Author: Hüsamettin Gina

  • Флија – неодолив традиционален вкус

    Флијата е едно од најомилените јадење во албанската кујна. За подготовка на флијата се потребни многу малку состојки. Вкусната флија се базира на техниката на печење, затоа нејзината подготовка е макотрпна работа. На тие кои се` уште не пробале, Балкон3 им препорачува што побрзо да го направат тоа.

    Flija_cover

    Состојките за флија се многу едноставни: брашно, вода, путер, јогурт и сол. Главните материјали се мешаат се додека смесата не добие форма како тесто за палачинки. За да се подготви флијата потребен е сач од железо кој најчесто е во форма на сателитска антена со просечна големина.

    Flija 1

    Состојки:
    За тестото
    – 2 килограми брашно
    – вода
    – сол
    За подмачкување за време на готвењето:
    – 1 маргарин или путер
    – 1 чаша масло
    – 2 лажици јогурт или кајмак

    Flija 5

    Подготовка:

    Маргаринот или путерот, чашата масло, двете лажици јогурт или кајмакот се мешаат во еден сад. На тој начин се подготвува смесата која ќе се става помеѓу двата слоја на тестото за флија. Ако флијата се подготвува на оган од дрва треба да се обезбеди доволно голем простор. Тоа може да биде еден агол од вашата градина ила пак некој празен простор.

    Flija 3   Flija 4

    Најважната работа при готвењето на флијата е железниот сач да се одржи на потребната температура. Најпрво се подготвува огнот и се постигнува одредена температура. Потоа пепелта која се создава од огнот се фрла врз сачот. Тоа е потребно за одржување на температурата на сачот за да се постигне посакуваната топлината.
    Прво се подмачкува широката тепсија. Потоа се поставува тестото оставајќи празнини во форма на триаголници. Затоплениот железен сач се става врз тепсијата. На тој начин првиот слој е веќе подготвен. Потоа се зема сачот и повторно се враќа врз огнот. Печениот дел се подмачкува со смесата, а на празните места се поставува тестото. Потоа пак се става сачот. Најважен момент е да се подмачкува испечениот дел.

    Flija 2

    Овој процес се повторува се`додека не заврши целата смеса. Ако сакате да има вкусна кора, последниот слој се пече малку повеќе. Подготвувањето флија е навистина макотрпна работа. Но, не постојат зборови за да се опише нејзиниот неодолив вкус. Флијата се служи со кисело млеко или со ајран.

    На здравје 🙂

    Flija 7

  • Изложба на традиционални турски ракотворби

    Ракотворбите како резултат на природните услови, постојат заедно со постоењето на човекот. Првите примери на ракотворби се појавуваат за да се задоволат потребите на луѓето, на пример за заштита и за покривање на телото. Потоа, според условите на животната средина ракотворбите претрпуваат измени. Ги одразуваат чувствата, уметничките вредности и културните карактеристики. На тој начин ја стекнуваат квалификацијата „традиционални“.

    rakotvorbi tika_cover

    На изложбата на традиционални турски ракотворби во „Чифте амам“ можеа да се видат различни кутии, сандаци, маси, прибор, облека, постелнина, покривки за перници итн. Курсистите на Здружението „Мост“ со големо задоволство и со мал уметнички допир му дадоа нов живот на дрвото. Дрвото во рацете на курсистите добило буквално нов, прекрасен облик во различни бои.
    Изложбата беше поддржана од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Балкон3 ја посети изложбата и прекрасните дела на курсистите ги споделува со Вас.

    no 3 no 5 no 6 no 9 no 10 no 12 no 14 no 15 no 16 no 17 no 19 no 21 no 22 no 23 no 24 no 25 no 26 no 28 no 29

    Фото: Хусамедин Гина

  • Есен – време на златна боја и разделби

    Веќе сме длабоко навлезени во жолто – златната доба од годината. Тоа се двете неразделни бои кои недвосмислено асоцираат на есента, годишно време кога природата полека умира. Велат дека есента ја нарушува рамнотежата во човекот и дека ова време изумираат и најголемите љубови. Во поезијата често пати есента е кобна и ги зема љубовта и надежта од нашите срца, а наместо нив ни ја носи тагата и разделбата. Нерето е посурова и од грубата и студена зима.
    Сепак, за многумина токму есента е најубавото годишно време. За тие што сакаат да прошетаат по конфетите од жолти лисја токму сега е вистинското време. Совршено место за средба со есента е Градскиот парк во Скопје. Балкон3 еден прекрасен сончев викенд беше токму таму. Прошетавме низ распосланите лисја и со нашиот објектив ги уловивме најубавите есенски моменти.

