Category: Кујна

  • Чај – за да се чувствувате пријатно и спокојно

    Прекрасен другар во студените денови

    tea2_balkon3

    Во Грција црниот чај не е пијалок кој често се пие, како на пример во Турција и Азија. Ако ги прашате Грците „дали сакате чај?“ тие најверојатно ќе ви одговорат : „Не благодарам,не сум болен!“.. хммм. . Зошто би одговориле така? Па, бидејќи традиционално Грците пијат чај само кога се болни и чајот генерално го поврзуваат со состојба кога не се чувствуваат добро, или дури и малку несигурно..:)

    tea1_balkon3

    Така што, наместо црн чај, почесто се пие чај од тревки, хербален чај. Најпопуларниот хербален чај е „Планинскиот чај“ (Tsai tou Vounou). Ова растение е ендемско на Медитеранот и има околу 100 подвидови (17 во Грција) и неговото конзумирање е популарно во многу земји од медитеранскиот басен – иако систематски се одгледува само во Грција.

    tea3_balkon3

    Генеричкото име во науката на ова растение е Sideritis L. (sidiros=железо) и навистина содржи значително количество железо, кое и те како е потребно на организмот, особено поради честите дијагнози за недостаток од железо кај медитеранската популација.

    Планинскиот чај, како што кажува и името, расте на надморска височина над 1000 метри и e прилагоден на сува почва и продолжени летни периоди карактеристични за медитеранскиот регион. Бидејќи планините покриваат 80 отсто од нејзината територија, Грција е совршена земја за одгледување планински чај.

    Планинскиот чај, се бере буквално во секој планински регион во Грција. Од област до област локалните подвидови можат во нијанси да се разликуваат, па така добиваат локални имиња. На пример можат да земат име на локалните дијалекти, како на пример Malotyra (Крит), или на регионот каде што се бере (чај Евиа), или според планината на која се бере (чај од Олимп, чај од Парнас), на планината Атос е наречен според Власите кои живеат во грчкиот дел од Македонија (Влашки чај).

    tea4_balkon3

    Листовите и пупките се берат со рака на почетокот од летото, потоа се сушат и се продаваат насекаде низ земјата, во форма на букети, па дури и во вреќички за чај. Производот е 100 проценти природен и во тек на одгледувањето не му треба вештачко ѓубриво, ниту пестициди, поради што лесно добива сeртификат за чист органски производ.

    Чајот не само што е вкусен и ароматичен, исто така е познат по своите антибактериски и аналгетски квалитети, а исто така е ефикасен против зголемена телесна температура. Затоа е познат и како популарен лек за настинка, кашлица и болки во стомакот. Научниците открија дека исто така има и антистрес ефекти, без какви било несакани последици и контраиндикации, кои на пример се јавуваат при пиење на некои други пијалоци од тревки. Ако се подготви како што Грците преферираат да го пијат во зовриена вода, многу жежок и со мед, тогаш ќе почувствувате дека ви го омекнува грлото, ќе се чувствувате подобро и ви го зајакнува организмот:)

    Балкон3 препорачува Планински чај за да се фатите во костец со зимата и студеното време…

    tea5_balkon3

    Софија Николау

  • Полнети пиперки – јадење со мирис на спомени

    Верувам ќе се согласите. Ништо толку силно, моќно и верно не ве враќа во минатото, не ви буди сеќавања, не ве потсетува на постарите членови на семејството, на личности и случки, како што се мирисите. Посебно мирисот на храната, омилените јадења, кои често се подготвувале во вашиот дом кога сте биле дете. Ñ

    А, за нашето поднебје мислам дека еден од најуникатните и најпрепознатливи и најдраги мириси, со кои речиси емотивно сме врзани е мирисот на пиперките. Печени или пржени, или суви, везени, различни јадења и пинџури со пиперки.

    milcho_manchevski_balkon3

     

    Дури и познатиот македонски режисер Милчо Манчевски кој со децении живее и работи во САД во неговите филмови не пропушта да вметне сцена со пиперки во некоја варијанта. Веројатно затоа што и него мирисот на пиперките дури од САД бргу го враќа во спомените, во детството, меѓу семејството, во Македонија.

    Едно од тие јадења кои додека ги подготвувате со опоен мирис го исполнува целиот дом се полнетите пиперки. Еден мој пријател вели: Да го почувствувам мирисот на полнети пиперки, стави ме да легнам на кауч и подготвен сум за психоанализа бидејќи ми навираат спомени, ситуации, ме враќаат дома, во старата куќа на баба ми, родителите..

     

     

    Нешто слично се случи во познатиот долгометражен цртан филм Рататуј, кога глувчето кувар на крајот од филмот на озлогласениот оценувач на храната во ресторани, Его, кој може да се одушеви од некое јадење и дава преодна оценка толку често колку што минува и Халеевата комета, му го направи омиленото јадење, го омекна намрштеното лице (во стил ништо не може да го задоволи мојот вкус) го нурна во спомените од неговото детство, безгрижните денови и кујната на неговата баба… Кога се беше лесно и едноставно, а најголема радост беше собирањето околу масата и ручекот со најблиските..

    ratatuj1_balkon3

    Полнетите пиперки можат да бидат широки и кратки (бабури) а можат да бидат и големи и долгнавести. Иако црвените се класика, сепак можат да бидат и зелени по боја. Сум пробал во сите варијанти и сите се неодоливо вкусни. За да не останете со отворена уста и празен стомак, после толку муабети за ова традиционално јадење, еве го рецептот.

