Капан ан

Пред пет века преноќиште и гостилница за трговските патници, денес пивница и ноќен клуб во кој се случуваат најдобрите журки со електронска музика во градот. Капан ан е една од најмаркантните градби во Старата скопска чаршија. Станува збор за затворен…

Капан ан
icon-car.png
Капан ан

loading map – please wait…

Капан ан 41.999986, 21.436724 Капан ан

Пред пет века преноќиште и гостилница за трговските патници, денес пивница и ноќен клуб во кој се случуваат најдобрите журки со електронска музика во градот. Капан ан е една од најмаркантните градби во Старата скопска чаршија. Станува збор за затворен градски ан, изграден во втората половина на XV век. Низ вековите неколкупати бил разурнуван, а денешниот изглед го добил во 1974 година. Од тогаш функционира како угостителски објект, но во него има и дуќани и канцеларии.

kapan an_balkon3 mapi

Во последнте години прерасна во место на кое се одржуваат техно, хаус, транс забави и последно свратилиште, доцна во ноќта, на оние кои вечерта ја минале некаде во чаршијата. На едниот од излезите на Капан ан се наоѓа „Турист“, една од најпосетуваните ќебапчилници во Скопје.