    DSC_0270

    DSC_0224

    DSC_0163  DSC_0175 DSC_0188   DSC_0256 DSC_0258 DSC_0261 DSC_0264

    DSC_0164 DSC_0265 DSC_0268  DSC_0273

    DSC_0198 DSC_0279 DSC_0284

    Фото: Хусамедин Гина

  • Време за пиперки

    Човештвото од праисторијата па сѐ до денес е во потрага по зачини, мирудии која ќе додадат посебен вкус и мирис во храната. Ова потрага ја допринесе интеграција на човештвото со природата. Тоа, пак, придонесе за создавање на нови култури. Таква култура се разбира е и ајварот.

    cover photo piperki4
    Сезоната на подготовка на зимница, особено на ајварот сеуште е во полн ек. Покрај тоа што не се смета за јадење со витамини, вкусот што го има ајварот е доволен за да стане незаменлив дел од нашата софра, како деликатесно предјадење. За ајварот можете да прочитате стотици статии по медиумите, но, за главната состојка на ајварот, црвената пиперка не важи истото. Балкон3, со краток текст за потеклото на пиперката, и со фотогалерија ќе се обиде да ја исправи неправдата која трае со децении.
    piperki oktomvri (1)   piperki oktomvripiperki oktomvri (2)   piperki oktomvri (3)
    Пиперката потекнува од Американскиот континент. Археолошките наоди покажуваат дека пиперката била позната во Мексико пред точно девет илјади години. Исто така остатоци од пеперот најдени се во предисториските населби во Перу. Познато е дека интензивно се садело и во Средна и Јужна Америка, пред Колумбо. Пиперката во Европа за прв пат влегува во Шпанија, 1493 година, потоа во Англија 1548 година. Додека во Централна Европа влегува во 1518 година.
    piperki oktomvri (4)   piperki oktomvri (5)piperki oktomvri (6)   piperki oktomvri (7)

    Фото: Хусамедин Гина

  • Орев – нешто повеќе од дебела сенка и здрава храна

    Оревот е силно дрво, долго трае, ширно листа, разгранува, сака да ги дофати ви­со­чи­ни­те, сенката му е дебела, згустена, горделив е, издржува на грмежи, на бури. Но, тоа веќе на сите нас добро ние познато. За оревот пак, како храна и лек сме прочитале стотици статии. Балкон3 имаше прилика да учествува во процесот на собирање орев, се разбира рачно. Но пред  да уживате во фотографиите, прочитајте ја кратката приказна за популарното дрво. И, уверете се дека оревот не е само дебела сенка и здрава храна.

    cover photo orevi
    Но, дали знаете дека оревот како дрво, има значајно место во животот на познатиот турски поет Назим Хикмет. Имено, поетот, се договара за состанок со својата девојка, во паркот Гулхане, под оревот. На денот на состанокот Назим оди во паркот и под оревот ја чека својата девојка. Во тој момент поминува полициска патрола. Во тоа време имал потрага по него, и затоа Назим Хикмет се криел од полицијата. За да се сокрие од полицијата не му преостанува ништо друго, него само да се искачи на оревот.
    orevi (7)  orevi (8)
    orevi (1)  orevi (11)
    orevi (13)  orevi (14)
    Во меѓувреме доаѓа Пираје која не знае за настанот застанува под дрвото и го чека Назим. Тој пак, поради присуството на полицијата во паркот не може да јави. Затоа не му преостанува ништо друго освен  во врвот на оревот да ги напише следните стихови.

