Дали некогаш сте посакувале да го посетите Партенон но никогаш не сте имале прилика да го остварите тоа патување? Нешто многу слично на посакуваното – виртуелна тура од 360˚ над и околу светиот камен е веќе достапна за сите!
Рускиот тим AirPano.ru дизајнираше апликација која овозможува спектакуларна тура во висока резолуција околу овој атински споменик. Искуството на корисниците е доста реално и драматично додека лебдат над храмовите и ја подесуваат насоката и перспективата од која сакаат да разгледуваат, а во исто време се информираат за сè што гледаат. Апликацијата вклучува и информативен напис за историјата на знаменитостите и за вложениот труд на самото место за остварување на овој проект.
Атинскиот Акропол не е оддалечен од градот туку се наоѓа во самиот центар на Атина, а тоа овозможува корисниците на апликацијата да ги истражат и разгледаат знаменитостите и улиците околу стариот град и да откријат што уште може да се види – спој на древното и современото, нешто што ја карактеризира денешна Атина. Она што е забележително на сите слики е јасното и светло атинско небо кое секогаш е инспирација за фотографите.
Поглед од птичја перспектива на градот и планините кои го опкружуваат спуштајќи се до морето и пристаништето Пиреја е глетка која и локалните жители не можат да ја доживеат секој ден – освен ако не се птици, нели?!
Инвентивниот руски тим има изработено голем број вакви проекти за прекрасни природни знаменитости и споменици направени од човечка рака вклучувајќи ги Масаи Мара во Кенија, Мон Сен Мишел во Франција, Монт Еверест во Непал, Таџ Махал во Индија и Големиот Кањон во Америка.
Апликацијата за Атина може да ја најдете на следниот линк:
Под претпоставка дека сте премногу зафатени и имате само 24 часа за посета на раздвижениот, енергичен и разновиден метрополис Атина, кои места би ги посетиле за да го видите најдоброто од него? За совет не можете да најдете подобар човек од еден искусен урбанист и туристички консултант.
Додека работеше на проектот за заживување на центарот на Атина, Стефано Алесио, Американец по потекло, го создаде Градскиот Водич низ Атина (ACGS-Athens City Guide Service), сервис кој организира тури низ градот прилагодени на потребите на клиентите и им помага на туристите да ги истражат повеќе или помалку познатите богатства на градот, а во исто време да се запознаат со грчката култура на забавен и инклузивен начин.
Откако ги разгледавме местата кои беа предложени, специјално за читателите на Балкон 3, мора да признаеме дека и самите жители на Атина не ги забележуваат овие забавни и интересни места кои се дел од нивниот секојдневен живот. Па, еве ја листата предлози на места поврзани со духот на Атина, специфични за овој град. Избор на места подалеку од вообичаените туристички тури, не многу скапи и лесно достапни со метро.
Многу блиску до срцето на градот, плоштадот Синтагма, се наоѓа едно популарно место за одмор и освежување (наградено од интернет страницата Trip Advisor). „Авокадо“ е вегетаријански/вегански еко-ресторан кој нуди креативни органски јадења со производи набавени по принципите на фер трговија.
Пробајте ги нивните свежо цедени сокови збогатени со грчка спирулина за додатна енергија! На горниот кат се наоѓа Зен собата која често станува место за средби помеѓу посетителите на Атина. (метро станица: Syntagma)
На границата помеѓу старата населба Плака и античката Агора (археолошко наоѓалиште) се наоѓа Врисаки, место кое је претставува отворената културна заедница на градот и кое е раководено од Athens Fringe Network, интернет платформа за поврзување на уметници.
Пред да се искачите до малата но, пријатна тераса на Врисаки може да разгледате една од типичните стари атински куќи (одделни мали домови изградени околу заеднички внатрешен двор). (метро станица: Monastiraki)
Мапа на Атинското метро
Атинците го сакаат италијанскиот сладолед особено кога е приготвен со свежо млеко и квалитетно овошје. Слаткарницата Ice Scream е забавно и вкусно место за одмор. Се наоѓа во Атинскиот пазар за стари работи на познатата улица Pandrossou и нуди 130 различни оригинални вкусови сладолед. (метро станица: Monastiraki)
На плоштадот Монастираки неодамна беше додадено уште едно катче каде може да се восхитувате на Атинската панорама. „360“ нуди поглед кој го одзема здивот и е можност за уште една коктел пауза (цените за комплетна вечера се прилично високи) во тивок и пријатен амбиент. Најдобро е да го посетите на зајдисонце! Не губете време чекајќи го лифтот (пред кого секогаш има гужва) туку следете ги скалите кои водат до градината на врвот. (метро станица: Monastiraki)
Блиската населба Псири, која во минатото беше позната како центар на чевларски и кожарски занаетчии, сè уште нуди сандали со врвен квалитет кои вообичаено ги купуваат и локалните жители и туристите. Од плоштадот Монастираки појдете по улицата Aghias Theklas каде ќе ја најдете Melissinos, необична продавница каде се продаваат рачно изработени кожени сандали покрај спектакуларна изложба на слики со познати муштерии.
Подолу, на улицата Miaouli посетете ја продавницата Karras, каде ќе најдете кожени чанти, торби и модни додатоци со супериорен квалитет, направени да траат доживотно. (метро станица: Monastiraki)
Прошетката по улицита Athinas (која ги поврзува станиците Monastiraki и Omonia) ќе ви ја долови трговската треска која се одвива зад завесите додека ги разгледувате најдобрите примероци од атинската нео-класична архитектура (XIX век). Плоштадот Коциа (Kotzia) вреди да се види поради збиените згради кои се наоѓаат таму, вклучувајќи ги Градското Собрание, седиштето на Националната Банка и палатата Мелас. (метро станици: Monastiraki, Panepistimio за плоштадот Kotzia и Omonia).
Плоштад Kotzia, поглед од улица AthinasГрадското Собрание на улица Athinas
Изненадувачки е тоа што малку туристи знаат дека по улицата Athinas се наоѓа централниот пазар (Varvakios Agora) кој се простира на двете страни од улицата и по страничните улички Evripidou и Sofokleous. Сите свежи и најдобри намирници од локалната, националната и интернационалната кујна можат да се најдат токму тука, и тоа по многу пристапни цени. Зградата Varvakios (центар за месо, риба и морска храна) треба да се посети кога продавниците се отворени, од рано наутро до доцна попладне. Ако слушнете како случајните минувачи се смеат на коментарите на продавачите бидете сигурни дека зборуваат за „кризата“!
Varvakios
Не го заборавајте делот од популарната улица Evripidou каде може да се купат најдобрите грчки зачини и билки (како што се malotira – планински чаj од Крит, смола од мастика од Хиос и сафран од Кожани). Elixirio е типична продавница од овој вид.
Огладневте? Одлична Атинска таверна, исто така наградена од Trip Advisor, се наоѓа на плоштадот Theatrou веднаш под централниот пазар (Varvakios Agora). Таверната Klimataria, отворена во 1927 година, е популарна кај локалните жители кои бараат автентично мезе, стимулирачки „kefi“ (ќеф), па дури и танцување во придружба на звуците на Ребетико (Rembetika)… и се разбира retsina, локално вино од Атика, сервирано на правилен начин: директно од буре.