    Потребни состојки:

    Пиперки црвени или бабури

    Мелено месо – 400 грама (телешко, а може и мешано)

    Ориз – 300 грама

    Кромид – една главица

    Сол

    Зачин

    Црвен пипер

    Црн пипер

    Зејтин

    Сос од домати

    Домати

    Вода

    Подготовка:

    Пиперките се чистат од семките и рачките и се мијат.

    На зејтин, во тенџере, се пропржува ситно исецканиот кромид. Откако малку се пропржува му се додава меленото месо, па се пржи заедно за да фино се раздроби месото. Потоа се додава оризот и се заедно уште малку се пржи. На крај се додава зачинот, сол, црвен пипер, црн пипер и смесата за полнење е готова.

    Ñ Ñ

    Ñ Ñ

    Со вака подготвената смеса се полнат пиперките, отворот се затвора со округло парче домат или тенко парче компир и се редат во тавче.

    Во тенџерето во кое ја подготвувавме смесата се става малку сос од домати и една чаша вода да зоврие. Со зовриената течност се полеваат пиперките и се ставаат во веќе загреана рерна на 250 степени да се печат. Се набљудуваат од време на време, но печењето трае отприлика околу еден час.

    Ñ

    Може да се јадат и со кисело млеко или павлака (оваа комбинација е особено омилена кај децата).

    Пробајте, и добар апетит со рецептот на Балкон3 кој сигурно ќе ве врати во спомените од детството:)

    Дарко Чекеровски

  • Ѓомлезе се прави со многу љубов, трпение и силен оган

    Кој не пробал ѓомлезе, не знае што пропуштил. Постои некаква тајна магија што ова навидум едноставно јадење го прави посебно. Можеби е мачниот начин на кој се прави, можеби е љубовта што е неопходна како состојка во ова печиво.gozleme21_balkon3

    Состојките не се ништо невообичаено – брашно, вода, сол, кисело млеко. Сите се согласуваат дека е една од најубавите работи што можете да ги пробате во Македонија, а охриѓани и преспанци на големо расправаат чие ѓомлезе е најубаво. Традицијата вели дека токму во овие делови на Западна Македонија најмногу се задржала навиката на правење ѓомлезе, која најверојатно е уште една од придобивките на турската култура во земјава.

    „Балкон3“ беше гостин на семејно правење ѓомлезе во питомото  село Коњско, во Преспа. Домаќинката Џени Ѓоргиевска заедно со своите помошници, не упати во тајните на правењето ѓомлезе. Тоа утро, таа заедно со својот сопруг Нане, кои живеат во Ресен, уште во 6 наутро веќе ја правеа кашата од која се прави ѓомлезето.gjomleze1_balkon3

    -Нема стандардна мерка. Се се сведува на вкус.

    Во Преспа, освен брашно, вода, сол, ставаме и кисело млеко. Во некои краеви, додаваат и јајца во смесата. За една поголема тепсија, јас употребив 2.5 кг брашно, вода ставив по потерба, околу осум лажици сол и едно канче к.млеко. Јас сакам корите да се потенки, затоа ја правам и смесата потечна. Печеме во бакарна и во алуминиумска тава – вели Ѓоргиевска.

    Се пали силен оган и на него се грее сачот (вршникот). Тавите се мачкаат со масло за јадење, па почнува редењето на корите. На секоја кора се пропрскува со зејтинот по малку и се пече под сачот. Многу е важно оганот да се одржува силен. Од тоа, меѓу другото, зависи колку време ќе биде потребно за да се направи вкусното јадење. Тоа утро, нашата домаќинка подотви мастраф за две големи тави, оти имаше многу гладни и нестрпливи усти. Во Ресен се вели, ако една жена не знае да направи ѓомлезе, исто како да не е домаќинка.gjomleze4_balkon3

    Некогаш ѓомлезето најчесто се правело само во посебни прилики, за важни гости.

    -Ако некому си му отишол на гости и тој ти направил ѓомлезе, значи дека многу те почитува. По ѓомлезето, второ такво специјално јадење е капама со ориз и со риба. На времето зборуваат политичарот Благоја Попов дошол во Коњско  и што ѓомлезиња му направиле, па капама, со години се раскажувала таа анегдота – раскажува Роза Велкова, родена во Коњско, денес кочанчанка.

    Таа е категорична дека меѓу корите не треба ништо да се додава. Ако ставете сирење меѓу корите, тогаш правите нешто друго  – вели тетка Роза.

    gjomleze5_balkon3

    Откако ќе се потроши и последната лажица, време е за корите да се потпечат и ѓомлезето побрзо да се најде на масата. Малце се потпечува последната кора и над неа се става сачот, а под тавата – жар. Многу е важно над сачот да се стави пепел, која помага за да се одржува топлината. Пред да се пече, ѓомлезето се сече на ромбови (баклавички)  и се става да поврие малку.