    Јас сум еден орев во паркот Гулхане
    Ниту ти си свесна ниту пак полицијата
    Лисјата се моите раце, имам точно сто илјади раце
    Со сто илјади раце те допирам тебе и Истанбул
    Лисјата се моите очи, гледам со вчудоневиденост
    Со сто илјади очи те гледам тебе и Истанбул
    Лисјата ми чукаат како сто илјади срца…
    orevi (16)

  • Бројаница – „Рачна мастика“

    Научното истражување направено во Америка докажало дека малите зрна (бројаниците) кога се наоѓаат во човечката рака ја намалуваат нервозата, стресот, и го нормализизираат крвниот притисок.

    Бројаницата која денес е неопходен прибор на мажите за првпат е изработена во 800 година п.н.е. Луѓето денеска не ги испуштаат од раце за да ја заборават тагата, безнадежноста, а истовремено да го потрошат и слободното време.

    Според една компилација од различни извори, бројаницата се користи речиси 2.800 години. Во историските евиденции стои дека бројаницата првпат се користела како средство за богослужба во 800 година п.н.е, од страна на хинду Брахман свештениците. Во минатото, бројаниците се правеле од одредени делови на животни, кои се ределе на јаже. Бројот на бројаниците се разликува од религијата. Најчесто се состои од 33 или 99 зрна.

    НЕ Е САМО СРЕДСТВО ЗА ОБОЖУВАЊЕ

    Бројаницата не е само средство за обожување, исто така се користи и како средство за рекреација и забава. За време на отоманскиот период изработката на бројаници станува уметност. Таа започнува во 17 век, а според некои извори, својот врв го достигнува во 19 век. Во минатото, прекрасните бројаници кои се изработувале во Истанбул се испраќање во Мека и Медина за времето на аџилакот. Истите извори велат дека уметноста за изработка на бројаници исто така била развиена и во Самарканд (Узбекистан) и Иран.
    Треба да се спомене дека на крајот на 19 век во Капали Чаршијата во Истанбул имало повеќе од 300 тезги (дуќани) кои продавале бројаници.

    БРОЈАНИЦАТА И ТУРЦИТЕ

    Според производителите на бројаници, Турците не се откажуваат од старите навики, па така во последно време интересот за бројаницата е многу зголемен, а особено кај женската популација. Статистиката вели дека 70-75 остсто од Турците користат бројаници, таа е буквално интегрирана меѓу турскиот народ. Во Турција генерално секој маж има бројаница. Таа во Турција се нарекува и „мастика за раце“.

    Бројаниците најчесто се изработуваат од коска, камен, абанос, змиско дрво, розово дрво, слонова коска, рог од носорог, коска од камила, бисер, килибар, тиркиз (син камен), злато, сребро, различни дрва и камења, па дури и од дијаманти. Според изработувачите, најголем интерес има за бројаниците изработени од скапоцени материјали и скапоцени камења.

    КАРНЕОЛОТ НОСИ СПОКОЈСТВО И МИР, КИЛИБАРОТ ОВОЗМОЖУВА ПОЛЕСНО ДИШЕЊЕ

    Постои верување дека бројаницата изработена од карнеол дава спокојство и мир, релаксира и лекува од вознемиреност. Килибар каменот пак штити од уроци, добра е за несоница, исто така ја собира енергијата од телото и овозможува полесно дишење.
    Бројаницата кај некои луѓе е навика која преминува до степен на зависност, кај некои пак како аксесоар е дел од облека. Исто така може да биде спомен сувенир од татко или некој близок пријател. Кај некои секти, бројаницата се смета за скалило преку кое може да се стигне до Господ.

  • ИМАМОТ СЕ ОНЕСВЕСТИ! ( İMAM BAYILDI) !

    Постојат голем број на приказни за тоа од каде потекнува името на ова вкусно јадење, имам бајилди. Иако се разликуваат помеѓу себе, сите завршуваат на ист начин, на крајот на приказната имамот се онесвестува. Според некои гласини имамот се онествестил од вкусот на јадењето подготвено од неговата сопруга, според други од разновидноста на сосотојките, според трети пак имамот се онесвестил поради тоа што се прејал од вкусното јадење.