Поздрав и се гледаме во Атина! Обидете се следниот пат да останете подолго 😉
Грците на шега го нарекуваат “одводот” и навистана според современи стандарди тоа е прилично мал воден премин: околу 6.5 км долг, 16.5 м широк, 8 м длабок, но заштедува некои 700 км кружење околу Пелопонез и неговите незгодни јужни ‘ртови. Каналот овозможува брза врска помеѓу Егејското и Јонското море следствено скратувајќи го патот помеѓу Јадранското море, источниот Медитеран и Црното море.
Ова е причината зад 2000 години старата желба да се направи овој премин… до моментот кога се создадоа идеални услови за тоа – комбинација на индустријализација и вистинските луѓе на власт кои го овозможија остварувањето на проектот во летото 1893.
Суец – Коринт– Панама – Касос!
Работата на каналот била прилично комплицирана за тоа време. Потребни биле 2500 работници кои користеле најнова технологија (вклучувајќи машинерија за создавање експлозии од фабриките на Нобел во Германија и Италија) под надзор на инженери и архитекти од цела Европа.
Работата на каналот била отпочната во првите години на создавањето на Грчката држава од страна на првиот гувернер Јанис Каподистриас, но францускиот инженер кој бил избран за оваа задача побарал огромна сума пари па неговиот план бил одбиен. Отворањето на Суецкиот Канал ја поттикнало владата на Заимис да донесе закон за отворање на грчки канал истата година и започнале со потрага по странски партнер. Тоа повторно се покажало како тешка задача бидејќи три компании, Француска компанија, унгарски инженер и уште една француска фирма банкротирале во текот на изборот. Конечно, придонесот на Андреас Сигрос, бизнисмен и помагач на Грчката држава во нејзините почетоци, овозможи проектот да биде завршен 3 години подоцна. Тоа беа времиња кога се одвиваа првите големи потфати во изградбата на инфраструктура за време на владата на Трикупис чиј железнички систем низ целата тогашна грчка територија во голем дел постои и денес.
Неколку години подоцна илјадници грчки работници (некои од нив веќе искусни) биле ангажирани од Французите во изградбата на Панамскиот Канал. Првиот брод кој поминал низ Панамскиот канал, американскиот брод на пареа SS Ancon, бил управуван од капетанот Никитас Мавракис, преименуван во Џон Константин од страна на американските морепловци. Мавракис потекнува од малиот остров Касос во Додеканезите (острови во југоисточниот дел на Егејското море) кој е родно место на многу капетани и поморски инженери кои долги години работеле на Панамскиот и Суецкиот Канал.
Рани неуспешни обиди
Последни кои се обиделе да пробијат канал биле Венецијанците во XV век. Нивниот неуспех бил последен во низата домашни и странски владетели кои се обидувале да го направат истото.
Идејата да се премине овој теснец кој ги поврзува полуостровот Пелопонез и копното датира од 600 п.н.е. за време на владеењето на еден Коринтски тиран. Идејата постоела но не и потребната технологија. Успешните трговци од древниот гламурозен Коринт не сакале да претрпат загуби поминувајќи по камената патека која била набргу изградена тркалајќи се по дрвени шини со помош на робови и коњи.
За време на владеењето на озлогласениот Римски Император Нерон започнало да се гради според плановите на Јулиј Цезар и Калигула. Интензивната работа на неколку илјади робови конечно била целосно согледана во ерата на современи конструкциски изведби, вклучувајќи 26 пробни бунари со длабочина од 10 метри кои се раштркани во должина од 3300 метри.
Остатоци од каналот на Нерон како што се прикажани на мапа од 1881 год.
Археолошките ископувања во 60-тите донесоа и други откритија од античкиот период, како што е патеката на Диолкос каде сè уште се видливи траги од патеката за бродови. Каналот сега
Иако денес каналот е премногу тесен за големи товарни бродови и воглавно се користи за туристички, секоја година околу 15.000 бродови од најмалку 50 различни држави пловат низ него. Неодамна се започна со работа на проширување и продлабочување на каналот за да можат да проаѓаат траекти кои тргнуваат од пристаништето во Пиреа и одат кон популарни дестинации на островите во Јонското море и Италија. Три моста за возила и возови го поминуваат каналот на теснецот близу древниот град Коринт. Два потопни мостови ја регулираат пловидбата на влез и излез од каналот.
Оддалечен приближно 60 км од Атина теснецот е популарна попатна станица за милиони луѓе секоја година. Посетителите ги набљудуваат спектакуларните стрмни карпи, синилото на водата, неизбежно фотографираат и… уживаат во култното суфлаки од теснецот.
Исто така, од 50-тите години вкусот на (еднакво култната) “Казино” баклава спакувана во алуминиумска фолија е нешто кое мора да го пробате како и сите посетители на ова популарно место за одмор на Пелопонез. И покрај затворањето на ресторанот во “Казино” и продавниците за пециво по должината на автопатот Коринт – Патрас (новиот заобиколен пат од почетокот на 21 век ги пресели рестораните малку подалеку) се вели дека не можете да ги избегнете овие старомодни десерти – легендарните слаткарници сè уште ги испорачуваат своите производи низ целиот регион.
Канал за авантуристи
Поради статусот кој го ужива каналот е место за бројни ризични потфати. Имено, земјотресот кој го потресе регионот во 1981 натера неколкумина мотоциклисти да организираат спектакуларен акробатски крос со цел да соберат средства за луѓето кои ги загубиле своите домови. Вистински скок со мотор беше изведен во 2010 од австралиски мотокрос шампион во слободен стил кој прелета преку теснецот на 95 метри височина со брзина од 125 км на час.
Натпреварувачите во стоечко веслањего поминуваат каналот секоја година како дел од редовната програма на светскиот шампионат. Мирните води на каналот им го олеснуваат патувањето.
Шампионатите во возење скутери на вода ги брануваат водите на Коринт. Последно, но не и најмалку важно, банџи скокање…
На теснецот среќавате еден куп решителни луѓе. Опрема и патики ги очекуваат смелите – а во случај да мислите дека ова искуство би можеле и да го заборавите тука е екипажот да го сними вашиот скок.
Јас, ако ме прашате, би се задржала на активности од типот суфлаки/фотографии/зјапање во вода но… како што кажал Нерон (или старите Римјани) за вкусовите и боите не се расправа! Коринтскиот Канал очекува да го посетите и уживате во неговите убавини!
Фрутопија беше заштитен знак на грчката телевизија во 80-тите. Оваа детска куклена серија која на волшебен начин успева да ги воодушеви гледачите од сите генерации и денес претставува референтна точка – особено затоа што јазикот кој го зборуваа жителите на Фрутопија влезе во редовната школска програма. Со исклучителна досетливост и игра на зборови приказната се развива низ 47 епизоди опишувајќи ги авантурите во земјата каде овошјата и зеленчуците живеат слободно и самостојно, далеку од заканата на пиљарите!
“Кој го киднапира Манолис Пиљарот?”
Приказната започнува во главниот штаб на весникот Треха-Гиреве (Оди Дознај) каде “лукавиот” новинар Пикос Апикос (Точно Навремен) добива задача да ја разоткрие мистеријата околу Манолис о Манавис (Манолис Пиљарот) кој ненадејно исчезнал. Сериозни докази упатуваат кон далечната земја Фрутопија каде мистериозното исчезнување на Манолис ги исплашило и останатите пиљари кои веќе избегале – Среќен им пат! Овошјата и зеленчуците го прогласуваат Манолис за персона нон грата, одлучуваат да живеат без пиљари и луѓе воопшто, и го избираат Емилиос то Мило (Емилиос Јаболкото) за гувернер. Фрутопија е далечна но не и недостапна. Познато е дека на запад граничи со Авгатиганистан (Земјата на Пржените Јајца), а на исток со Пиперу (Земјата на Пиперките). Пикос Апикос пристига во Фрутопија со балон на топол воздух и ја започнува потрагата по најважната вест во својот живот, прави интервју со Емилиос кој е сега VIA (Very Important Apple – Многу Важно Јаболко) во својата земја.
