Author: Balkon3

  • Меѓународен Театарски Фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

    Театар. Одлично место за да поминете дел од денот. Доколку сте љубител на Театарот и глумата, најтопло Ви препорачуваме да го посетите петтото издание на Меѓународниот Театарски Фестивал „Св. Јоаким Осоговски“. Фестивалот започнува во недела, на 15ти септември 2013 години во 19 часот со свеченото отварање кое ќе се одржи во просториите на Центарот за Култура на Крива Паланка. Како специјален гостин и лауреат ќе настапи познатиот македонски актер, Страшко Милошевски.
    kirva palanka cover 2

    Погледнете кои дела ќе бидат изведени на овој фестивал:

    Недела, 15.09.2013 – час 20:00
    „Грев или Шприцер“ – во изведба на Македонски Драмски Театар – Скопје, Македонија
    Автор: Сашко Нацев
    Режија: Дејан Дамјановски
    Музика: Венко Серафимов
    Сценографија: Филип Јовановски
    Костимографија: Билјана Каран

    Понеделник, 16.09.2013 – час 20:00
    „ПМС – Пост Машки Стрес“ – во изведба на Народен Театар „Јазавац“ – Бања Лука, Босна и Херцеговина
    Текст: Душко Радовиќ
    Драматизација и адаптација: Марио Ќулум
    Сценографија и костимографија: Драгана Пурковиќ – Мацан
    Музика: Дејан Илиќ и Дејан Зориќ

    Вторник, 17.09.2013 – час 20:00
    „Малограѓанска свадба“ – во изведба на Народен Театар „Стерија“ – Вршац, Србија
    Автор: Бертолд Брехт
    Режија, сценографија и костимографија: Александар Швабиќ
    Кореографија: Бојана Мишиќ
    Музика: Момир Цветковиќ и Иван Антиќ

    Среда, 18.09.2013 – час 20:00
    „Да ги смениме жените“ – во изведба на Белградски Народен Театар „Славија“ – Белград, Србија
    Текст: Раде Вукотиќ
    Режија: Раде Вукотиќ
    Четврток, 19.09.2013 – час 20:00
    „Рима“ – во изведба на Културен Центар „Акорд“ – Никшиќ, Црна Гора
    Текст: Николај Кољада
    Адаптација и режија: Драган Кнежевиќ
    Асистент на режија: Марија Илиќ
    Сценографија, костимографија и музика: Драган Кнежевиќ

    Петок, 20.09.2013 – час 20:00
    „Како минав сношти“ – во изведба на Народен Театар „Невена Коканова“ – Дупница, Бугарија
    Автори: Светислав Пеев и Јури Ступел
    Режија: Светислав Пеев

    Сабота, 21.09.2013 – час 20:00
    „Од кол на кол 2“ – во изведба на Народен Театар „Марко Цепенков“ – Прилеп, Македонија
    Текст: Реј Куни
    Режија: Коле Ангеловски

    Недела, 22.09.2013 – час 20:00
    „Звезди и Таленти“ – во изведба на Уметничка Работилница „Призор“ – Белград, Србија
    Текст: Марко Камелоти
    Адаптација и режија: Раде Вукотиќ
    kriva palanka logo JO
    Ве покануваме на седумдневно дружење и незаборавна забава во Крива Паланка, малиот град кој ќе биде разубавен уште повеќе со овој навистина прекрасен фестивал. Се гледаме таму!

  • Грчки новинари во Бурса

    Грчки новинари во Бурса

    seferihisar 3

    Општината Османгази од Бурса беше домаќин на Грчки новинари. Во дводневната програма, Грчките новинари побараа развој на соработката меѓу двете држави и укинување на визниот режим за Грција полесно да излезе од економската криза.

    Балкон3

  • ПЛАНИНАРЕЊЕ, ПОЛНА МЕСЕЧИНА И ДОБРА МУЗИКА. УНИВЕРЗУМОТ СЕПАК СЛУША!