    Балкон3 истражуваше и заклучи дека сепак најверојатната приказна е следната:

    İMAM-BAYILDI23

    Било време на војна и глад. За да можат сите да се нахранат на измелената пченка се додавало кочан, ореви и кора од дрвја. Поради недостиг на храна во секој дом постојано се готвело супа од кромид и брашно. Храната се чувала по подрумите и се консумирала штедливо и што е можно повнимателно. Во тој период на недостиг на храна и глад живеел нашиот имам. Тој бил многу итар и многу добро се разбирал од филозофијата на штедење па подрумите ги наполнил со храна. На сопругата не и дозволувал да ги користи залихите од храна, па таа била принудена да прави едно исто јадење. Еден ден таа се налутила и почнала да се расправа со него. „Г-дине, во подрумот имаме разни видови на храна, но и покрај тоа ние сме речиси гладни. Се срамам од тоа што сум жена, а не можам да готвам по избор.. Да зготвам едно убаво јадење, и да уживаме во нековиот вкус“ рекла сопругата, обраќајќи се до имамот.

    imam2

    Можно ли е такво нешто жено? Во земјата има војна, постои недостаток на храна. Треба да бидеме штедливи, сакаш ли да останеме гладни?“, одговорил имамот. Жената многу се налутила од овој одговор. Еден ден сите залихи на храна од подрумот ги разделила на комшиите. Останал само кромид, домати, пиперки и модри патлиџани. Од нив таа направила вечера за имамот. Имамот кога видел толку многу состојки во едно јадење се изненадил. Со доза на лутина почнал да вика по сопругата. Таа му одговорила: „Г-дине денес е посебен ден, ви зготвив убаво јадење за да зајакнете и да уживате во вкусот`. Имамот после овие убави зборови омекнал и и се заблагодарила на сопругата и пробал од јадењето зготвено од модри патлиџани. Но сепак ја предупредил уште еднаш да не прави големи трошоци. Станал од софрата и отишол право во подрумот за да види каква е ситуацијата со резервите храна. Што да види, подрумот празен. И тогаш што се случило? Се разбира, имамот се онесвестил!!

    Откако Балкон3 ја дозна приказната за ова вкусно јадење со големо задоволство со Вас го споделува и рецептот за готвење:

    Имамот се онесвести! (imam bayıldı) !

    Состојки:

    • 6 парчиња модар патлиџан
    • 1 чаша маслиново масло
    • 3 коцки шеќер
    • 1 чаша вода
    • Малку сол

    imam_bayildi

    За внатрешниот дел:

    • 3 кромида бели со средна големина
    • 3 зелени пиперки
    • 3-4 домати
    • 5-6 чешниња лук
    • магдонос, по желба
    • 1 лажичка маслиново масло

    Подготовка:

    Модрите патлиџани исечете ги на половина и издлабете ги.

    Во еден сад исечете го кромидот во долги и тенки парчиња. Исецкајте ги доматите и пиперките. Потоа и магдоносот. Додајте го и лукот и потоа измешајте ги сите состојки. На крајот модриот патлиџан наполнете го со измешаниот состав.

    Потоа наполнетите модри патлиџани ставете ги во садот за печење. Во садот прелијте ги со маслиновото масло, шеќерот, водата и солта. Затворето го садот со поклопецот и оставете го да се готви на тивок оган околу 30 минути.

    imamb23

    Уживајте во рецептот на Балкон3, но внимавајте да не се онесвестите:)))

    Автор: Хусаметин Гина

  • `Kumihimo’, ‘Marudai’, ‘Kusakizome` – Јапонски техники за рачно бојадисување

    Во Сули Ан, во организација на Амбасадата на Јапонија во Виена, која ја покрива и Македонија се оддржа работилница за традиционални јапонски ракотворби и техники за рачно бојадисување на ткаенини. Работилницата е предводена од професорката Хоко Токоро од Кјото, Јапонија.

    Kumihimo 2013 (463)

    Првиот ден се изучува техниката наречена `kumihimo’ а опфаќа плетенје на свилени конци на ‘marudai’ – традиционални јапонски разбои, со што се добиваат гајтани и јажиња кои што традиционално се користење за врзувањје на оби (појас кој се носи над кимоното), за прицврстување на катаните за нивните футроли, како и за врзување на добра за транспорт.