Пикос го интервјуира Емилиос во неговата канцеларија во Собранието на Фрутопија
Потрагата по Манолис Пиљарот продолжува во позадината на секоја епизода, а во исто време се одвиваат возбудливи настани, интриги, неволји и хероизам кои го откриваат исклучителниот карактер на славните жители на Фрутопија. Нараторот користи идиоматски изрази кои се однесуваат на зеленчук (“да биде иззелкан” = задишан). Имињата на ликовите се често базирани на игри на зборови и метафори бидејќи карактеристиките на одреден зеленчук се однесуваат на човечките карактерни одлики (во секојдневниот говор луѓето можат да бидат цврсти како орев, слаби како тиквичка, глупави како глуварче итн.)
Ликовите сепак успеваат да ги победат своите слабости додека храбро ги надминуваат сите пречки во заплетот кој е полн со неочекувани случки и пресврти и секогаш е непредвидлив! Наравоучение: секој човек има доблести кои се откриваат со малку поттик.
“Фрутопија им припаѓа на своите плодови!” – еманципираните плодови користат слогани карактеристични за дневната политика на 80-тите бидејќи сепак децата ја сфаќаат политиката како шега.
Неколку ликови од Фрутопија
Танос то Колокитаки (Тиквичка) станува шампион во бокс и славна личност во Фрутопија.
Танос Тиквичката
Франгискос то Франгосико (Бодликава Круша–[кактусов плод]) е генијален пронаоѓач кој создава машина која ги уништува пиљарите па затоа е првоосомничен во случајот Манолис.
Марулита то Марули (Марула) е убавицата на Фрутопија; за нејзината љубов Врасидас Кромидот би ја дал и својата кошула (лушпа) – иако знаеме дека ги има многу, но Марулита е вљубена во Танос кој ѝ ја возвраќа љубовта.
Марулита То Марули се чувствува помалку“исушено” и оди на лекар – но тој е всушност маскиран пиљар! Дали ќе успее да се спаси? Гледајте во следната епизода!
Од друга страна ја имаме Мата и Домата (Домат). Иако е презреана, Мата е подготвена на секаков подмолни интриги за да ја задобие љубовта на Врасидас, како што е кражбата на убавите дамки од Ананиас то Пепони (Диња).
Додека лукавите пиљари имаат смелост маскирани да се инфилтрираат во Фрутопија, Власис то Влито (Глуварче) се докажува како еден од најумните жители и ја спасува својата земја. Во друг случај, Архелаос то Лахано (Зелка) станува спасител на Фрутопија иако е секогаш задишан. А Пикос е секогаш тука да известува за најновите авантури во потрага по вистината и правдата.
Пикос интервјуира пиљар
Генијалните креатори на Фрутопија
Фрутопија е напишана од Евгениос Тривизас, еден од најпопуларните писатели за деца во Грција. Првичната идеја доаѓа од редовните колумни на Тривизас во првото детско списание То Роди (Калинка) во раните 80-ти. Едно од многуте Писма од Островот на Петардите кои Тривизас им ги испраќаше на своите мали читатели како “дописник од странство” беше интервју/фото репортажа со Емилиос Јаболкото. Емилиос уште тогаш се сметаше себеси за многу важен и се пожали дека списанието е наклонето кон калинките и дека треба да вклучат повеќе теми околу јаболката. Возбудливите “Писма” подоцна беа објавени како одделни илустрирани раскази за деца и преведени на неколку јазици (неодамна и на Турски од издавачката куќа Алтин Китаплар).
Тривизиас на Турски: “Бикот кој свиреше на флејта” одлучува да го научи овој необичаен инструмент затоа што потекнува од Испепонија (Земјата на Шпански Дињи)
“Островот на Петардите” на Тривизиас всушност се наоѓа во Англија каде тој престојувал во тоа време додека истражувал на тема криминологија. Подоцна Тривизиас ја продолжил академската кариера во Атина и сé уште пишува популарна литература за деца.
Авторот и жителите на Фрутопија
Фрутопија набрзо биле издадена и како стрип во соработка со цртачот на стрипови Никос Марулакис со вкупно 50 изданија.
Беше прашање на време кога популарната приказна ќе го најде своето место во програмата на грчката национална телевизија ЕРТ која во тоа време беше државен монопол со само два канали. Оригиналните уметници од куклениот театар на семејството Софијанос, штотуку вратени од Германија, беа повикани да помогнат во реализацијата на овој ТВ проект. Тие ги создадоа многубројните кукли и сценографија на 900 квадратни метри.
Поглед на улица во Фрутопија
Првата епизода беше емитувана во 1985 а снимањето траеше вкупно 3 години. Познати глумци ги позајмија гласовите на куклените ликови и беа снимени преку 30 оригинални песни.
Воведната песна е најпопуларна:
“Постои една далечна земја
Земја од бајките
Каде живеат само овошје и зеленчук
Без луѓе, само тие!
Таа е една и единствена – земја од соништата, Фрутопија
Таа е една и единствена– како неа нема друга!”
Фрутопија всушност не беше довршена приказна: мистеријата остана неоткриена и им беше оставено на децата сами да си ја замислуваат можната разврска. Постоеше мала надеж дека ќе се снимаат и други епизоди но сè помалку средства се издвојуваа за детските програми и во јавниот сервис и во приватните телевизии кои се појавија во 90-тите.
Додека ја пишував оваа статија ЕРТ беше затворена. Очигледно е дека условите за сопствена продукција на врвна програма за деца се работа на минатото. Сепак останува вербата дека детската фантазија секогаш ќе има можност да биде поттикната од хумор, забавна мистерија и парадокс во какви и да било услови.
Пред многу години, при посета на едно предградие на Скопје, бабата на една моја пријателка ми понуди лимонада со одличен вкус.Имаше прекрасен благо/горчлив вкус, поради кората од лимон и портокал која ги ставила во подготовката на пијалокот, но јас мислам дека тајната на нејзиниот пијалок е овошјето кое беше свежо набрано од нејзиниот овоштарник. Откако го сподели својот рецепт со мене таа појасни дека: најважно е овошјето да не биде загадено со пестициди! Па така, ако не сте доволно среќни да имате свој овоштарник ќе мора да се задоволите со органското овошје од локалниот пазар.
Од тогаш јас многу експериментирав со овој рецепт. Додавав цимет, ѓумбир, исто така додавав и горчлив портокал, цитрус, лимета итн. Еднаш дури и додадов сируп од вишна заради преубавата боја. Но сепак дојдов до заклучок дека нема ништо подобро од обичниот и скромен лимон.
Самиот лимон го дава најубавиот и најчистиот вкус, сепак тој е причината зошто домашната лимонада е најпопуларниот пијалок во летните жештини. Единствениот додаток кој го препорачувам е малку нане, но и тоа зависи од вашиот вкус.
Тоа е тоа, Атинската верзија на освежувачкиот пијалок од Скопје.
