Tag: награда

  • Највисокото државно признание „11 Октомври“ за Лазаров, Арсовски, Михајловски и Ставридис

    Највисокото државно признание „11 Октомври“ за Лазаров, Арсовски, Михајловски и Ставридис

    Ристо Лазаров, Петар Арсовски, Драги Михајловски и Александар Ставридис се годинашни добитници на највисокото државно признание за животно дело, наградата „11 Октомври“.

    Награда 11 Октомври, за животно дело во областа на културата и уметноста оваа година, како што објави Службен весник, оваа година оди во рацете на Ристо Лазаров, писател и новинар, со преку 80 напишани и преведени книги, кај Драги Михајловски, преведувач и писател и актерот Петар Арсовски. За животно дело од областа на здравството, наградата ја доби Александар Ставридис, хирург уролог.

    Д.Ч.

  • Пријателите на Балкон3 знаат да фотографираат

    Дваесет и две фотографии, стотици „лајкови“, илајдници прегледувања. Ова е резултатот од фото натпреварот кој го организираше веб порталот Балкон3. Темата беше „Вашата најдобра фотографија“, а добивме прекрасни слики „уловени“ во Македонија, Грција и Турција, но и други земји. Победник на натпреварот и добитник на наградата фото-апарат модел Т350 од марката FujiFilm е Ајданур Незир со фотографијата „Sunshine & Nature“. Балкон3 ќе продолжи да ги инспирира и поддржува љубителите на фотографијата. Затоа не ги штедете Вашите фото апарати и мобилни телефони. Фотографирајте и можеби ќе создадете мало уметничко дело. А во меѓувреме, уживајте во галеријата од фото натпреварот на Балкон3.

    sunshine & nature - Aydanur Nezir
    Sunshine & nature – Ајданур Незир
    Beautiful Beach - Aleksandar K. Spasovski
    Beautiful Beach – Александар К. Спасовски
    Bogdanci - Ivana Paunkova
    Богданци – Ивана Паункова
    I walk alone - Драган Ласков
    I walk alone – Драган Ласков
    Дуќан во Фискардо - Нидија Чилиманова
    Дуќан во Фискардо – Нидија Чилиманова
    Happines - Ердем Амет
    Happines – Ердем Амет
    Hello october - γιωργος-λευτερης χαμαλιδης
    Hello october – γιωργος-λευτερης χαμαλιδης
    Христина - Александра Шапова
    Христина – Александра Шапова
    Воз - Стела Динова
    Воз – Стела Динова
    Истанбул - Кристина Ангелеска
    Истанбул – Кристина Ангелеска
    Изворите на Дрим - Звонко Нанчовски
    Изворите на Дрим – Звонко Нанчовски
    Korcha winter - Десион Мека
    Korcha winter – Десион Мека
    Love by the river Thames - Александар Манасиев
    Love by the river Thames – Александар Манасиев
    Македонска куќа - Александар Левески
    Македонска куќа – Александар Левески
    Македонски манастир - Виолета Спасовска Каратош
    Македонски манастир – Виолета Спасовска Каратош
    Мост во Париз - Софија Семенпеева
    Мост во Париз – Софија Семенпеева
    Mountain lake - Борис Јанев
    Mountain lake – Борис Јанев
    Shkodra harmony - Фиорабела Дума
    Shkodra harmony – Фиорабела Дума
    Скопска Чаршија - Чунејт Рушид
    Скопска Чаршија – Чунејт Рушид
    Убавица од Јуручко село - Хусамедин Гина
    Убавица од Јуручко село – Хусамедин Гина
    Венеција - Цеца Србова
    Венеција – Цеца Србова
    Венеција - Мери Чекеровска
    Венеција – Мери Чекеровска

     

     

     

  • Освојте прекрасен фото-апарат на Балкон3 фото натпреварот!

    Имате љубов кон фотографијата? Дали сте професионален фотограф или можеби само повремено фотографирате со Вашиот телефон? Ова се Вашите пет минути. Балкон3 организира фото натпревар отворен за сите корисници на Фејсбук. Се` што треба да направите за да се пријавите е да кликнете „ми се допаѓа“ на нашата Фејсбук страница, доколку веќе го немате направено тоа и да ја прикачите Вашата фотографија. Темата на натпреварот ќе биде: „Вашата најдобра фотографија“. Можете да фотографирате што ќе Ви падне на памет: природа, храна, историски и културни споменици, луѓе, балкони…

    photo contest balkon3

    Натпреварот ќе започне на 26-ти септември и ќе заврши на 18-ти октомври. Победник ќе биде корисникот кој ќе има највеќе гласови. Поканете ги вашите пријатели да гласаат за Вас и да Ви помогнат да ја освоите прекрасната награда и автоматски зголемете си ги шансите за победа. Главната награда е фото-апарат модел Т350 од марката FujiFilm. Спецификациите на фото-апаратот се како што следат:
    – 14 Мегапикесели резолуција;
    – 10 пати оптички зум (28-280мм);
    – 3.0 инчен LCD;
    – стабилизатор на слика;
    – можност за снимање HD видео;
    – Литиум-јонска батерија;
    – Макро 2см.

