Tag: Шар Планина

  • Планинарска авантура низ чудесната Шара

    Планинарска авантура низ чудесната Шара

    Пешачење низ остатоци од зимски снег додека ја чувствувате врелината на летното сонце. Измешани звуци од музиката на кавалот и плисокот на планинскиот водопад. И сето тоа зачинето со вкусот на киселото млеко подготвено во шарпланинските бачила. Балкон 3 ве води на планинарскиот поход кон месноста Лешница на Шар Планина, на кој годинава учествуваа околу 400 планинари од Македонија и од странство.

    Зоран Димовски

  • Во потрага по Гостиварската чешма

    Во потрага по Гостиварската чешма

    Во Гостивар има една чешма,

    Ох, една чешма, душа од чешма

    Гостиварски девојки, сите до една, одбрани девојки

    И душата ми гори, и плачам…

    Овие стихови се од една стара румелиска песна. Авторот е непознат. Се работи за љубовна приказна. Чешмата не е обична. Покрај слатката и вкусна вода која тече од неа, околу неа се шири мирисот на љубовта. Затоа песната тешко може да се заборави. Се пее со децении, особено на балканските простори. Прекрасната песна е незаменлив дел од денешните свадби, кај луѓето побудува многу различни емоции. Особено ако невестата е од Гостивар, значењето на песната е многу, многу поголемо и посилно.

    Gostivar_cover

    Балкон3 во потрага по чешмата го посети Гостивар. По дождливиот неделен ден, со часови шетавме по тесните гостиварски улички, со надеж дека ќе ја пронајдеме чешмата и убавите девојќи покрај неа, кои се споменуваат во горните стихови. Но, за жал и покрај вложениот труд, „Душата од чешмичка“ не успеавме да ја најдеме. Сепак, читателите на Балкон3 нема да бидат лишени од прекрасни фотографии од градот распослан во подножјето на Шар Планина, чие име значи „град со многу гости, гостопримлив град“.

    [portfolio_slideshow id=9143]

    Текст и фото: Хусамедин Гина

  • Убавините на Превала

    Февруари пристигна во Превала без ниту една снегулка. Жителите на овој туристички центар, особено постарите, не паметат дека вакво нешто се случило претходно. Среде зима на ова туристичко место кое се наоѓа на 1500 метри надморска височина, да нема снег.

    prevala01

    Но, Превала воодушевува со својата убавина какава што знае да подари само Господ. Иако оваа ретка убавина е јалова без посетители и гости. Ние бевме во Превала и бевме сведоци на тоа дека посетителите што оваа година планирале овде да останат подолго, поради тоа што нема снег, заминуваат по само еден или два дена престој.

    prevala02

    Превала се простира на Шар Планина од Косовска страна, на само 28 километри од Призрен, а од Скопје е оддалечена околу 80 километри. Освен Косовци, чести посетители на овој туристички центар се и скопјани. Тие велат дека им се допаѓа чистиот воздух  и низ шега велат дека тука секогаш доаѓаат да ги наполнат батериите или да соберат кондиција за да продолжат со работата што ги чека.

    prevala03

    Меѓутоа, годинава Превала е претворена во осамено место, без посетители. Само од време на време ќе наидевме на некој пензионер кој се шета на чист воздух.

    prevala04 prevala05

    Но, како изгледаше Превала пред една година кога дебелината на снегот изнесуваше речиси еден метар. Тешко се наоѓаше слободно место за престој, бидејќи сите викендички кои се издаваа беа зафатени. Превала ечеше од џагорот на децата кои си играа со снежни топки, се санкаа и скијаа…

    prevala06

    prevala07 prevala08

    Во продолжение, за гурманите ја претставуваме оваа погача, бистрата вода на Шара и овој освежителен пијалак кој се наоѓа само во Превала. Ние застануваме тука и не откриваме ништо повеќе. Редот Ви останува вам, да дојдете и да го посетите овој туристички центар.

    prevala09 prevala10

    prevala11

    Ова е вистинската Превала, Превала што ја знаеме сите ние…

    Бедри Реџалари     

  • Шарски води – Златото на Македонија

    Шарски води – Златото на Македонија

    Адреналин, природни убавини, вкусно гравче. На 30-ти јуни 2013 година, на падините на Шар Планина, по седми пат се одржа маратонот во планински велосипедизам „Шарски води 2013“. Станува збор за исклучителен планински предел, богат со многу извори, мали рекички и водотеци, но и ретки природни убавини, идеални за рекреативен планински велосипедизам или планинарење. И покрај најавените влошени временски услови за време на одржувањето на трката, повеќе од 250 вљубеници во планинскиот велосипедизам и природата се појавија на стартот на ски-центарот Попова Шапка.

    Речиси сите учесници ги поминаа предвидените 95 километри и стигнаа на целта во селото Вруток, каде што се наоѓаат изворите на Вардар. Таму, во непосредна близина на изворот Вруток, им беа врачени медалите на победниците, а трката симболично заврши со традиционалното гравче. Трката е веќе традиционална, а желбата на организаторите е догодина на Шар Планина да возат велосипедисти од целиот регион.

    Автор: Балкон3