулејман Баки, кој вооедно е и организатор на посетата. Чичкото кој продаваше мали сувенири на тоа место, ја земал торбата и ја обесил на едно дрво. „Ташната е тука! ”, рече тој. Ја земав, чесноста се уште постои, си реков самиот на себе.

    Foto 7_resize Camija

    Бурса е карактеристичен град. Античките и модерните објекти се адаптирале едни покрај други. Продолжуваме со шетањето, нас не придружува Емир Џемал Бешкардеш, советник во општината. Иако однапред беше определена агендата, Емир вели дека можно е да се промени и се обидува да ги задоволи сите наши желби. Било да е јадење, чај, кафе, посета или која било друга желба. Да се слушне зборот „не е можно“ беше навистина невозможно. Веќе сме кај Зеленото Турбе и Зелената Џамија, кои се симбол на Бурса. Убавината на џамијата ве фасцинира.

    Foto 11_resize

    Зелената џамија е изработена од мермер со многу елегантна декорација. Внатре ѕидовите се покриени со темно зелени плочи. Многу е интересен податокот дека не се користела само како џамија туку и како место од каде се управувал градот. Една од најубавите џамии во Бурса и пошироко.

    Foto 12a_resize

    За да се заштити зелениот имиџ на Бурса, општината развива проекти  „Политика за заштита на дрвото“. Со природните ресурси, зеленото ткиво, 833 спомен дрвја од 100-600 годишна возраст и со лековити бањи историскиот град е познат како „Зелена Бурса“. 

    Foto 14_resizeИсто како денес и во минатото многу патописци и историчари биле заинтригирани за овој прекрасен град. Секое дрво кое сведочи на историјата има свое име и презиме.

    Патописецот Poujoulat  за Бурса го користи следниот израз: „Бурса личи на надреалните приказни од 1001 ноќ“. Своето место го наоѓа и во голем број на песни. Поетот Ахмет Хамди Танпинар вели: “Бурса е кристален лустер…Кај и да отидеш ќе ти недостига. Неговиот мирис можеш да го понесеш секаде каде што ќе одиш. Твоите очи секогаш ќе ја побараат Улу (Голема) Џамија во средината на градот, мекоста на свилата, испиениот чај во Топхане, остриот мирис на кафето во Капали Чаршијата, смиреноста на Зелената Џамија, па дури и куклениот театар Карагоз и Хаџиват”. …

    Foto 14 a Karagoz i Hacivat muzej_resize11

    Бурса сон кој не се раскажува

    Постои една изрека убавото време многу бргу минува. Во Бурса времето одлета. Не знаеме како помина. Убавината која се протега надвор од сопствените граници секогаш не е лесно да се раскаже. Затоа не е можно во една репортажа да се раскаже за Бурса. Но, ова секако дека мораше да го споделиме. Бурса е град кој што никогаш не спие. Граѓаните навиваат за својот градски клуб, и да победат и да изгубат, поддршката е беспрекорна. Улиците се чисти, тротоарите зелено бели. Според мештаните жичарата на Улу Даг, најпознатато место за зимски туризам во Турција е место каде што започнувале најголемите љубови. Не успеавме да ја посетиме, жичарата се реновираше, за десетина дена ќе биде биде пуштена. Така што, среќата да ја најдеме љубовта ќе ја бараме при друга посета.

    Foto 15_resize

    Се случува понекогаш да сонувате, потоа тој сон да го раскажете со возбуда или пак да слушате за соништата на другите лица. Но, никогаш не можете целосно да го доживеете сонот што некој ви го раскажува. Потребно е сам да го отсонувате. Ете, Бурса е еден таков град – сон што не може да се раскаже. Секако, посетете ја Бурса, но, дали ви се доволни пет дена? Одговорот дефинитивно е не. Еден месец, одговорот е повторно ист, не е доволно. Или, пак најдобро е да се преселите во Бурса. Ако сте Скопјанец, можеби нема ништо да изгубите. Да се потсетиме на поетот Јахја Ќемал кој што вели: „Скопје и Шар Планина се како продолжеток на Бурса“.

    Текст и фотографии: Хусаметтин ГИНА

  • Во потрага по Гостиварската чешма

    Во потрага по Гостиварската чешма

    Во Гостивар има една чешма,

    Ох, една чешма, душа од чешма

    Гостиварски девојки, сите до една, одбрани девојки

    И душата ми гори, и плачам…

    Овие стихови се од една стара румелиска песна. Авторот е непознат. Се работи за љубовна приказна. Чешмата не е обична. Покрај слатката и вкусна вода која тече од неа, околу неа се шири мирисот на љубовта. Затоа песната тешко може да се заборави. Се пее со децении, особено на балканските простори. Прекрасната песна е незаменлив дел од денешните свадби, кај луѓето побудува многу различни емоции. Особено ако невестата е од Гостивар, значењето на песната е многу, многу поголемо и посилно.

    Gostivar_cover

    Балкон3 во потрага по чешмата го посети Гостивар. По дождливиот неделен ден, со часови шетавме по тесните гостиварски улички, со надеж дека ќе ја пронајдеме чешмата и убавите девојќи покрај неа, кои се споменуваат во горните стихови. Но, за жал и покрај вложениот труд, „Душата од чешмичка“ не успеавме да ја најдеме. Сепак, читателите на Балкон3 нема да бидат лишени од прекрасни фотографии од градот распослан во подножјето на Шар Планина, чие име значи „град со многу гости, гостопримлив град“.

    [portfolio_slideshow id=9143]

    Текст и фото: Хусамедин Гина

  • Осамена железничка станица

    Осамена железничка станица

    Луѓето кои влегуваат во криза и паѓаат во голема депресија, многу често, за да го заборават минатото, патуваат на некое друго место, правејќи драстични промени во својот живот. Низ историјата за тие патувања најмногу се користеле возовите. Така железничките станици, несакајќи се претворале во тажни места, места кои потсетуваат на разделби. Да се биде среќен на железничка станица, во вистинска смисла на зборот, претставувало грев.

    zeleznicka_naslovna

    Патот често ме носи кон Железничката станица Скопје Север, која се наоѓа во населбата Север. За станицата времето застанало, а нејзините единствени пријатели се кучињата скитници. Патници скоро да нема. Осамена е. Секогаш кога ќе поминам, размислувам за осаменоста како најголем непријател на човекот. И секако се прашувам, дали предметите и објектите некогаш се чувствуваат осамени?

    Балкон3 деновиве се дружеше со железничката станица, а моментите уловени со нашиот фото апарат ги споделуваме со нашите читатели. Уживајте во фотографиите!

    [portfolio_slideshow id=8963]

    Текст и фото: Хусамедин Гина