    Додека го пиев моето утринско кафе, размислував за планини, шуми, природа, додека се топев  од жештина ми заѕвони телефонот. Ха, мојата другарка ме покани да пуштам музика на забава што ќе ја организира планинарско друштво на планина и тоа на 1500 метри надморска височина! Универзумот сепак слуша!
    PlaninaCover
    Дивата, а нежна природа, волшебните дрвја, цветните ливади на планината Бистра, чистиот воздух кој како магичен мирис опива, дури и комарците кои мудро и упорно досадуваа, беа дел од оваа бајка.
    Planina001
    Карактеристично за овој настан беше несекојдневната организација, која беше за голема почит. Присуствуваа околу  180 луѓе, за секој од нив имаше наместен шатор, подлога и вреќа за спиење, изворска вода од која не можевме да се изнапиеме, шанк со пијалоци, чајче за секој планинар кој се врати попотен од дождот кој ги сретна и поздрави во шумата, како огромен шампањ за добредојде.
    Planina003clip_image002Рачно ископаните и направени вециња, беа уште едно уникатно изненадување од друштвото, можам да потврдам за нивната креативност.Planina008

    Вечерта следуваше забавата до утринските часови, сите беа весели, кои уморни од планинарењето до околните врвови, кои расположени од пијалоците, кои од музиката, кои од симпатиите што ги запознаа.

    Planina009
    Друг подарок беше полната месечина која беше најбиску до земјата годината и магичното виножито кое се исправи после дождот над планините. Секоја чест за планинарското друштво Македон и целата љубов и страст кон овој настан, толку поради тоа кружеше преубава енергија и насмеани лица. Се гледаме догодина пак!
    Planina016

    Фотографии: Николчо Петров
    Автор: Ана Секуловска

  • Вистинска баклава од мајсторите во Истанбул

    Баклавата се уште е еден од најпопуларните десерти и пресреќни сме што имавме можност да видиме као се прави вистинска баклава за време на нашата кулинарска тура во Истанбул, Турција. Нашата дестинација беше „Gulluoglu Baklava“, мајстори за баклава од 1800 година кои се наоѓаат во местото Каракој во Истанбул.IMG_0714

    Она што ме импресионира посебно е љубовта и пасијата на семејството Гулуоглу кон нивниот продукт и напорот да ја направат секоја баклава незаборавно искуство.

    „Слушаш ли како крцка“, ми вели Мурат, кој припаѓа на шестата генерација мајстори за баклава од семејството Гулуоглу, додека со вилушката двои едно парче. Продолжуваме со турата околу производната линија, а тој вели:

    „Звукот всушност е  знак за свежина, знак за најдобрата баклава. Добрата баклава остава небесен вкус во вашата уста, не треба да биде ниту претешка, ниту преслатка, напротив треба да биде доволно „лесна“ да ве примами да изедете цела една чинија“.

    2011 Grand Turkey tour- Baklava, with OTT IMG_0711

    Да ги гледате мајсторите за баклава (ustas) во акција е незаборавно искуство. Кога велам мајстори тоа и го мислам. Секој од нив минува 8-10 години во секоја фаза од производството на баклавата се до нејзиното совршенство, приготвување на тестото, негово претворање во тенки кори, подготовка на шербетот, печењето на вистинска температура…

    Првото нешто што ве поздравува овде се облаците од брашно кој се издигнуваат во воздухот додека се прават тенките како лист хартија кори. Сите се растегнуваат со рака и со оклагија. Секоја кора е толку тенка што може да читате весник преку неа. Кога ќе достигне дебелина од само 2 милиметри, мајсторите почнуваат да ги редат една по друга на послужавник намачкан со путер.IMG_0723

    Мајсторите ставаат дваесет слоеви кора (ги попрскуваат со растопен путер по секоја четврта кора), а потоа не штедат од најдобрите фстаци од Газиентеп. Овие фстаци се единствениот вид кој се користи овде, а некогаш се ставаат и лешници на 20-тиот слој. Кога ќе се додаде и следната тура од 20 слоеви, мајсторот ја сече прво хоризонтално и става топен путер кој додека се сече баклавата полесно навлегува во секој слој. Потоа се сече вертикално и се додава уште една доза топен путер. Баклавата сега е подготвена да се пече на температура од 165 степени целзиусови.IMG_0725

    За тоа време се подготвува шербетот кој се состои од чист шеќер, сок од лимон и вода. Штом ќе се зготви шербетот се полева околу релативно оладената баклава по што таа повторно се става во рерна уште 5 минути. На крајот баклавата се остава да отстои на ладно место. Финалниот производ е баклава која се топи во уста. Толку е лесна што ќе изедете цела чинија.