Состојки:
6 лимони(средна големина)
750гр шеќер
Вода
6-8 свежи ливчиња нане(по избор)
Подготовка
Измијте 4 лимони, исушете ги со крпа и ставете ги во фрижидер на 10 минути. Потоа исечете ги на парчиња и извадете ги семките(оставете ја лушпата). Ставете ги во блендер додека не се направи пулпа, исцедете го сокот од двата останати лимони и ставете ја пулпата на страна.
Ставете го шеќерот во голем сад и додадете вода само колку да се покрие шеќерот, сега е добар момент да се додадат ливчињата нане (доколку ги користите). Смесата ја вриеме 5 минути, ја тргаме од огин и ги вадиме ливчињата нане и се додава пулпата и сокот од лимон. Сега би било убаво да проверите колку е блага смесата и по вкус да додадете шеќер (доколку е потребно).
Ставете 2 литри вода во садот, покријте го со капаче и оставете го да стои 4 часа, Исцедете го со цедилка во стаклени шишиња, затворете ги шишињата и ставете го сокот во фрижидер.
Островот Тинос, трет по големина во архипелагот Киклади, нуди по нешто за секого: млади кои уживаат во журки на плажа, романтични двојки, вљубеници во традицијата, медитерански гурмани, верници на аџилак, спортисти, љубители на природата, уметноста и семејства со деца!
Тинос се наоѓа во северните Киклади, близу до Сирос, Андрос и Миконос. Од двете пристаништа во Атина, Пиреа и Рафина, секојдневно заминуваат траекти и бродови кон Тинос а патувањето трае од 2 до 5 часа.
Постои мрежа на локални автобуси кои ги поврзуваат поголемите населени места на Тинос, но потребна ви е мапа за полесно да ги најдете (со автомобил, мотор, такси или со стопирање) многубројните културни знаменитости и плажи.
Тинос има околу 8500 жители, а половина од нив живеат во Хора (што значи главен град). Таму се наоѓаат и главната пошта, крајбрежната стража, банките, агенциите за изнајмување на автомобили и скутери, такси компаниите и супермаркетите. Покрај пристаништето и низ тесните улички на градот се наоѓаат многубројни пекарници кои нудат вкусни бели пецива, а Кикладите се познати по своите колачиња со бадеми и арома на портокал (amygdalota).
Хора е модерен град. Во минатото градовите на Егејот се граделе во внатрешноста на островите поради стравот од пирати. Денес Хора е познат во Грција како град кој го посетуваат православни верници во текот на целата година на поклоничко патување до големото светилиште на Пресвета Богородица. Црквата Евангелистриа (Благовештение), од раниот 19ти век, е изградена за да во неа биде поставена чудотворната икона на Пресвета Богородица пронајдена на островот. Огромен број верници доаѓаат на празникот Успение на 15ти август кој е исто така државен празник во Грција.
Долго време во антиката Тинос бил единственото место каде се негувал култот кон Посејдон, богот на морето и заштитник на здравјето во овој регион. Аџиите застанувале на Тинос за да се помолат за здравје пред да продолжат кон светиот остров Делос. Остатоците од храмот на Посејдон се наоѓаат близу Хора а предметите најдени на тој и други локалити на островот може да се видат во Археолошкиот Музеј во Хора.
Тинос е место каде се родени голем број сликари и скулптори од 19тиот и 20тиот век кои сè уште имаат влијание на развојот на уметноста во Грција. Најдобро место на кое можете да уживате во делата на овие мајстори и на други грчки уметници се Уметничкиот Музеј на Тинос и Уметничката Галерија во дворот на црквата Евангелистриа. Исто така, ценетата Фондација за култура на Тинос се наоѓа покрај самиот морски брег. Погледнете ги N. Lytras, N. Gizis, Y. Gaitis, K. Parthenis, M. Renieris, I. Altamouras, Y. Roilos, Y. Halepas, D. Filippotis, Y. Vitalis, L. Sohou, I. Voulgaris чии дела ја красат Националната Галерија на Атина, зградите на главниот град, гробишта и паркови.
Nikolaos Gyzis (1842 – 1901)
Ветерница со поглед
Ветерниците беа неразделен дел од животот на островот до пред четириесетина години. Денес можат да се забележат нивните остатоци а само две ветерници сè уште функционираат.
На главната улица која води нагоре по ридот надвор од Хора се наоѓа најдобриот бар на Кикладите. “Кактус” бар е сместен во реновирана традиционална ветерница на место кое нуди поглед кон целиот остров. Сопствениците на барот, и неговите кактуси, и дале на сушната медитеранска природа малку мексикански изглед. Уживајте во текила коктели и тематски забави во барот со неверојатен поглед кон островите Сирос, Делос и Миконос на морскиот хоризонт.
Географски карактеристики
Тинос има 114 км крајбрежје над кое се издигаат ридови со преку 40 села кои се белеат на падините. Патиштата редовно се одржуваат и сите села се пристапни, дури и оние кои се наоѓаат на карпите издигнати над море и кои нудат спектакуларен поглед.
Селото Истерниа со препознатливиот поглед кон островот Сирос.
Секоја падина е обележана со огради од варовник (xerolithies) кои помагаат во обработката на земјиштето и обезбедуваат еколошки баланс. Оградите се од витално значење за почвата и се резултат на вековна заедничка работа на селаните, а денес се под заштита на грчките и законите на ЕУ.
Тинос е препознатлив по своите голубарници кои се наоѓаат во централниот и источниот дел на островот близу села, фарми и извори на вода. Венецијанците го освоиле Тинос во 1207 г. Вовеле систем на одгледување голуви со што се обезбедувало доволно протеинска храна за растечкото население и доволно ѓубриво за полињата. Денес постојат преку 600 голубарници а неколку од нив се во употреба. Тие датираат од 18тиот и 19тиот век и се заштитени како културно наследство.
Цитадела (Exomvourgo) е највисоката карпа на островот (640м) а нејзината стратешка положба и погледот кон архипелагот Киклади е причина зошто Тинос бил избран за административен центар на Кикладите во текот на петстогодишното владеење на Венеција. Населбите овде датираат од времето на Хомер. Остатоци од замокот можат да се забележат и денес иако тој е уништен за време на отоманската опсада после која следело релативно кратко (70годишно) отоманско владеење. За тоа време Тинос бил нарекуван Истендил.
Густа мрежа на камени патеки е остаток од не така далечното време кога превозот на луѓе и добра се одвивал пеш или со магариња. Патеките денес повторно ги откриваат посветени планинари а се одржуваат со меѓународна волонтерска работа. Планинарењето е добар начин да се стигне до старите цркви и ветерници, и да се истражи локалната флора и фауна.
Пиргос: Уметноста на скулпторите со мермер
Најпознат центар на уметноста на изработка скулптури од мермер во Грција е селото Пиргос кое е само по себе отворено уметничко дело. Од автобуската постојка на влезот (не е дозволено да влезете со автомобил) до фонтаните во уличките кои водат до главниот плоштад во сенка на еден огромен јавор, скулптури од мермер го украсуваат секое делче од селото.
Близу влезот на селото, Музејот на Уметниците од Панормос поседува колекција дела од многу славни уметници кои потекнуваат од островот. Тинос е голем производител на бел и зелен мермер па така уште од антиката бил колевка на уметници и занаетчии чиишто дела можеле да се најдат дури во Александрија, Египет или Истанбул, Турција. Тие значително придонеле за оживувањето на античката уметност во современа Грција. Локалниот мермер се користел за изградба на зградите на Универзитетот и Археолошкиот Музеј во Атина во 19тиот век, како и изградбата на Лувр и Бакингемската Палата.