    -Што правиме ако не ми го бендисаат – се шегува нашата домаќинка.

    Со еден сач и две тепсии, на нашите домаќини им требаа шест часа за да биде целосно готово. Јадењето се комбинира со сирење, јогурт, патлиџан, матеница, секој по свој вкус.

    Никој не знае да каже од кога датира ѓомлезето, важно е дека традицијата се пренесува од колено на колено. Но, интересно е што традицијата на правење ѓомлезе во Преспа се повеќе се враќа.gjomleze2_balkon3

    -Во Ресен во последно време многу се прави. Матурски, веридби, веселби не можат да поминат без ѓомлезе или питулици и аршлами (варено тесто кое се пече со ситна тарана, н.з.) Бара трпение, кондиција и нормално, помош. Некој да го одржува оганот и да помага со сачовите, а некој цело време да става од мастравот – велат Ѓоргиевци.

    Преспанскиот регион има посебен пиетет кон месените работи.

    -Ѓомлезето ме прави носталгичен и ме потсеќа на утрата што мирисаа на него кога баба ми го правеше. Тој мирис ми е навлезен во душата, можеби и поради тоа што ретко се прави, а богами и тешко – вели страствен вљубеник во неговото височество – ѓомлезето.

    Така, дури од тепсијата не се отстрани и последното парче ѓомлезе и тоа најчесто со гребење со вилушка, нема напуштање на масата. Иако ѓомлезето се консумира и подоладено, ретко кога се остава за подоцна.

    gozleme22_balkon3

    Доколку сакате ова јадење да го подготвите дома потребни ви се следниве состојки:

    450 гр брашно

    околу 320 мл топла вода

    7 гр сув квасец

    1 лажиче шеќер

    2 лажички сол

    масло за премачкување

    за фил:                                    

    300 гр спанаќ, обарен

    100 гр фета сирење

    1 мало чешне лук, ситно сечкано

    1 лажица путер

    Подготовка:

    Во брашното ставете ја солта и просејте ги низ ситно (цедалка) во длабок сад. Во топлата вода ставете ги сувиот квасец и шеќерот да се растопат. Кога квасецот ќе се запени, ставете го во садот со брашното. Замесете меко тесто и оставете го на топло да ја удвои големината.

    Кога ќе забележите дека тестото се удвоило, поделете го на 8 еднакви топчиња и нив оставете ги да нараснат малку.

    За тоа време, подгответе го филот. Спанаќот обарете го. Обарениот спанаќ исечкајте го на ситни парчиња. Лукчето ситно сечкајте го и ставете го тавче за пржење со малку масло да се запржи. Кога ќе фати боја, ставете го претходно убаво исцедениот и исечкан спанаќ. Сирењето згмечете го со вилушка и ставете го во спанаќот. Целиот фил убаво измешајте го. Зачинете со сол и бибер по вкус. Секое топче со сукало развлечете го што потенко можете.

    Филувајте на едната половина го со фил нанесен во тенок слој.

    Преклопете и стиснете ги краевите. Вака подготвени, печете ги во тавче (најдобро да биде керамичко) малку намачкано со путер/маргарин/масло. Печете 3 до 4 минути на средна темепратура, притоа внимавајќи да не изгори.gjomleze8_balkon3

    Овој специјалитет во Турција можете да го најдете скоро во секој ресторан, но јас Ви препорачувам да седнете токму во оние ресторани каде што ќе можете  видите како жените на лице место Ви го подготвуваат.  Со ова јадење може да се напиете и ладен Ајран.

    Се уште е енигма од каде точно потекнува ѓомлезето. Називот влече корени од турскиот збор gözleme (“göz al-melek”) што би значело ангелски очи. Се вреува дека ѓомлезето се правело во охридскиот и во преспанскиот регион многу пред доаѓањето на османлиите на Балканот. Популарно се нарекува и тури-потпечи. Од турскиот јазик го има само називот.

    Пријатно јадење со рецептот на Балкон3:)

    Сребра Ѓоргиевска/Кристина Ангелеска

  • Баклава со бадеми од Куми – Балконот на Егејот

    Баклава со бадеми од Куми – Балконот на Егејот

    Слатка традиција од островот Евиа

    evia_balkon3

    Куми е прекрасно гратче на островот Евиа познато како Балкон на Егејот. Куми има богата поморска историја но е многу попознат по својот уникатен вид на баклава. Парчињата баклава се исклучително тврди, исполнети единствено со бадеми.  Традиционалниот рецепт користи не помалку од 70 кори и е особено популарен за време на летните празници, но и за новогодишните прослави и карневали. Еве еден стар рецепт кој на нашиов Балкански Балкон го сподели локалното Здружение на жени.

    baklava_kumis_balkon3

    Потребни состојки:

    70 кори за баклава

    1 ½  кг бадеми, бланширани, малку печени во рерна и потоа исецкани

    ½ чаша шеќер

    ½ чаша презла

    1 ¾ чаша путер, стопен*

    2 лажички цимет

    каранфилче

    Подготовка:

    Измешајте ги бадемите со шеќерот и презлата. Земете тавче за печење од 36 cm, намрснете го со путер, ставете 12 кори и секоја од нив премачкајте ја со путер. На 13-тата и 14-тата наросете цимет и секако премачкајте ги со путер. На 16-тата кора наросете 2 супени лажици од смесата со бадеми. Продолжете така дури не ја потрошите целата смеса со бадеми, осносно откако ќе наредите околу 55 кори. Останатите кори ги редите и ги премачкувате со путер. Исечете ја баклавата на парчиња и ставете по едно каранфилче на секое парче. Ако имате уште путер загрејте го и посипете ја баклавата.

    Покријте го тавчето со хартија за печење и печете околу час и половина во претходно загреана рерна на 180 степени. Оставете ја баклавата да се излади околу еден час и во меѓувреме подгответе го шербетот.

    Шербет:

    2 ½ кг шеќер

    6 чаши вода

    2 рендани кори лимон

    6 супени лажици сок од лимон

    1 стапче цимет

    Измешајте ги сите состојки во тенџере освен сокот од лимон. Варете ја смесата дури не се згусне, додадете го лимоновиот сок и добро измешајте. Сипете го врелиот шербет на изладената баклава. Оставете да отстои еден ден пред да ја послужите.

    * Во Грција за подготовка на баклава вообичаено се користи свеж козји путер кој секаде се продава како “voutyro galaktos”. Се загрева пред да се користи и се премачкува со кујнска четкичка. 

    Софија Николаоу

  • Брзо, лесно и традиционално: пире од компири и од зелени домати

    Брзо, лесно и традиционално: пире од компири и од зелени домати

    Ако ги следите тв-каналите за готвење, веројатно сте забележале дека нивните најпопуларни емисии се оние каде што се подготвуваат брзи, лесни и едноставни оброци, без премногу состојки. Тоа е разбирливо. Животот денес е брз и напорен, има премалку време за да се завршат обврските, а камоли за релаксација. И бидејќи храната е во голема мера одраз на културата и на секојдневието, такви станаа и оброците, брзи и едноставни. Но, кога станува збор за културата на брза подготовка и исхрана, нашата традиција може многу да покаже.

    kompir_cover  pire_2  pire_3  pire_4

    Обично најмногу се фалиме со традиционалните јадења што се богати. Ако отидете во некој етно ресторан, ќе видите шаренило за кое биле потребни часови за да се подготви. И многу пари, секако. Порано тоа било карактеристично за празниците, особено во зимата, кога немало работа во полето. И не за сите, туку само за поимотните семејства. Денешната идилична претстава што ја добиваме од туристичките села е далеку од реалната слика во минатото, во која сиромаштијата била постојан придружник на животот. На пример, што да се прави за време на жетвата, кога нашите предци ниту имале време да готват, ниту, пак, им останало многу што да јадат? Жетвата се вршела рачно, со многу луѓе, и морало да се заврши за што пократко време. Едно од карактеристичните јадења за тоа време било пирето од компири и од зелени домати. Особено во североисточниот дел од Македонија, во селата околу Крива Паланка и Кратово. Неверојатно едноставен рецепт. Еден килограм компири се вари со еден до два зелени домати. Или два килограма со два-три поголеми зелени домати, ако сакате да подготвите за повеќемина. Кога немало пластеници, доматите зрееле дури во август, па за јулската жетва биле достапни само зелените.

    pire_9

    Кога сето тоа ќе се свари заедно, доматите се лупат и се гмечат заедно со компирите додека не се добие изедначена смеса. Потоа се сечкаат две-три главици кромид, кој се попарува со врело масло за јадење. Се додава и сол, и сето тоа се промешува уште еднаш.

    pire_7  pire_10

    Кои биле предностите на овој оброк? Може набрзина да се подготви. Потребно е речиси исто време за да се направи и за само едно семејство, но и за многу луѓе. Варењето трае исто, без разлика дали има еден или пет килограми компири. А кога во селото имало работа, морале да се соберат многумина, но и да се нахранат. Лесна е подготовката, но лесен е и самиот оброк. По него луѓето можат да продолжат да работат. Потешката храна би им создала проблеми ако треба да бидат физички активни. Денес, пак, ова пире е подеднакво добро и како самостоен оброк, и како додаток на некоја побогата трпеза.

    pire_11

  • Маџун: повеќе од обична бонбона

    macun1_balkon3

    Секогаш кога одите во посета на историскиот центар на Истанбул мора да поминете по патот кој води кон палатата Топ Капи. Во целата таа гужва од туристи може да не ги забележите малубројните уличните продавачи и нивните мали тезги. Некои продаваат нешто што наликува на лижавче во спирална форма. Пред себе продавачите имаат садови кои наликуваат на кружни кутии за сладолед наполнети со густа течнот во разни бои. Всушност тоа е течна бонбона која се стврднува откако вештите продавачи ќе ја подготват на ваша нарачка. Но, ова сепак не е обична бонбона.

