Најголемата туристичка атракција на Истанбул. Центар на Османлиската империја, срцето на Истанбул. Поранешен главен град на Источен Рим и Византија.
Преку ден брои над 2 милиони жители велат луѓето со кои разговаравме, навечер бројката се намалувало на само 30 илјади. Нејзините улици навечер се осамени и тивки. Еминону е срцето на трговијата. Облакодерите, големите трговски центри не успеваат да му го одземат овој епитет кој трае 1500 години без прекин. На историското место нема што нема, улични продавачи од Африка, пристаништа, бродови за премин во Азија, џамии, и секако сендвич со риба.
Балкон 3, преку фотографии ќе ви ја пренесе приказната за еден поинаков свет..
Центар на трговијата, улични продавачи од цел светЕминону, еден поинаков светНовата Џамија – Изградена во 1597 година, преставува последен пример на големите џамии изградени од страна на Отоманските султани.Мостот Галата – Горе рибари, доле рибни рестораниЕдна од безбројните мали и тесни уличкиПатокази на секаде, не можете ништо да промашитеЖивотот е тежок, и на стари години мора да се работиБројаниците се најбараниЗа една лира можете да купите пченица за дивите гулаби кои се сместени во Новата Џамија, бабичката се срамеше од фотоапаратот на Балкон3:)Мало детенце ги брка гулабите:)Дивите гулаби одмараат на вертикалниот ѕид на џамијатаРибари и трски, долгогодишен имиџ на мостот ГалатаТуристите со внимание ги следат рибаритеИзглед на кајчето каде што се пече рибаРиба сендвич, најдобар истанбулски вкус