Карневалско лудило во Струмица (фото)

Струмица како Рио. Карневалското лудило вечерва кулминираше. Илјадници маски продефилираа низ струмичките улици. Космонаути, животни, историски личности, локални и светски политичари се само дел од карневалското шаренило од маски. Струмица ќе биде будна цела вечер. Ако во другите градови најлуда…

Карневалско лудило во Струмица (фото)

Струмица како Рио. Карневалското лудило вечерва кулминираше. Илјадници маски продефилираа низ струмичките улици. Космонаути, животни, историски личности, локални и светски политичари се само дел од карневалското шаренило од маски.

sr

Струмица ќе биде будна цела вечер. Ако во другите градови најлуда ноќ во годината е Нова Година, во Струмица тоа дефинитивно е карневалската вечер. По дефилето на маски забавата продолжува во кафулињата и дискотеките и трае се до раните утрински часови. Струмица и онака е позната како град со најдобар ноќен живот во Македонија. Балкон3 низ фото галерија Ви пренесува дел од карневалската атмосфера.

[nggallery id=6]