Љубов кон фотографијата од „мали нозе“

„Прво почнав да фотографирам со мобилниот телефон на татко ми, но магијата на „ловењето“ слики и моменти брзо ме освои. Првиот фото апарат го добив на 12 години и од тогаш имам направено илјадници фотографии“. Вака ја почнува својата приказна…

Љубов кон фотографијата од „мали нозе“

„Прво почнав да фотографирам со мобилниот телефон на татко ми, но магијата на „ловењето“ слики и моменти брзо ме освои. Првиот фото апарат го добив на 12 години и од тогаш имам направено илјадници фотографии“. Вака ја почнува својата приказна Ајданур Незир, победничката на фото конкурсот, кој во текот на минатиот месец го организираше веб порталот Балкон3.

aydanur_naslovnaИако има само 17 години, Ајданур е голем вљубеник во фотографијата. Вели дека сака да фотографира се` што ќе и` го привлече погледот. Обожува да патува, а омилени градови, кои сака да ги „освои“ со нејзиниот објектив се: Каиро, Бангкок, Њу Делхи и Рио Де Жанеиро. Не крие дека има голема желба и професионално да се занимава со фотографирање.

Ајданур со наградата од Балкон3 - фотоапарат од марката FujiFilm
Ајданур со наградата од Балкон3 – фотоапарат од марката FujiFilm

Ние тврдиме дека Ајданур веќе е одличен фотограф, а најдобар доказ за тоа се фотографиите во прилог. Уживајте!

399806_2888724350471_1318390598_n 400491_2888732150666_1541482340_n 405469_2888729070589_219283014_n 409044_2888730190617_16561430_n 644757_4265027077179_1349208973_n 995483_10201246215550705_1903532294_n 1098088_10201229787860023_1993505178_n IMG_0851 IMG_2638 IMG_3339 IMG_6405 IMG_6447 IMG_6542 IMG_6564

Балкон3

Фото: Ајданур Незир