    IMG_0720

    За потеклото на баклавата има многу теории, но едно е сугурно, а тоа е дека таа е усовршена во кујните на Топкапи палатата за време на Отоманската Империја и таа била омилен десерт на Султанот. Нејзината важност не е само во тоа што се смета за симбол на богатство и софистицираност туку и поради фактот што се смета за државна традиција. 2011 Grand Turkey tour- Baklava, Spice Market, BlueMosque-Day 3 059

    Парадата на баклавата која започнала кон крајот на 17 и почетокот на 18 век е пример за таа традиција. Кога војниците ја добивале тримесечната плата од Султанот, им била приготвувана и гозба и на 15-тиот ден од Рамазан ги частеле со баклава. На 15-тиот ден од Рамазан Султанот одел да ја види наметката на пророкот Мухамед која се чува во Топкапи палатата и тогаш јаничарите добивале баклава, по една чинија на 10 војници. Подоцна, оваа традиција прераснала во парада.IMG_0737

    Тестирање на баклавата со слух

    Кога ќе ставите вилушка во баклавата треба да слушнете крцкав звук. Ова значи дека слоевите се тенки и баклавата е добро испечена. Колку се потенки слоевите, толку е подобра и баклавата.

    Тестирање со мирис

    Кога ќе ја доближите до устата треба да почувствувате мирис на путер и лешници или фстаци. Добрата баклава треба да има добри состојки.

    Пробување

    Можете да ја почувствувате добрата баклава во вашата уста. Таа остава небесен вкус и не може да ве заболе стомакот од неа.Petersons charity event and olives, red pepper, parsley meze 003

    Дали сакате да приготвите баклава дома? Ова е мојот рецепт кој можете да го пробате.

    Ако вистинската баклава треба да биде лесна и да ве натера да изедете цела чинија мислам дека мојот рецепт го постигнува токму тоа.

    Се надевам дека ќе уживате

    http://ozlemsturkishtable.com

    (Текстот е објавен во соработка меѓу Балкон3 и Ozlem Turkish Table)

  • ПОСЛЕДНИОТ ЌЕМАНЕЏИЈА: ОСАМЕН ЕКОТ ОД ВЕКОВНОТО ЌЕМАНЕ НА ДОСЕ

    Досе Ангелов од селото Станци секојдневно доаѓа кај Осоговскиот манастир и ја раскажува својата животна приказна низ звукот од инструментот стар над 100 години

    kemane3Продорен тажен звук, како да доаѓа од некои дамнешни мачни времиња, одекнува катадневно во кругот на Осоговскиот манастир. Намерникот што таму пристигнува застанува за миг и се впушта во потрага по изворот на оваа мистична и тегобна мелодија. Во еден момент погледот застанува на спротивниот крај од манастирскиот комплекс, некаде кај конаците. Таму, ненаметлив, по малку срамежлив и со задлабочен поглед седи Досе Ангелов, еден од последните, како што вели, природни ќеманеџии во Македонија.

    В рака го држи своето ќемане и се чини како да станал едно со дрвениот инструмент. Тегне со импровизираното гудало врз челичните жици и гледа кон далечината, како да сака да види до каде отпатувал звукот од ќемането со кое по цели денови свири и за гостите и за себе. Таму е речиси цело лето, со надеж дека некој добронамерник ќе му остави некој денар или, пак, ќе му даде ручек, колку да помине денот.Kemane1Ќемане постаро од 100 години

    Вели дека инструментот е од неговиот дедо и дека поминале сигурно повеќе од 100 години откако од него одекнала првата мелодија. Направен е од оревово дрво. За жици нема пари, па става челични кои ги наоѓа овде-онде.

    – Свирам од љубов. Од дедо ми го наследив ова ќемане уште како дете и оттогаш не го оставам од рака. Повеќе не може да се најде ваков инструмент, никој не ги прави како некогаш што било и ретко кој свири на ќемане. Можеби сум веќе и последна генерација свирачи на овој инструмент. Младите не се нафаќаат да го свират. Треба, како што се вели, ќемането да ти фаќа, односно да се има талент и желба – вели Досе.

    Потекнува од селото Станци и има повеќе од 60 години. Работел во некогашната текстилна фабрика „Карпош-декор“ од Крива Паланка. Во времето на транзицијатастанал технолошки вишок и повеќе не можел да најде работа. Оттогаш единствена утеха му станало ќемането, па преку неговата мелодија си ја искажува маката што ја влече со години.