    Тука можете да ја постирате Вашата фотографија. На сите натпреварувачи им посакуваме многу среќа за претстојниот натпревар. Натпреварот може да почне!

  • Малиот Селдо од Македонија, голем шампион на мразот во Италија

    Дузина деца се насобрале околу дебелиот мраз кој се зафатил на патека во селото Требиште во општината Маврово-Ростуше на границата меѓу Македонија и Албанија. Во селото е весело. Децата се лизгаат на мразот користејќи ги само своите обувки како лизгалки. Се смеат на сет глас кога некој невешто ќе се лизне и ќе падне на мразот. Меѓу нив има почетници, но има и самонаречени експерти за лизгање по замрзнати патеки. Дел од нив сонуваат како би било кога би биле професионални лизгачи, да имаат лизгалки на нозете и да скокаат по мразот.

    Далеку од ова село кое се наоѓа на Балканскиот Полуостров, од другата страна на Јадранското Море, на Апенинскиот Полуостров живее малиот Селдин. Тој има осум години. Она што го поврзува со малото село Требиште во Македонија се неговите родители Алисан и Сумеја Салиу. Тие се по потекло од ова село, а Селдин кога имал само шест месеци заедно со нив се преселиле во италијанското гратче Фелтре, на северот од Италија каде пред три години се родил и неговиот брат Лиман.

       

    За разлика од своите врсници во селото Требиште, кои се лизгаат по мразот само за забава, младиот Селдин Салиу лизга како вистински професионалец. Неговото лизгање е повеќе од забава, тоа е уметност. Селдин, или како што го викаат другарите Селдо, досега освоил неколку награди во натпреварувањата во уметничко лизгање во Италија. Тој можеби е единственото дете со потекло од Македонија кое професионално се натпреварува во уметничко лизгање.

    Неговите родители се горди што тој е виртуоз на лизгалиштата во Италија. Се сеќаваат на неговите скромни почетоци.

    -Започна кога имаше пет и пол годинки со учество на еден мал курс организиран од страна на градинката и актуелната спортска екипа во уметничко лизгање. Веднаш го засака овој спорт и од тогаш не престана да лизга-вели неговиот татко Алисан. Објаснува дека уметничкото лизгање е спорт кој е најмногу застапен во северна Италија, но на шега вели дека повеќе го сакаат девојчињата отколку момчињата. Селдин е еден од ретките.Малиот Селдо за Балкон3 ги откри своите амбиции и соништа. .

    -Мојот сон е еден ден да станам светски шампион. Секој ден нестрпливо чекам да си дојдам од училиште и да одам на тренинг каде што секојдневно учам некој нов скок-вели осумгодишното момче.

    Во Македонија, освен блиските роднини и пријателите, безмалку никој не знае дека Селдо е вистински шампион. Неколкупати се качил на шампионскиот пиедестал освојувајќи прво место на натпреварувањата, но најграда му е една неодамнешна победа.

    -Посебно драг ми е последниот натпревар во местото Клаут во близина на Венеција. . Успеав да го надминам мојот ривал кој го чуваше првото место подолго време и наместо него јас се качив на највисокиот подиум-вели Селдо.

      

    Непознат за македонските меидуми, тој во Италија досега неколкупати се нашол на страниците во локалните весници.

    Дека е вистински талент потврдува и Илариа Давере, некогашен национален шампион на Италија, а сега актуелен тренер во уметничко лизгање. „Селдин е  дете со голем интерес за овој спорт. Секојдневно вложува голем труд, а тоа го потврдуваат и неговите добри резултати. Се надевам дека ќе продолжи со овој ритам, упорност и посветеност со цел да влезе во националната екипа на Италија и да се напреварува на највисоки нивоа во целиот свет“, со гордост ни вели шампионката.Со поените кои ги постигнал сезонава се квалификува за Купот на Италија, закажан за крајот на март годинава, а каде се натпреваруваат оние со најдобри резултати. И додека другите му предвидуваат светла иднина Селдин секојдневно докажува дека е вистински шампион на мразот и дека лизгалиштето е негов втор дом. Со неговите лизгалки тој на мразот веќе ги исцртува своите соништа.

    (А.М.)