    Се нарекува маџун и приказната вели дека за првпат е направена во 1527 по наредба на Султан Сулејман Величествениот како лек за закрепнување на неговата мајка Ајше Хафса (попозната по својата титула Валиде Султан). Султанот бил презадоволен од неговите лековити својства па затоа одредил да се празнува еден ден во пролет (пролетната рамноденица) и на тој ден да се раздели маџун на сите луѓе во престолнината. Турција сега работи на проект маџунот да се стави на листата на нематеријално светско културно наследство на UNESCO. Маџунот е нематеријален од аспект на неговата историја и обичаи, но вкусот е многу реален! Поточно кажано мажунот има силен вкус и се разликува од сите бонбони кои до сега сте ги вкусиле. Има зачудувачки ефект бидејќи никогаш не сте подготвени за нешто толку миризливо, слатко и зачинето.

    macun_balkon3

    Легендата вели дека оваа магична смеса се состои од 41 состојка кои можат да излекуваат 41 болест. Католиците некогаш го нарекувале Балзамот на Султанот и ја нагласувале неговата употреба како афродизијак. Чудно но вистинито, етимолошките речници го имаат истото име на Хинду но има потполно поинакво значење: ги опушта мускулите и има благ седативен ефект. На турски зборот значи “паста”. Старите книги за фармакологија и готвачот на палатата спомнуваат еден рецепт со огромен број состојки, од кои некои доаѓаат од далечни земји. Од долгиот список ги издвојуваме: амбер, мошус, црвена детелина, куркума, ѓумбир, детелина, цимет, морско оревче, ванила, кокос…
    Освен историскиот Сарај како симболично место на кое може да пронајдете маџун подготвен на улица, постојат и други локации каде може да купите спакуван маџун. На пример на Египетскиот пазар имате тони зачини и тревки кои почнуваат да наликуваат на наша природна средина. И последно но не и најмалку важно, (од нам непознати причини) градот Маниса близу Измир е поврзан со истата прослава во пролет и со дистрибуција на маџунот сè до денешен ден, под името Manisa Mesir Macun. Лесно ќе го пронајдете маџунот под ова име во големите слаткарници “kuruyemis” низ Турција.

    manisa mesir macun_balkon3

    Сигурна сум дека постои добра причина зошто на грчки зборот “matzouni” означува “практичен лек кој се користи како тоник” или било кој друг вид на инфузија од билки, па дури и меки бонбони. Но, во денешно време името сè почесто означува “бапски лек”. Да се вратиме на вистинскиот маџун. Мислам дека најдобро би било да го пробате откако веќе ќе ја посетите палатата Топ Капи затоа што сигурно ќе бидете изморени и зашеметени од нејзината убавина, а предлагам да се напиете и шолја турски чај. Маџунот и помогна на Валиде Султан да закрепне па сигурно ќе биде корисен и за нас, обичните посетители на градот над градовите!

    Добар апетит! Уживајте!

    Софија Николау

  • Седум интересни факти за турското кафе

    Пиењето кафе за повеќето од нас е секојдневен ритуал. Љубителите на кафе не го почнуваат денот без оваа „магична“ напивка. Турското кафе е повеќе култура отколку пијалoк, а во светот тоа е познато поради муабетот, начинот на приготвување и традиционалното послужување. Некои би додале и озборување со филџан кафе.

    kafe_tursko3_ubav_servis_balkon3

    Балкон 3 со Вас споделува 7 факти кои можеби не сте ги знаеле за турското кафе:

    1. Турското кафе не доаѓа од Турција

    Првите докази за пиење кафе најверојатно доаѓаат од Јемен. Во 15 век. Од таму се шири во Каиро и во Мека. Во 1640 година, велат дел од познатите хроничари од Отоманскиот период е отворена првата кафетерија во Константинопол. Името потекнува од арапскиот збор qahwah. Значењето на кафето во турската култура се гледа во зборот доручек, на турски – kahvalti што на турски јазик, во буквален превод значи „пред кафе“.

    2. Квалитетот е во кајмакот

    Доколку сакате да знаете дали сте добиле добро направено турско кафе ќе треба го погледнете кајмакот на врвот на филџанот. Овој вид кафе е со карактеристичен мек и кадифен кајмак. Благодарение на кајмакот кафето останува топло подолго време.

    kafe 1

    3. Водата има своја цел

    Турското кафе обично се служи со мала чаша вода. Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Пиењето на вода однапред ќе ви помогне да  го осетите вистинскиот вкус на кафето, додека по консумирањето на кафето ќе ви помогне да го исплакнете вашето непце од нефилтрираните остатоци.