    Kumihimo (11)  Kumihimo (12)

    Kumihimo (14) Kumihimo (15)

    Вториот ден се изучува техниката ‘kusakizome’ која што опфаќа бојадисување на ткаенини од свила со природни билни бои. На годинешнава работилница се користеа сината боја добиена од растението индиго, како и црвена боја добиена од црвен корен.

    kumihimo22

    Тахоро е реномиран експерт во овие области, која долго години има држено семинари низ цела Јапонија. Интересен е податокот дека во еден период имала 800 ученици низ цела Јапонија, а ученичка и била и поранешната царица, односно мајката на сегашниот цар на Јапонија.

    kumihimo33

    На учесниците на работилницата секогаш им ја раскажува приказната за Лидија, првиот човек од Европа кој ја има примено христијанската вера. Кога Св. Павле ја посетил тогашната Македонија, Лидија ја имала примено како гостин во својот дом, при што таа се преобратила во христијанска. Токму оваа жена пред повеќе од 2000 години нашла начин како да добие виолетова боја од црвен корен, со што таа боја станала достапна за пошироките маси.

    Текст: Х.Гина

    Фото Г.Страчкова

  • АЈРАН – ТУРСКИ НАЦИОНАЛЕН ПИЈАЛОК

    За него велат дека е спектакуларна промена на јогуртот. Делува освежувачки и релаксирачки. Не е газиран, а според стручњаците е многу здрав пијалок. За неговата продажба нема потреба од реклами. Тој е идеален пијалок за жешките летни денови. Ја компензира изгубената вода и сол во телото. Се работи за еден од ретките турски зборови кој што има влезено во англискиот речник. Да, веќе ви е јасно, се работи за Ајран.Тој неодамна беше прогласен за турски национален пијалок.DSC_0414Ајран (солен јогурт) е најпознат ладен пијалок, во Турција може да се пие скоро со сите јадења. Се работи за пијалок кој се добива со додавање на вода во киселото млеко. Овој пијалок е популарен и кај младите и кај постарите лице подеднакво.DSC_0323Тоа го потврдија и Абдурахман и Сулејман кои ги стретнавме во турскиот ресторант Gaziantep Sofrasi (Газиантепска Софра, Газиантеп е град која се наоѓа помеѓу Југосисточна Анадолија и Медитеранскиот регион) во старата турска чаршија во Скопје. Практикувам често да пијам ајран, многу е освежителен и здрав пијалок, и дома е еден од основните пијалоци посебно во жешките летни денови, ни изјави Абдурахман. Специјалитет на овој ресторан е Adana Kebap. Ајранот е нераздвоен дел на ова турско јадење.DSC_0416И покрај сличноста, сепак постојат некои мали регионални разлики во подготвувањето. Во месноста Сусурлук (Баликесир, Турција) со помош на еден мал електричен мотор ајранот се повлекува од казанот и со помош на тесна цевка се голема брзина повторно се враќа назад. Во овој процес од масленоста на ајранот се создава пена врз пијалокот. Ова е најпознатиот ајран и е познат како ајран од Сусурлук. Во источните делови од Турција со различни методи на мешање се добива вкусна и пенлива матеница.

    DSC_0302 DSC_0322

    А како се појавил првиот рецепт за ајранот? Случајно, едноставно, како што најверојатно се добиваат голем дел од успешните производи. За време на една експедиција на Гоктурците (турски народ во средновековна внатрешна Азија) во 552 – 745 година. За да ја намалат, ублажат киселината на јогуртот додале вода, и на тој начин го добиле сегашниот вкусен ајран.

    DSC_0426 DSC_0421

    Покрај во Турција, ајранот многу се користи и во Ерменија, Азербејџан, Иран, Либан, Бугарија, Грција и други балкански земји, Блискиот Исток и Централна Азија. При подготовката на ајранот најдобро е да се користи овчи јогурт. За да биде повкусен, наместо вода, може да се додаде и млеко. Исто така се додава и сол, што му дава посебен вкус и гаранција за долготрајна свежина во летните денови. Екипата на Балкон3 уживаше пиејќи ајран на температурите кои веќе го најавија долгото топло лето.