Не зачудува фактот што најпознатиот скулптор во современа Грција потекнува островот: куќата на Јанулис Халепас (Yiannoulis Halepas 1851 – 1938) со поставка на неколку негови дела е отворена за посетители.
Традицијата денес се одржува во Училиштето за Уметност во Пиргос кое е уникатна образовна институција во Европа каде се изучува уметноста на обликување мермер. Импресивна изложба на скулптури од мермер е изложена во Пиргос Музејот на уметност од мермер кој се наоѓа веднаш до училиштето.
Куќите на Тинос се украсени со мермерни светларници над вратите кои се во облик на фолклорни мотиви на птици, папагали, делфини, киприси итн. Низ овие отвори куќите добиваат ефикасна вентилација, но и заштита од силното сонце и силни ветришта.
Волакс: геолошки феномен од огромна корист
Чудни гранитни камења се расфрлени низ оваа особено сушна област на Тинос и пределот изгледа како површината на месечината. За впечатокот да биде потполн и страшен локалните жители препорачуваат да го посетите ова место на полна месечина.
Шармантното село Волакс е една од најстарите средновековни населби на Тинос. Куќите се изградени врз огромни камења кои се некаде видливи како органски елементи од архитектурата.
Населението расте во пролет кога областа ја преплавуваат учесници на шампионатот во пеинтбол, алпинисти кои се качуваат по карпи и планинари кои ги истражуваат патеките стари неколку векови кои водат до и од селото.
Таверните во Волакс се традиционални и едноставни. Може да пробате деликатеси од месо како што се: loutza (зачинета, сушена шунка), froutalia (омлет со компири и Тинос колбаси) и Volakiotiko katsikaki (локално јарешко месо) кое е многу ценето јадење за свечени прилики. Тинос не е остров на рибари и морнари, туку повеќе на фармери и сточари кои обезбедуваат производи од врвен квалитет на грчкиот пазар.
шунка loutza, спој на Егејот и Венеција
Неверојатни плажи
Тинос е дом на многу убави и разновидни плажи кои ги има за сечиј вкус. Некои се подалечни а повеќето се песочни или со ситни камчиња.
Плажата Ливада е една од најубавите
Туристичките капацитети околу лесно пристапните плажи лоцирани близу поголемите населби воглавно привлекуваат семеен туризам. Песочните плажи Агиос Фокас, Киониа,Агиос Јоанис и Панормос (близу Пиргос) се популарни и кај семејствата и кај младите.
Агиос Јоанис
За интерактивна мапа на најпознатите плажи на островот видете на http://www.tinos.biz/map_beach.htm
Спремни за сурфање!
Што друго може да се прави на северниот брег кога дуваат сезонските северни ветришта (Meltemia) и прават бранови кои ги плашат пливачите? Сурфање! Часови по сурфање може да добиете на поголемата од двете плажи Колимбитра. Овде журките на плажа може да бидат организирани но и спонтани – како и да е, секое лето ги има.
Неодамна, блиското село Склавохорио кое не се наоѓа на брегот, реши да возврати со свои журки.
“Сега сме во 2012 н.е. Сите села во Като Мери се подготвуваат да ги исклучат светлата и да спијат: СИТЕ? НЕ…” Склавохорио дава отпор!
Селото на “Љубовта”
Ова навистина е името на селото (Aghapi што значи љубов) но во денешно време младите го гледаат како добар знак и место да се венчаат, или само да го посетат богот Ерос (Купидон), или Св. Агапитос (Саканиот), мала црква која се наоѓа во лавиринт на блескаво бели улички и совршено се вклопува во романтичната атмосфера на селото
Коми: Страшни самовили и вкусни артичоки
Сушната природа ја заменува зелена долина во областа Като Мери а главното село Коми е центар на земјоделското производство. Но внимавајте ако ја поминувате долината сами, особено на полна месечина, бидејќи локалните самовили (Yeloudes) можат да ви го земат јазикот! Немојте да мислите дека старите верувања исчезнале во современиот материјалистички свет, има и страница на Facebook посветена на самовилите каде луѓето ги раскажуваат своите приказни, некои со страв, некои со љубов… Официјалната страница на Yeloudes:
https://www.facebook.com/groups/26042916952/?fref=ts На централниот плоштад во Коми локалните власти организираат мајски фестивал на жетвата каде се промовирата артичоката од Тинос, која е најскапоцениот зеленчук на островот. Годишно се продаваат околу 10.000 артичоки кои се користат за подготовка на домашни традиционални и современи јадења, вклучувајќи ја и артичоката скиселена во лимон која ја подготвуваат локалната организација на жени. Римокатоличко наследство во Егејот
Една третина од населението се римокатолици. Седиште на Тинос-Наксос бискупијата е селото Ксинара и катедралата во “кикладски барок” стил Cathedral of Our Mary of the Rosary (1860) која е секогаш отворена за посетители.
Најголемото организирано поклоничко патување на сите римокатолици од Грција се случува во језуитскиот Манастир на Светото Срце (1724) кој се наоѓа на подножјето на карпата Exomvourgo. Посетителите се добредојдени во текот на летните месеци и секоја втора недела во јули кога се одржува главната прослава.
Во селото Лутра манастирскиот ред на Св. Урсула основаа секуларно училиште кое се здоби со таква добра репутација што сега привлекува деца од атинската и медитеранската елита. Миграцијата од островот после втората светска војна па наваму беше толку драматична што училиштето се префрли во Атина. Исклучително убавите згради, заедно со језуитската црква Св. Јосиф имаат панорамски поглед над зелената Като Мери долина и морето зад нејзе. Во текот на летото тука се одржуваат културни настани и носталгични изложби на уметности и занаети кои се практикувале во минатото.
Час по уметност на тема “Микеланџело на Тинос” во катедралата Св. Јосиф
Отоманската врска
Иако отоманските траги се навистина едвај постоечки на Кикладите, Тинос е местото од каде потекнува најнеобичната жена во времето на Отоманската Империја. Косем Султан (1589-1651), вистинско име Анастасија, ќерка на свештеник но продадена како роб, станува моќна сопруга на Султанот Ахмед I, мајка на двајца султани (Мурат IV и Ибрахим I) и баба на уште еден! (Мехмет IV) Типичен пример на 130годишната ера на таканаречениот Женски Султанат, таа одиграла централна улога во владеењето со царството и била единствена жена која која родила два владетели.
Локални прослави
Тинос има многу села и две деноминации па затоа и многу прослави. Придружете им се на жителите на Тинос во прославата на локален светец заштитник (Panigyri) каде храната и пијалокот ги обезбедува заедницата. Секоја прослава има свој сезонски специјалитет а постои и посебен фестивал на медот од листови од мајчина душичка кој го организираат пчеларите на 15ти септември во селото Кампос.
Селската слава претставува можност да се слушне оркестар во живо кој свири виолински мелодии типични за егејот и да се танцува до зори. Танците од Кикладите се лесни за учење а и никој нема да се пожали ако не играте совршено па…повелете!