    4. Локумот прави целиот ритуал да биде подобар

    Цело е кога има се, обликот на чашата, бојата на кафето и парче локум на тацната ја прават сликата комплетна кога станува збор за турското кафе. Локумот додава блажина на горчливиот вкус на турското кафе – што е особено важно за оние кои бираат да пијат обично кафе без шеќер. Или како што викаат во Турција “слатко да јадеме, за слатко да зборуваме“.

    kafe seker lokum1_balkon3

    5. Свекрвите оценуваат и судат

    Идни невести пазете се: вашите идни свекрви во Турција врз основа на тоа како сте го подготвиле кафето и врз основа на начинот на кој сте го сервирале кафето имаат право да ве оценат и да ви судат J. Всушност во многу семејства тоа е и првиот тест на новата невеста, таа го подготвува кафето на својата свекрва, а потоа следува и оцена, па потрудете се за да го избегнете срамот и озборувањето во јавностаJ

    6. Невестите ставаат сол

    Во турската традиција еден од начините за одредување на машкоста на идниот зет е да му се стави сол во кафето. Со солта потенцијалната невеста ги сигнализира своите чувства кон идниот младоженец. Имено прекумерната сол во кафето укажува дека девојката не е заинтересирана за момчето, умерената количина укажува на тоа дека момчето е во ред, додека минималната количина кажува дека момчето има добри шанси и дека девојката е подготвена да се мажи. Доколку потенцијалниот кандидат го испие цел филџан солено кафе тој со тоа ја докажува својата машкост, но и подготвеноста да стапи во брак со девојката.

    kafe tursko ubav servis_balkon37. Турското кафе под заштита на УНЕСКО 

    Турското кафе е ставено на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Одлуката е донесена на 8-та седница на меѓувладиниот комитет на УНЕСКО кој се одржа во 2013 година во главниот град на Азербејџан, Баку.

    Велат дека колку повеќе ги правите работите со мерак, толку повеќе и подолго уживате во истите. Уште од минатото, се знаело, кога ќе отидеш на гости, те служат со кафе и локум. Ова слатко задоволство постои долги години како традиција.

    И навистина е лезетски: топло турско кафе и неколку парчиња локум (обичен или со ореви) и полни сте со енергија!

    На здравје кафе со Балкон3!

    Кристина Ангелеска

  • ГУЛАЏ – МЛЕЧЕН ДЕСЕРТ СО КАЛИНКИ, ОРЕВИ ИЛИ ФСТАЦИ

    Балкон3 ви подготвува Гулаџ (Güllaç) – традиционален турски десерт, посебно ценет за време на Рамазанските пости

    gullach1_balkon3

    Турската кујна е позната по хранливите и многу вкусни десерти со млеко.

    Млечниот десерт Гулаџgüllaç (gioul-LAHCH )  се наоѓа на врвот на оваа листа. Имено станува збор за бел, мек и лесен десерт кој е направен од неколку слоеви кори – од пченкарно брашно и пченкарен скроб, натопени со засладено млеко и зачинети со Розова вода или екстракт од ванила.

    Овој традиционален десерт може да го сретнете на излогот во сите ресторани и слаткарници кои служат традиционални турски десерти. Обично е гарниран со семе од свежа калинка, ореви, фстаци, лешници кои му даваат екстра вкус и текстура.

    Никогаш не е доцна да го пробате овој десерт за кој еден сопственик на слаткарница ќе каже „Тој е бел како ангел, и со многу добар вкус исто така “.

    gullach_balkon3

    Овој десерт особено се цени за време на светиот месец Рамазан, бидејќи е лесен за стомакот по долгиот испоснички ден. Имено за време на Рамазан потрошувачката на корите и на овој десерт расте над 85% . Но овој десерт може да се сервира во било кој период од годината.

    За да подготвите Гулаџ дома потребни ви се следниве состојки :

    gullach_kori_balkon310  güllaç кори

    1 ½  литар млеко

    350 гр.шеќер
    1 чаша сецкани ореви или фстаци

    и калинка за гарнир

    Подготовка:

    Gullac 2Најнапред стоплете го млекото заедно со шеќерот, притоа млекото треба да е навистина жешко за да може да се растопи шеќерот во него. Во тава ставате една  gullac кора и истата  ја  прскате со млеко, причекајте млекото да се впие и истата постапка повторете ја и за останатите четири кори. Откако ќе ја завршите постапката со петата кора на истата ги посипуваме сечканите ореви или фстаци. По ова ја повторувате постапката со редењето на корите и попрскувањето со млекото со останатите пет кори, а на крај го истурате остатокот од млекото над колачот.

    Истиот го ставате во фрижидер добро да се излади. Притоа сакам да ви напоменам да не се разочарувате доколку корите ви имаат неправилна форма или ви испукаат имено од млекото истите ќе набабрат и ќе се изедначат.

    Откако добро ќе се излади може да ја сервирате сечејќи ја на коцки или баклави, наросете ја со фстак, орев или кокос. А како гарнир може да додадете и калинки, малинки или јагоди.

     

    Gullac

    Уживајте со десертот на Балкон3

    На здравје, Afıyet olsun 🙂

    Кристина Ангелеска

  • Кафе со мраз – како да се преживее денот на грчки начин

    1. Што е фрапе?

    Тоа е ладен пијалок од кафе кое се мати за да се добие пенест прелив. Се служи во висока чаша полна со коцки мраз и се пие со сламка.

    frape_cover_balkon3

    1. Што содржи фрапе?