    Тоа беа убави времиња. Работевме за странски пазари. Убаво се живееше. Сега е поинаку. Оттогаш само маката ни остана. Секој си ја има и на свој начин си ја кажува – вели Досе.KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

    Свири од љубов кон музиката

    Кај манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ Досе доаѓа речиси секој викенд во текот на летото. Свири од љубов кон музиката, но и за посетителите, домашни и странски, кои таму поминуваат. Некој одвреме-навреме ќе му даде некој денар, на што е особено благодарен. Никому не му пречи, па од манастирот го оставаат да ги свири своите песни.

    Сепак, тој праша дали има место за него во Скопје и дали некој би сакал да му ги чуе мелодиите. Сака да свири во главниот град, но не може да си го дозволи тоа. Нема место каде да преспие, ниту каде да се нахрани.

    – Скапо е да патувам секој ден. Што за билет, што за храна, парите ќе отидат. Ќе ми остане само пуста желба. Овде ми е добро, барем сум на свое. Некогаш доаѓаат и странци, па застануваат и гледаат де во мене де во ќемането – вели ќеманеџијата.Kemane2

    Безвремени мелодии

    По некое време поминато покрај Досе човек добива чувство дека неговите мелодии се безвремени. Песните како да немаат ниту почеток ниту крај. Како си да е една сплотена епопеја која тој низ музика ни ја раскажува од ден на ден.

    По краткиот разговор Досе повторно го зеде инструментот в рака, го упати погледот кон далечината и ја почна својата нова музичка приказна со меланхоличниот звук што одекна од ќемането.

    Тоше Огњанов/Телеграф МК

  • Меѓународна графичка работилница во Богданци

    Шеснаесет млади уметници од Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија ќе учествуваат на меѓународната графичка работилница „Софија“, која ќе се одржи од 23-ти август до 3-ти септември во Богданци. Работилницата, која веќе шеста година трафиционално се организира на крајот на август, е една од ретките во регионот посветена на графиката како ликовна дисциплина.

    Од Печатница „Софија“, која е организатор на работилницата, велат дека целта е на младите и талентирани автори да им се овозможи размена на искуства и услови за реализација на нивните дела, бидејќи поради условите во кои се работи, графиката како техника е помалку застапена во целиот регион. Ментор на годинашнава работилница ќе биде реномираниот професор Звонко Тилиќ, шеф на одделот за графика на Академијата во Нови Сад.
    gr 2012 4
    Завршните дела ќе бидат изложени во галерискиот простор на Печатница „Софија“ во Богданци, а по завршувањето на работилницата се предвидени изложби во повеќе градови низ Македонија, како и во други земји на Балканот.
    Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година. До сега низ неа продефилираа над 90 млади уметници од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија и Хрватска.

    Повеќе за графичката колонија „Софија“ можете да прочитате на фејсбук профилот на работилницата.

     

  • КИНО ПОД ЅВЕЗДИТЕ

    Балкон3 на Филмскиот фестивал во Стариград Пакленица, местото каде моќниот Велебит влегува во морето

    paklenica svetlo1Секое мое патување во Хрватска е приказна за себе. Најчесто одбирам места на кои никогаш не сум била и тргнувам без очекувања, едноставно бидејќи сакам да се изненадам од единственоста што секое место си ја носи за себе и со себе, пријатна или не. И овој пат беше така.nacionalni park paklenicaЗа Starigrad Paklenica Film Festival знаев одамна, но оваа година конечно се намести сложувалката да бидам дел од ова меѓународно збиднување единствено од овој тип во светот  – фестивал на музички документарен филм.