Сиртос танц во селото Калони
Проверете на постерите во Хора дали има некоу настани (не очекувајте точност од шампионатот во табла – тие почнуваат кога почнуваат!). Редовни настани и список на селата и датумите каде се одржуваат летни фестивали:
Јуни: Aghia Triadha, Kardiani, Falatados, Hatzirados (4th), Arnados (5th), Smardakito (13th), Triantaros (29th)
Јули: Arnados, Marlas, Porto (1st), Vaketa, Hora, Tsiknias (20th), Tzados (25th), Ysternia (26th)
Август: Priastro, Karya (6th), Panayia, Brysi (15th), Aghapi (18th), Pyrgos (23rd), Komi (29th)
Септември: Aghios Sostis (6th), Vourniotissa (8th), Ktikados (14th), Hora (15th)
Најдобар начин да се поздравите
Назад во Хора и време е да се вратиме дома. Најдобар начин да се запамети Тинос е да поминете во продавницата на локалната заедница, лоцирана во дворот на црквата Евангелистриа. Освен вкусните артичоки и мед, островот има најдобри сирења, органски вина а доматите сушени на сонце едноставно не смеете да ги пропуштите!
Концерт на Баба Зула! Тоа не е обичен настан, туку холистичко уметничко искуство, еден „аудио-визуелен празник“, како што тие самите велат. Баба Зула се претставници на она што се нарекува „истанбулска психоделија“, комплексен проект кој го изразува богатството, уникатноста и динамиката на овој град. Користат мноштво електронски и акустични инструменти, костими и уметнички форми, како поезија, стомачен танц, театар. Станаа познати во Грција преку музичкиот документарен филм на Фатих Акин за Истанбул („Минувајќи го мостот“, 2005). Се разбира тие имаат соработка со безброј личности од Турција и со меѓународни уметници. Нивниот премин во Грција овој пат ги опфати Солун, а потоа и познатиот „Passport“ клуб во Пиреа – тоа е местото кое го посетивме… Кога пристигнавме беше толку преполно што „немаше каде игла да падне“, како што велат Грците.
Тоа не беше изненадување. Знаејќи дека ќе биде вака, го контактирав Периклис Цукалас пред концертот за кратко интервју за Балкон3, кое тој љубезно го прифати. Периклис, целосно заслужено, е докажан музичар, а неговата сегашна соработка со Баба Зула е типичен пример дека мостовите на креативноста (најчесто во музиката) никогаш не престанаа цврсто да ги спојуваат Турција и Грција.
Периклис Цукалас
Какви беа почетоците на групата? Кои беа ваши извори на инспирација, восхит и влијанија?
– Баба Зулаеформирана од двајца членови на групата „Zen“ која постоела претходно, а тоа се Мурат Ертел и Левент Акман. Како Баба Зула бендот се појави во 1996 година.Инспирацијата доаѓа од која било тема, личност, политичка или верска ситуација, расположение, социјални групи, начин на живeење или нешто што предизвикуваинтерес кај нас и чувствуваме дека имамешто да кажеме на таа тема. Се восхитуваме на вистината, силата на единството, отпорностакон нешто расипано, реализмот,но и соништата, создавањето.
„Pırasa“ – Баба Зула пеат заедно со публиката во Пиреа
Кој е тој нов, посебен елемент кој групата сака да го понуди на музиката?
– Бендот засвоја главна цел нема да понуди нешто ново,ниту пак нешто друго, освен сопствениот звук и збор. Ние имаме пораснато со различни музички, уметнички влијанија од исток и запад, север и југ. Затоа, резултатот е природна состојба која потекнува од филтрирање на сите овие елементи.
Постои ли некоја ваша креација која, поради некоја причина, ја сметате за посебно значајна?
– Мислам дека сета наша работа, освен основната raison d’etre, ги одразува нашите мислења и се занимава со прашања кои подеднакво нè интересираат. Госакаме тоа што го создаваме и се радуваме дека луѓето нè сфаќаат и поддржуваат.
Публиката беше нестрплива очекувајќи психоделичен стомачен танц… “Col aslanları” во живо во Пиреа
Која е вашата приказна како музичар од Грција и како се сретнаа вашите патишта?
– Мојата приказна во музиката е приказната на мојот живот, бидејќи првиот контакт со музика бешекога бев бебе во комбето за турнеи на бендот на татко ми. Значи сè дојде природно и мојот интерес за инструменти дојде многу рано, следуваа патувања, учење, концерти, кои ќе продолжат сè до… не можам да кажам кога. Долги години, околу петнаесет, поминав во Саудиска Арабија помеѓу Арапи, Индијци и други азиски имигранти и музичари. Сè уште живеам помеѓу различни земји и соработници од различни музички и географски координати. На пример, после мојата долгогодишна соработка со Hainides, потоа со Glykeria и сега, освен со мојот бенд Баба Зула, работам со Diamanda Galas и Voivod. Исто така, јассум професор по уд (oud), класична отоманска музика и фолклорни традиции на источниот Медитеран, а студирав и црковна византиската музика и продолжувам со изучувањето на класичната музика на северниот дел на Индија (Хиндустан). Значи, како што знаете, секој музичар од источниот Медитеран го гледа Истанбул како епицентар или една од неговите фундаментални дестинации. Беше само прашање на време кога ќе се најдеме со остатокот од Баба Зулаза да дознаеме дека си одговарамево многу работи.
Екстатична публика за “Zaniye” (во живо во Пиреа)
Кои се вашите планови за концертна турнеја? Каде може да ве видиме во нашето соседство?
– Постојано имаме концерти. По светската турнеја која ја направивме во 2012 година нашите концерти не престана и настапуваме насекадениз светот. По Грција следи Индија и така натаму… За повеќе информации може да ги следитенајавите на www.babazula.com.
Дали музичката култура на Грција е интересна за Баба Зула?
– Грција е особено интересна за нас од многу причини: уметнички, културни, социјални, традиционални, на кој било начин. Имаме повеќе заеднички нешта во сите области, а не само во однос на музичката култура на земјата.
Кажете ни неколку збора за Истанбул, како се поврзувате со градот – уметнички и во секојдневниот живот?
– Истанбул е метропола на источниот Медитеран и моето родно место. Неколку зборови би биле премалку. Знаете, луѓето пишуваат цели студии, книги, песни, човечкисудбини, што можам да кажам… Ќе бидете повеќе заинтересирани за вашето сопствено искуство од градот отколку за моето. Истанбул отсекогаш бил мултикултурен мозаик од секаков вид на луѓе, култури, живот, уметност, студии, бескрајно патување и, како што вели мојот пријател Левент, секој ден кога ќе излезете одвашиот дом не знаете што ќе ви се случи сè додека не се вратите! И сето ова е основна инспирација за нас и за сите уметници во градот.
Ако не ви пречи едно клише прашање, но тоа е интересно за нашиот Балкон. Што вие лично, и Баба Зула како бенд, мислите за односот помеѓу Турците и Грците, за компатибилноста на културите на пример?
– Мислам дека историјата на двата народа, освен фактот дека е многу важна, е исто така и многу интересна. Имаме повеќе заеднички нешта отколку нешта кои нèразделуваат, бидејќи нашите истории еднаш се споија и тргнаа по заеднички пат за векови и поколенија. Тие се сменија и двата народа беа втурнати во нови религии, Турците порано не беа исламисти, а Грците не беа христијани. Постојат многу други поважни елементи на интерес кои успешно се кријат од страна на формалните државнивласти што оди во прилог на неколкумина кои имаат за цел да ги контролираат масите за да се задржи вештачко непријателство помеѓу сојузниците и гласачите, каде што фашизмот и милитаризмот ги собираат остатоците. Масите, како што тие нèнарекуваат, се составени од прекрасни, образовани луѓе, соседи, роднини и пријатели, луѓе со почит кон различноста, создавањето и визијата за иднината, и како што реков, вистината е таа и не може да биде разводнета со митови, сказни, полу–учења, омраза и војска.