    Само инстант кафе и вода. Шеќер и млеко се додава по избор и по вкус. Млекото треба да биде свежо или кондензирано (млекото во прав ја растопува пената).

    1. Што НЕ е фрапе?

    Кафе кое не е инстант, кафе со сладолед, кафе со чоколаден прелив, кафе со шлаг, кафе измешано со узо, со газирана минерална вода…итн. Аке го сервирате во обична шолја за кафе веднаш престанува да биде фрапе.

    1. Со каков вид храна се служи фрапе?

    Без храна.

    1. Дали постојат правила за подготовка на фрапе?

    Секако. Ова не е еспресо кое се пие набрзина, фрапе се подготвува за да трае прилично долго (некои луѓе го пијат со часови). Затоа се потребни многу коцки мраз и сламка: мешањето на пената и мразот го одржува фрапето свежо долго време. Па, не брзајте, закажете дружба со пријателите, земете табла и уживајте!

    Важно: никогаш не наздравувајте со кафе – тоа носи несреќа:)

    1. Како е создаден овој пијалок?

    Случајно. Во 1957 за време на Меѓународниот Саем во Солун (HELLEXPO). Пронаоѓачот е Димитрис Вакондиос, претставник на Nestle (компанија која прва промовирала инстант кафе на грчкиот пазар). За време на саемот компанијата демонстрирала како да се користи коктел шејкер за подготовка на нов ладен чоколаден пијалок. Продавачот сакал да се напие кафе но немал топла вода па затоа ги искористил работите што му биле при рака и … останатото е историја!

    Фрапе на француски значи “матено” и името е добиено исто така случајно инспирирано од еден француски пијалок кој не содржи кафе. Неколку години подоцна Вакондиос ќе изјави:“Сè уште не можам да сфатам како еден мал експеримент доведе до пронаоѓањето на најпопуларниот пијалок во Грција!” За волја на вистината, Вакондиос сега ќе беше милијардер ако го патентираше рецептот.

    1. Која е врската помеѓу фрапе и грчката поп култура?

    Во комедиите од 1960-тите познатите актери често пиеле фрапе на романтичен состанок.

    frape1_balkon3

    Во денешно време (во телевизиските комедии), фрапето се поврзува со клише ликови кои со часови дискутираат за разни работи, ништо не работат и се најчесто саркастични.

    frape2_balkon3

    Се разбира постои и фрапе жаргон кој се користи да ја искажете вашата потреба за пијалоков или мислењето за луѓе кои се однесуваат како веќе споменатите клише ликови.

    1. Каде може да се најде фрапе на планетава?

    Туристите во Грција бргу го открија и засакаа овој пијалок. Многумина го промовираа во своите градови понекогаш адаптирајќи го вкусот (види прашање бр.3) но името е секаде исто.

    Постојат податоци дека фрапе е забележано во далечни земји како Белорусија, Либан, Камбоџа, Малезија и Кенија. Други необични места се кафетеријата во Музејот Едвард Мунк во Осло, Норвешка, кафетеријата на Универзитетот во Билбао, Шпанија и за време на еден хип-хоп фестивал кој се одржува во Чешка. Во градовите каде има голема заедница на Грци (Чикаго, Њујорк, Мелбурн, Торонто, Будимпешта, Брисел, Лондон и многу градови низ Германија) лесно ќе пронајдете фрапе. Исто така, фрапе ќе најдете на оние места кои редовно се посетувани од голем број грчки туристи.

    frape3_balkon3

    Реклама за фрапе близу Вселенската Патријаршија во Истанбул, Турција.

    Но, Солун отсекогаш бил и ќе остане центарот на фрапе културата.

    frape4_balkon3

    Барот на врвот на Белата Кула едноставно мора да го посетите!

    1. Како сами да подготвите фрапе?

    Потребни ви се 2 основни состојки. Инстант кафе (од најлош квалитет, скапите брендови или здравите варијанти не доаѓаат предвид) и електричен миксер за коктели (прави многу густа пена).

    1: Сипете малку вода во чашата.

    2: Ставете го посакуваното количество кафе (и/или шеќер по вкус). На пример, за средно благо фрапе потребни се 2 полни лажички кафе и 2 полни лажички шеќер.

    3: Ставете го миксерот во чашата и мешајте одоздола нагоре како што се формира пената.

    4: Дополнете ја чашата со вода (и/или млеко по вкус) и додајте што е можно повеќе коцки мраз. Ставете сламка во чашата и послужете.