  • Џамлиите – уживање во незаборавената маалска игра

    Иако популарноста на оваа игра се намали со појавата на комјутерските игри и мобилни телефони, сепак речиси во секој дом ќе се пронајде некое заборавено долапче во кое се крие понекоја џамлија. Пристигна убаво време, се што ви е потребно се неколку џамлии, ако сте добри ќе ќарите плус, патика со добар ѓон за копање шлајки и пријател, кој веднаш по првото фрлање ви станува добар ривал на теренот каде што владеат тие. Џамлиите!DSC_0040Саботно попладне. Сончев пролетен ден. Градот полека но сигурно се буди. Се враќам од традиционалната саботна шема, кафе, чај муабет со пријателите во турската чаршија. Во главата сеуште ми се „вртат“ „тешките“ теми за кои денеска дебатиравме. Наеднаш ми се прекинува мислата, ги здогледувам малите деца од моето маало. Погледот, во вистинска смисла на зборот ми се „заглави“ во таа површина од неколку квадратни метри, земјена површина. Далеку од секојдневните проблеми, занесени во џамлиите, децата имаат само единствена цел, како да ги истуркаат џамлиите во малото дупче во форма на полукруг популарно наречена шлајка, која најдобро се изработува со петата од чевелот.530780_10150781192134328_287771592_nВо нивните очи се забележува дека се желни за победа. После секое џиткање (исфрлање) на џамлиите се развиваат различни стратегии. Се води `борба` за победа, и секако во нивните лица очигледен е и стравот од пораз, бидејќи може да останете за една џамлија помалку. Противничкиот играч може да ви го ќари и „коњакот“ – твојата омилена џамлија. Тоа е вистински пораз за страстниот љубител, на порано, многу популарната игра кај младите.524789_10150781182714328_254260659_nЏамлиите се една од моите нај омилени игри од детството. Во шарените, понекогаш и едно бојни стаклени топчиња се криеше добрата забава, натпреварувачкиот дух и секако колекционерството. Се доближувам до децата и ги прашувам од каде им дојде идејата за играње на џамлии, посебно во денешно време, во ерата на компјутерите, во времете на кога „Кантер страјкот“ и многу други слични игри доминираат. „Играме и кантер, но дома, сега е веќе пролет, со џамлиите дружбата е поинаква“ ни велат младите бутелчани.

    546543_10150781183024328_297599090_n 536497_10150781184649328_1840374879_n 529692_10150781189899328_274224417_n 398271_10150781189239328_1421180390_n

    Џамлиите значат пријателство, дружење и борба за победа. Ги прашувам дали се подготвуваат за играта имаат ли некои стратегии, или некоја тајна за победа. „Во текот на ноќта во сон ја развивам стратегијата за да ги победам моите другари. А тајната е во мојата црвенкаста џамлија, таа ми носи среќа“ ни објаснува малиот Енвер, возбуден од тоа дали ќе ја погоди шарената џамлија на незгодниот противник.

    525918_10150781194094328_1490623640_n 563083_10150781181909328_2005062836_n Резултат на играта секогаш е убавото поминато време, и тоа само со неколку денари, колку што чини една џамлија во трафика, и сигурно, прашливите раце, и дупнатите панталони на коленото на кое се потпираш додека мериш кон противникот.DSC_0022Името на гратчето Тинсли Грин кое се наоѓа во Англија е непознато за повеќето луѓе. Но, овој град од западен Сасекс еднаш годишно е центар за натпреварувачи и фанови на натпревари во џамлии. Токму така.. Овде се одржува Британското и Светско првенство во џамлии ( името е заедничко, британско и светско). Почнувајќи од 1932 година, национални тимови од повеќе земји доаѓаат во оваа мала живописна заедница со надеж дека ќе го освојат победничкиот прстен. Натпреварите традиционално се одржуваат пред градскиот паб, кој е изграден во 1936 година, а за потребите на првенството, но и заради локалното население, во задниот двор се инсталирани таканаречени прстени за потребите на играта. Името на овој град во Британија веднаш се поврзува со џамлии, а тоа е доказ за пасијата која овие луѓе ја имаат кон играта.DSC_0054Освежете ги сеќавањата од детството со Балкон3:)

    Хусаметин Гина