„I Scream Ice Cream“ L.P.
Турците и Грците, како и другите соседи себуквално браќа, нивното генеалошко стебло е такво. Но, ние сме само енциклопедиски заинтересирани за „крв“. Потребно е да се интересираме за онаакоја што се создава, бидејќи се создава од љубов, а не за крв која залудно се пролева затоа што се пролева од омраза.
Што се однесува до концертот, мислам дека ги имам истите проблеми како и Периклис – како да се опише чувството или искуството. Музиката е генијална, се слуша но, е исто така неопиплива. Едноставно препуштате да ве води, како и сите други во возбудената публика. Врската со бендот, исто така, се одвиваше по природен ред. Тоа е нешто што треба да се доживее.
Посакувајќи им наскоро пак да наминат во соседството, длабоко им се заблагодаруваме!
Баба Зула – дискографија:
1996 – Tabutta Rövaşata – soundtrack for “Tabutta Rövaşata” (“Somersault in the Coffin”) by Derviş Zaim (Ada Music)
1999 – Üç Oyundan Onyedi Müzik (“17 Pieces from 3 Plays”) (Doublemoon)
2003 – Psychebelly Dance Music (Doublemoon, mixed by Mad Professor)
2005 – Feat. in the movie “Crossing the Bridge: The Sound of Istanbul” by Fatih Akın
2005 – Duble Oryantal (Doublemoon, mixed by Mad Professor)
2006 – Dondurmam Gaymak – soundtrack for Dondurmam Gaymak (“Ice Cream, I Scream”) by Yüksel Aksu (Rh Pozitif)
Стереотипи за Грците кои ме пресретнаа откако ја поминав „оградата“ на соседите Не можете да извлечете потполн заклучок за тоа каква претстава имаат луѓето за вас како припадник на одредена нација од случајни, неформални средби со луѓе од соседните држави, но ако нивните коментари се многу слични можете да забележите одредени заеднички карактеристики. Тие знаат да бидат прилично зачудувачки.
Прв дел: Софија Лорен и највкусното грчко јадење во Скопје
Првиот пат кога ја поминав границата кај Гевгелија, Југославија беше обединета. Пограничните власти ми ја проверија визата (издадена во Атина), ми рекоа дека грчките кошаркари не се така добри како југословенските и заминаа.
Преминување граница значи влез во друга држава и си претпоставував дека ќе ме пречекаат со прашања за билатералната политичка криза која е многу длабока, особено сега кога има нова гранична полиција и процесот на издавање виза се одвива на самата граница (страшно!).
Но, полицаецот го разгледа мојот пасош и праша: “Софија?”. Да. “Софија Лорен?” За жал, не. Се насмевна, без понатамошни прашања ми издаде виза и влегов! Ништо не беше случајно. Истото прашање се повторуваше секогаш кога ја поминував границата.
Кога пристигнав во Скопје сфатив дека политиката не е главна тема на интерес кај луѓето. Најчесто првите коментари им беа за работи кои им се допаѓаат (или им недостасуваат) во Грција. Но, тука се јави првиот проблем. Не можев да разберам за што зборуваат! Еве неколку примери:
а) коментар
Во Грција ние одиме во Паралија (Paralia!!!) и земаме локумадес (loukoumades) на плажа од луѓето што продаваат по плажа.
Паралија (Paralia) на грчки значи плажа, па не ми беше јасно каде вие луѓе сте биле!
Локумадес (loukoumades), традиционални пржени топчиња тесто со мед) се многу популарни во летниот период, но никогаш не сум видела да се продаваат на плажа. Може да се купат само на уличните штандови бидејќи се пржат во врело масло и веднаш се продаваат додека се врели. Што всушност сакале да кажат:
Катерини, град во грчкиот регион Македонија има приморска населба наречена Паралија Катерини (ние атињаните никогаш не сме слушнале за тоа), но луѓево знаат сè, а сакаат да дознаат и повеќе. Повеќето туристи ги посетуваат овие мејнстрим приморски места кои се блиску до границата, како што се полуостровот Халкидики, островот Тасос и градот Лептокарија, кои на атињаните им се еднакво непознати (сепак ќе треба еден ден сите да ги посетам!). Зборот локумадес всушност го користат и за крофни (амерички крофни)… А ви текнува дека цело време имаме проблем со името?! б) коментар
Веро “Vero” каде можат да купат малиџано “Melitzano”
Веро на грчки значи “оригинал, вистински” (неформален грчки), а малиџано звучи како бебешки јазик за модар патлиџан “melitzana”. Си замислував дека има некој грчки ресторан кадешто им се допаднало некое, за мене непознато, јадење со модар патлиџан.
Што всушност сакале да кажат:
Веропулос, еден поприлично незанимлив ланец на супермаркети од Атина продава готова “melitzanosalata” (намаз од печени модри патлиџани) која е многу популарно медитеранско мезе. Потоа ми објаснија за ланецот Веропулос и супермаркетот кој бил отворен во центарот на Скопје во 90-тите и брзо станал многу популарен. в) коментар
“Ne, ne, ne, neeee!” и климаат со глава како да викаат “да” и се смеат.
“Ne” на грчки значи “да” и не разбирам што е толку смешно?
Што всушност сакале да кажат:
“Ne” значи “не”, уште полошо и се изговара потполно исто со грчкото “да”. (Забелешка: на турски истиот збор значи “што?”).
Следствено, имав проблем кога одговарав на телефонски повици.
За да се согласам со нив ми требаше многу концентрација и внимание да останам трезна (после неколку пива човек почнува да одговара на мајчиниот јазик).
Имаат познавање за многу чудни работи па еден Грк навистина мора да знае и да обезбеди информации за:
Евросонг!? Тие знаат сè за новите грчки претставници, а што е најчудно, се сеќаваат и на поранешните (на пример “Solfege Lesson”, 1977)
Гиро!!! Одлично! (грчка верзија на турскиот донер ќебап, со мрсно свинско) Јадење свежи (живи) школки: ова го сметаат за злосторство против човештвото.
Што се однесува до стереотипот за однесувањето на Грците…за жал, ги имаат истите кои ние ги имаме за себе, особено оние што се однесуваат на државните службеници.
Сето тоа го сублимираат во еден прекрасен грчки збор “Avrio” – што значи “Дојди пак, утре!”
Втор дел: Конзументи на морска храна и религија
За разлика од жителите на поранешните југословенски држави кои се навикнати да доаѓаат во Грција на одмор, Турците од неодамна почнаа масовно да нè посетуваат како пакет аранжман туристи. Грците на ист начин ја посетуваат Турција веќе долги години па затоа тие досега имале само еднострано искуство како домаќини.
Се разбира дека ми требаше време да се сетам на овие работи, всушност ми текна откако бев бомбардирана со вакви прашања:
Зошто не одиш да ги видиш илјадниците цркви? Сакаш да го посетиш светилиштето на Дева Марија и Свети Јован? Ова е манастирот…Ова е другиот манастир… Досега не си ја посетила Вселенската Патријаршија? Водата од оваа црквена чешма е света!
