Солун: малите изненадувања надвор од патеката

Сите сакаат да ги видат главните знаменитости на еден град. Грандиозните градби, плоштади, простори, мостови, кули, храмови, статуи… Тие се причините поради кои се патува, и во многу случаи вреди да се посетат. Но сигурно ви се случило да отстапите…

Сите сакаат да ги видат главните знаменитости на еден град. Грандиозните градби, плоштади, простори, мостови, кули, храмови, статуи… Тие се причините поради кои се патува, и во многу случаи вреди да се посетат. Но сигурно ви се случило да отстапите од туристичката патека зацртана во мапата што сте ја зеле од хотелот или од информативниот киоск, и да ве дочека пријатно изненадување. Сте влегле во светот на секојдневието на местото што сте го посетиле. И тука има многу нешта што може да ви го привлечат вниманието. Мала интересна семејна куќа, тесна уличка што повеќе личи дека е во некое далечно село, отколку во голем град, љубопитни домашни миленици, интересен графит или убаво насликан мурал на ѕидот на некоја стара зграда и многу други нешта. Секако, тука се и пријатните луѓе што ќе ве дочекаат со насмевка и ќе помислат дека сте се загубиле, па ќе ви го покажат патот назад кон зацртаната патека. Дури и ќе се изненадат кога ќе им кажете дека всушност сакате да го разгледате нивниот свет. Во нашата галерија од Солун нема да ги најдете познатите знаменитости на градот. Не дека нешто не е во ред со Белата кула, Света Софија, Свети Димитрија, Портата на Галериус, Ротондата и другите. Но овојпат решивмеда ги откриеме убавините зад нив.

[portfolio_slideshow id=10505]