    Уживајте!!!! (и без наздравување:)

    Софија Николау

  • Пробал – Еднаш Пишман, Не Пробал – Илјада Пати Пишман

    Доколку и пријдете на магичната турска кујна, таа секогаш може да ве изненади и да ве фасцинира…..Овој пат тоа го направи со едно чудно задоволство, со уште по чудно име: Пишманије. Овие необични, снежни, бели вкусни врвки или шпагети од „памук„ едноставно ќе ве остават без здив!Cover Foto1_Pismaniye_balkon3

    Пишманије

    Пишманијето исто така е познато и како tel helva (жичаста алва), çekme helva (растегната алва) или keten helva (лен алва). Овие неверојатни влакна шпагети од пржено брашно помешано во големи количини на шеќер, секое лето ги заслепува милионите туристи кои ја посетуваат Турција. Приказната на пишманијето потекнува од Иран, таму се нарекува пешмек, што значи покајание, бидејќи многу било тешко е да се погоди совршената смеса, и оние кои се осмелувале да го прават овој деликатес често се покајувале.COVER1_Pismaniye_balkon3

    Мојата дебелка

    Во Турција пак, легендата е малку поразлична. Имено, градот Измит е надалеку познат по своите пишманија. Најпозната легенда вели дека во градот живеел  еден слаткар, кој бил познат по своите производи. Само за да можат да пробаат од неговите познати специјалитети, многу луѓе, во долги редови чекање пред неговата слаткарница. Трговците слегувале од патот на свилата ставајќи се во голема опасност, за да стигнат до прекрасните благи. Слаткарот пак, имал сосема друг проблем, бил несреќно заљубен во една дебела девојка. Што и да направи, љубовта била невозвратена. Очаен од тоа одлучил да создаде сосема ново благо, и тоа да го посвети на својата љубена, со надеж дека ќе ја возврати љубовта. Со своите чираци работел напорно и успеал да создаде снежни бели топчиња од извлечена алва. Тоа се почетоците на првите пишманија.Foto 12_4_Pismaniye_balkon3

    Во чест на неговата сакана благото го нарекол Шишманије, тоа на турски значи Мојата дебелка. Со убаво врежано име испратил неколку кутии од благото…и успеал, да привлече внимание! За кратко време со таа девојка стапиле во брак и долго време живеење среќно. Но, по одредено време поради љубомората и интригите на неговата сакана, животот со неа се претворило во вистински пекол. Натажен и со скршено срце морал да ја остави. Страдајќи поради тој љубовен бродолом, слаткарот името на благото го менува од Шишманије во Пишманије, што на турски значи “каење“.

    Pismaniye4_balkon3

    Ммм неодолив вкус

    Пред неколку дена граѓаните на Скопје имаа можност да пробаат од стотици години старата магија, но, не од индустриската изработена во фабрика, тука таа изработена рачно. Имено, во Скопје се оддржа 6. Фестивал на пишманијето на Општина Измит од Турција во организација со Општина Чаир.

    Ambas, i gradonacalnici11_Pismaniye_balkon3

    Во турската чаршија мајсторите на овој занает, со умешноста и способноста ги одушевија големиот број на посетители. Во сред чаршија, пред голем број на обажаватели на благото и случајните минувачи ги покажаа своите врвни квалитети. Процесот на рачната изработка треаше околу два саатта.

    Foto 12_3_Pismaniye_balkon3Откако беше готов финалниот производ очигледна беше радоста на мајсторите. „Одлично испадна, успеавме“ рече еден од мајсторите, со насмевка во лицето.

    Кај нив имаше мала вознемиреност од пеколното скопско сонце, да не ја затопли смесата повеќе од дозволенета обработлива температура. Затоа подготовката ја продолжија под сенка. Дел од граѓаните за прв пат имаа можност да пробаат од магичното благо кое се правеше пред нивните очи. Во процесот на создавање на памучното топче симболично учествуваа и Амбасадорот на Турција во Македонија Ѓурол Сокменсуер и градоначалниците на Измит и Чаир, Невзат Доган и Изет Меџити.

    Pismaniye6_balkon3 Pismaniye5_balkon3

    Откако заврши подготовката пишманијето се служеше на сите присутни граѓани. Тие пак, откако пробаа од благото беа едногласни. „Ммм неодолив вкус. Имам пробано во пакување, но, ова е нешто посебно“, ни изјави кратко еден од граѓаните. Ова благо во Турција е познат под слоганот „Пробал – еднаш пишман, не пробал – илјада пати пишман.“ Човекот станува еднаш пишман, затоа што јадењето на ова памучно благо е малку комлицирано, ако не проба илјада пати пишман, затоа што вкусот е несекојдневен и мора да се проба.

    Подготовка:

    Најпрвин се запржува брашното со масло.Foto 10_2_Pismaniye_balkon3

    Паралелно со него се подготвува и шербетот. Шербетот треба да врие на температура од 180 степени.Foto 11_2_Pismaniye_balkon3

    Откако ќе зоврие, шербетот се лади на мермерна површина до 120 степени.Foto 12_2_Pismaniye_balkon3

    Откако ќе се олади, шербетот добива форма во вид на желе, а тоа пак се обработува рачно.Foto 13_2_Pismaniye_balkon3

    Потоа во една голема тепсија се меша со смесата од брашно.Foto 13_6_Pismaniye_balkon3

    Потоа следува најтешкиот дел, растегнување на смесата.Foto 13_5_Pismaniye_balkon3

    Пишманието е подготвено за служење.Gotov proizvod foto 16_Pismaniye_balkon3

    Уживајте во рецептот со Балкон3:)

    Текст и фотографии: Хусамедин Гина