Во ред, делумно одиме на разгледување на верски објекти… но ако сакаме да бидеме искрени тогаш ќе кажеме дека просечниот турист во Турција ќе биде главно заинтересиран за: а) шопинг, б) храна и не секогаш по тој редослед.
Досега, тоа спонтано го сфатија продавачите во туристичките места и останатите локални жители и сите веќе го познаваат вообичаеното однесување на грчкиот турист.
Оваа ташна е оригинал фалсификат! Марија! Марија! Кожни јакни! Овде прават одлични килими…овде продаваат одлични килими… Ова место порано било ан, конак, а сега може да најдете фини антиквитети.
Од друга страна пак, Турците никако да разберат дека Грците се луди по турските јадења, по познатите ќебапи, сите видови тестенини и мезе. Турската ракија совршено одговара со нивните мезиња и тоа е тоа! Зошто секогаш мора да се опседнати со нешта кои воопшто не претставуваат проблем, како на пример:
Зошто мислиме дека нашата баклава е подобра од нивната? Зошто мислиме дека нашето узо е подобро од нивната ракија? Недостигот на културна и информациска размена помеѓу овие народи доведува до создавање на слика за Грција која припаѓа на минатото, па може да бидете запрашани за:
Георгиос Даларис (познат изведувач на бузуки, но не толку популарен сега како во минатото). Кршење на чинии додека танцувате (пракса забранета во Грција веќе долги години). Луѓе кои јадат морска храна но избегнуваат месо (традиционален начин на исхрана, напуштен во современото урбано општество).
Освен ова, постојат и потешкотии при изговарањето на грчките имиња. Моето име се изговара исто како на Софија Лорен (заб. Софија) (и примерот е сосема случаен!) но сите ме викаат Софија, како што се изговара главниот град на Бугарија. Претпоставувам од тие причини продавачите се обидуваат да ги привлечат купувачите извикувајќи “Марија!” и “Баџанак!” (збор коj го користат сите за еден вид роднинска врска преку сопругата!). За среќа сè повеќе луѓе добиваат современа претстава за Грција со посета на туристички места. Претпоставував дека ќе бидат заинтересирани за сите остатоци и обележја од Отоманската ера но згрешив:
Манастирите Метеора! Селски слави на празникот на Богородица! Бузуки таверни! Октопод! Супер!
Но има една работа која секогаш успева да ги зачуди што е навистина точна и потврдена. Грците пијат ладно кафе во големи чаши за појадок!
Да заклучиме, иако мислам дека е повеќе од очигледно… Нема подобар начин да откриете дали постојат елементи на вистина во стереотипите за секоја нација од лично да се запознаете со луѓето, а за тоа е потребно само да ја прескокнете оградата! Со Балкон3:)
Канадскиот командир на Интернационалната Вселенска Станица која орбитира околу нашата планета од декември 2012 со брзина од 5 милји во секунда постојано ги споделува своите впечатоци на глобалната мрежа Twitter… и одлучи да посвети еден ден на Грција.Крис Хетфилд, како претставник на Канадската Вселенска Агенција, стана дел од екипажот на вселенскиот брод Сојуз заедно со американски и руски колеги во рамките на еден научно-технолошки проект во текот на кој ќе престојува 5 месеци во вселената. Освен што е првиот канаѓанец кој зачекорил во вселената, тој е и искусен музичар (ритам гитара и вокал) кој преку интернет страницата на Канадската Вселенска Агенција порачува “ Во вселената некој ќе ве слушне како пеете!”
Твитовите на Хетфилд можеби се концентрирани на една или друга земја додека Интернационалната Вселенска Станица поминува над нив, но тој звучи еднакво воодушевен од убавините на нашата планета во секоја земја која ја надлетува. Кога би се погледнале низ неговите очи, би можеле да кажеме нешто позитивно за секој од нас!
Еве дел од твитовите на тема Грција (15ти јануари 2013):
Geia sas Elláda! (Поздрав до сите во Грција!)
Јасно небо над Грција денес, ќе ги споделам фотографиите вечерва. Со ова имаме неофицијален ден на Грција!
Ираклион и видливата палата на Кносос на грчкиот остров Крит.
Уште еден потполн поглед на Ираклион и Крит од подалеку. Од едниот до другиот брег, до островот Диа и кон отворено море.
Продолжуваме со Грција! Од Спарта до Каламата имате прилично возбудливо возење со прекрасни глетки на сите страни.
Островот Родос, Грција – интересно е што од вселената може да се види каде стоел Колосот од Родос пред 2300 години.
Патра, на влезот на Коринтскиот залив. Мостот се издвојува зачудувачки јасно во однос на синилото.
Атина, Грција. Колепка на голем дел од цивилизацијата и научната мисла.
Ова е мапа на местата споменати во текот на патувањето на Хетфилд над Грција:
Па… ако не ви пречи малку личен коментар, твитовите на Хетфилд и синилото на прекрасното море ме потсетија на мојот омилен канаѓанец, а ова се зборовите кои ми навираат…
“Не можам да те слушнам но чувствувам што ми зборуваш,
Грција одбележува една година од смртта на овој голем филмски режисер и му оддава почест преку серија специјални прикажувања на сите негови дела во кината во трите најголеми градови во земјата.
Филмската панорама ќе се прикажува во неколку кина и културни простори во Атина, во Ster Cinemas во Солун (населба Пилеа) и во Hatziyiannio Cultural Centre Auditorium во центарот на Лариса. Сите филмови имаат превод на англиски, освен “The Hunters” (Ловци) кој е титлуван на француски.
Тео Ангелопулос (роден 1935 во Атина) се сретна со “Вечноста” на 24ти јануари 2012 кога беше удрен од мотоцикл при една прошетка близу Пиреа, каде работеше на третиот филм од трилогијата започната со “The Weeping Meadow” (Расплаканата Ливада) во 2003. Проекциите во негова чест започнуваат токму на овој датум, а во исто време ќе се одржи помен на главните атински гробишта каде беше погребан минатата година.
Ангелопулос се смета за еден од водечките современи европски кинематографи, секако е најпознатиот грчки филмски режисер кој има добиено безброј награди во текот на неговата долга и плодна кариера.
Блескав момент во неговата кариера, Златна Палма во Кан “Eternity and a day” (Вечност и еден ден), 1998
На свој специфичен начин користеше “маглива” природа како симбол на трауматични политички настани и нивното влијание на поделените општества. Неговата порака одразуваше став на борба против неправдата, бидејќи ја имаше болно искусено за време на Грчката Граѓанска Војна (1944 – 1949) и нејзините долготрајни последици, Студената Војна и потоа Железната Завеса која се спушти долж северните граници на Грција.
The suspended step of the Stork (Бавниот чекор на штркот)
Регионот на западна Македонија во Грција, а особено градот Лерин, беше негово омилено место за снимање на филмови кои добиваа меѓународни награди, како што се “The Bee-Keeper” (Пчеларот),1986, “Landscape in the Mist” (Пејсаж во магла),1988, “The suspended step of the stork” (Бавниот чекор на штркот),1991 and “Ulysses’ Glance” (Погледот на Улис),1995.
Лерин (заднина за “The Bee-Keeper” – “Пчеларот”)
Неговата работа беше збогатена преку долгорочната соработка со италијанскиот романописец, сценарист и поет Тонино Гуера, исклучителниот директор на фотографија Јоргос Арвантис и брилијантната композиторка Елени Караиндру.