Tag: #ДалиЛичимеНаЕУ?

  • Дали ви треба обука за изработка на видео содржини за следење на човековите права?

    Дали ви треба обука за изработка на видео содржини за следење на човековите права?

    ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ ОД ОБУКА за користење на видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права
    Во рамки на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), Балкон3 (НВО Конфиденс) спроведува проценка на потребите на граѓанскиот сектор и медиуми од обуки за користење на видео содржини како алатка за мониторинг и документирање на човекови права.

    Во 2021 година, проектниот тим ќе изготви обуки како дел од проектот. Со потполнување на прашалникот, вие ќе имате можност, доколку сте заинтересирани да учествувате во некоја од обуките за кои дополнително ќе ве контактираме.

    Ве покануваме да го потполните прашалникот на следниот линк:

    ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ ОД ОБУКА за користење на видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права

    Цел на прашалникот е да укаже на потребите од обуки во областа користење на видео содржини како начин за мониторирање и документирање на човекови права на локално и национално ниво. Анализа на податоците ќе даде информации за тоа какво ни е искуството со креирање на видео содржини на локално ниво на теми поврзани со човекови права и колку капацитет имаме да идентификуваме проблем со човекови права, како и во кои области најмногу ни е потребна обука.

    За прашалникот ви се потребни 10 минути.

     


     

  • Повик за понуди бр. 03 – ТС/2019/413876 – 018 за избор на компанија за принтање

    Повик за понуди бр. 03 – ТС/2019/413876 – 018 за избор на компанија за принтање

     

    Здружението за промоција и унапредување на културните вредности, КОНФИДЕНС Скопје, за потребите на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија во рамки на програмата EuropeAID/163963/DD/ACT/MK и Договорот за грант потпишан меѓу НВО Конфиденс и ЕУ бр. NEAR-TS/2019/413 – 876 ве поканува да доставите понуда за принтање на извештај за човекови права изготвен во рамки на проектна активност.

    Инструкции за добавувачи со вклучена техничка спецификација за доставување на понудите може да се најдат на следниот линк: 
     
     
    Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведениот повик. Понудата треба да ги содржи следните елементи:
    –        Копија од Тековна состојба на понудувачот
    –        Прилог 1. Финансиска понуда за потребната техничка спецификација
    –        Прилог 2. Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач.
     
    Понудите се поднесуваат на следните две емаил адреси doweresembleeu@gmail.com и ngo.konfidens@gmail.com , со назнака „За повик бр. 03 – ТС/2019/413876 – 018“.  Краен рок за доставување на понудите е петок, 04.11.2020, 12:00h.

    Изборот на добавувачите ќе се изврши по пат на евалуација на финансиската понуда на база на принципот „најниска понудена цена на понудата која технички ги исполнува сите услови“.

  • Стартуваше проектот „Дали личиме на ЕУ?“

    Стартуваше проектот „Дали личиме на ЕУ?“

     

    Стартуваше проектот „Дали личиме на ЕУ?“ – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“

    Во последните децении Северна Македонија вложи сериозни напори да ги исполни критериумите за влез во Европската унија, а во оценките на Брисел овие заложби главно беа поздравувани, честопати со охрабрување повеќе да се работи на развој на демократските принципи и повисоки стандарди за почитување на  човековите права и слободи. Различни извештаи за набљудување на евроинтеграциските процеси покажаа дека е постигнат напредок, но, во најгоем дел во донесување на закони и хармонизација на македонското со европското законодавство, додека најслабата точка е имплементацијата на донесените закони. Односно заложбите од хартија да преминат во реалност. Да се почувствуваат, да станат видливи и корисни за граѓаните.

    Од овие причини, нашиот тим во рамки на НВО Конфиденс започна со спроведување на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“. Преку снимање на кратки документарни филмови да дадеме слика дали и колку Република Северна Македонија личи на земјите членки на Европската унија и што е она што земјата не го прави како што треба, а е потребно за  донесените закони да профункционираат и во реалноста.  Заклучивме дека тоа е едноставно. Ќе ги посетиме земјите кои се пример во регулација и спроведување на одредени оласти во човековите права и слободи и секоја област ќе ја споредиме со домашните прилики. На тој начин најдиректно ќе видиме која е алката што недостасува за да личиме на земја од ЕУ. Дали е недореченоста на законите, дали е немањето политичка волја или едноставно не се работи доволно за да имаме европска реалност на терен.

    Покрај детектирање на причините, проектот има за цел да ги открие и идните чекори што треба да се преземат за да се доближиме до ЕУ во однос на заштитата на човековите права и почитувањето и надградувањето на веќе донесените закони. Да се види каде треба да се подобрат ресорните министерства, државните институции, локалните самоуправи, јавните претпријатија, граѓанските организации и другите засегнати страни врз основа на барањата за членство во ЕУ.

    Како клучен дел од општите цели на проектот „Дали личиме на ЕУ?” е да влијае на подигање на свеста на јавноста за постојните пречки за мониторинг и заштита на човековите права, како и да даде визија, начин на кој ќе се подобрат реално состојбите, преку истражување и изработка на кратки документарни и анимирани филмови.

    Специфична цел на проектот е да развие механизми за следење на човековите права и подобрување на заштитата при спроведувањето на основните права и слободи и да открие што треба да направат надлежните институциите за да работат врз основа на принципите на ЕУ.

    Проектот ќе послужи како дополнителен механизам за набљудување, но и како корисно упатство за подобрување на практиките за унапредување на човековите права во земјата. Илустрирано, доколку снимените документарци откријат недостиг на знаење, професионален став, корупција, практики за дискриминација во образованието, здравството, судството или малцинските прашања, итн, тогаш ќе бидат направени одредени чекори за да се направат измени во овој поглед, со помош на јавноста, претставниците на граѓанското општество, меѓународните претставници и претставниците на ЕУ во земјата.

    Како конечен резултат, целните групи/пошироката јавност ќе се здобијат со прецизен увид и знаење за комплексни прашања презентирани на лесен и разбирлив начин, а овој вид на поддршка, директно или индиректно, ќе придонесе за нивен посилен ангажман во остварување на основните права и потенцијално развивање и воспоставување активни практики за влијание на граѓаните во донесувањето на политиките.

    Покрај тоа, проектот, преку еден свој сегмент, ќе обезбеди градење на капацитети на локално ниво преку локални организации кои ќе бидат обучени за истражување и развој на видео материјали кои во фокусот ги имаат човековите права и ќе се однесуваат на локални теми. Десет локални организации ќе добијат мали грантови за правење кампањи, спроведување активности или изработка на видео материјали за проблемите и решенијата поврзани со одредени области на почитување на човековите права на локално ниво.

    Проектот ќе трае 24 месеци и е финансиран од Европската комисија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

    Имплементацијата започна на 01.02.2020 година.