Премиера на Скопје ремикс

Македонската публика на 30 март премиерно ќе може да го види долгонајавуваниот музичко-филмски омнибус Скопје Ремикс. Проектот составен од девет кратки филмови на кој работеa дел од најавангардните млади режисери, меѓу кои Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Ѓорче Ставрески, Срѓан Јаниќијевиќ,…

Премиера на Скопје ремикс

Македонската публика на 30 март премиерно ќе може да го види долгонајавуваниот музичко-филмски омнибус Скопје Ремикс. Проектот составен од девет кратки филмови на кој работеa дел од најавангардните млади режисери, меѓу кои Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Ѓорче Ставрески, Срѓан Јаниќијевиќ, Огнен Димитровски , Саша Станишиќ,Вардан Тозија, Синиша Ефтимов и Бојан Трифуновски .

Според авторите, главна движечка сила на овој филм е неуништливиот дух на Скопје. Иако Скопје нема свои суперхерои какви што имаат Готам Сити -Бетмен и Метрополис -Супермен, сите негови граѓани се своевидни суперхерои. Наспроти сите економски и други ограничувања со кои се соочени послениве 15 години, тие секогаш успеваат да изнајдат начин да се забавуваат, да се вљубуваат, да искусат малку радост и среќа и да ја изиграат тмурната реалност што постојано им ја наметнуваат светските збиднувања.

Од денес на страница на ПМГ рекордингс  за бесплатно симнување е достапен и официјалниот саундтрак работен од поголем број на бендови и музичари.