    Стариград Пакленица е местото каде моќниот Велебит влегува во море. А на две места, кањоните Голема и Мала Пакленица, природата дозволила границата меѓу планината и морето да се измеша во ‘пеколна’ убавина. Самите кањони се рај за алпинисти, планинари и секаков вид љубители на помалку или повеќе екстремни спортови. А по напорните искачувања и уживањето во височините, симпатичното местенце ви овозможува гушкање со морето на повеќе убави места… Кој како љуби – на карпи, на песок, на уредени плажи.paklenica otvorenoПакленица ми беше еден од дел од Хрватското приморје каде не сум била и тоа беше предизвик само по себе, а спојот со музиката и филмот ми се чинеше како идеална околина да запознаеш едно парче од рајот на земјава. И не згрешив…

    Тимот на SPFF не можел да одбере подобро место за да ги спои музиката и филмот во прекрасна симбиоза со природата. Чинам дека немаше посетител кој не беше оставен без здив. Некој од исклучително квалитетниот избор на филмови кои земаа учество на фестивалот проектирани во магичните кина под ѕвезди, некој од концертите кои се одржуваа под ѕвезденото небо на Мала Пакленица, некои од храната, некој… Но сите заедно од прекрасната енергија за време на дружбите на сите учесници. Како да сме едно, како е да Пакленица центарот на светот.paklenica play it samКако што кажа директорот на фестивалот Адмир Чулумаревиќ во интервјуто за Вечерњи лист, најголемото богатство на фестивалот беа луѓето. Сите ние се споивме на посебен начин. Начин кој за секогаш го смени нашиот поглед на музиката, филмот и двете заедно споени во овој жанр.

    На фестивалот бевме 6 дена, но на крајот се чувствувавме како да сме таму кој знае од кога, споени во една компактна маса од љубители на убавини, поврзани со планината, морето, музиката и филмот. Самите проекции се одвиваа во трите кина кои секој ден за нас ги подготвуваше тимот на SPFF, по едно во кањоните на Мала и Голема Пакленица, а како новитет од минатите изданија на фестивалот беше киното на плажа.

    paklenica denski decko paklenica jadenjeОд 148 пријавени филмови на фестивалот, селекторот Зоран Пезо ни овозможи да уживаме во 28 наслови. 22 филмови се натпреваруваа за награди, по 11 долгометражни и кратки музички документарци. 4 филмови погледнавме во рамките на Словенечката недела, бидејки Словенија беше земја партнер на фестивалот оваа година. А како бонус, надвор од конкуренција погледнавме уште 2 филма. И ако некој ме праша да одвојам кој филм најмногу ми се допадна, ќе речам дека во овој жанр, тоа е многу тешко, посебно за љубители на добра музика и филм. Секој наслов си носеше приказна за себе, раскажана на посебен  начин, онака како што раскажувачот тоа го видел.paklenica svetloSearching for Sugarmen (SWE, Malik Bendjelloul) низ солзи и смеа не’ прошета од едниот на другиот крај на светот, во една сосема откачена приказна со непредвидлив крај.

    Marley (USA, Kevin McDonald) биографска сторија за Bob Marley раскажана од неговите најблиски, во негов манир – весело и полно со позитивна енергија која тој така умешно знаеше да ја сподели низ своите песни. Hugh Laurie: Down by the river (UK, John Paul Davidson) не’ запозна со музичката страна на познатиот актер (Dr. House) преку неговото патешествие низ Америка, по трагите на неговиот омилен музичар. 60 минути музика за почит. Шабан (СРБ, Милош Стојановиќ) неизбежен балкански зачин на атмосферата на фестивалот со приказната за Шабан Бајрамовиќ. До солзи се смеевме и уживавме во единственоста на овој балкански блузер чии песни се длабоко врежани во нашите генетски кодови.paklenica denski frajleОва се само неколку наслови, а ги погледнавме и Fredie Mercury: The Great Pretender, Hrvatska rapsodija: Maksim Mrvica, Coldplay, Supersonic: Tribute to Sun Ra, Martino Unstrung, Damir Avdić: Pravi Čovjek za Kapitalizam и Marko Brecelj: Priletni parazit, ali kdo je Marko Brecelj.

    Во конкуренција на кратки филмови погледнавме една широка лепеза на кратки приказни од сите страни на светот исполнети со многу музички жанрови, но и приказни за изработувачи на гитари, за колекционери на грамофонски плочи… за луѓе кои едноставно живеат за и со музиката. На листата на прикажани филмови беа Klapa Cambi: Piva klapa Kornelija, Fink: Warm Shadow, Music Man Murray, Za sve je kriv Earl Jones, Randy Parsons: American Luthier, Northern Haze: Living the Dream, Why Amsterdam, Big Bang Percussion, Rosario, Sedam Tamburaša čika Marka и All Hail the Beat.middle ageСепак, и покрај многуте одлични филмови кои беа во конкуренцијата за награди, жирито мораше да додели награди на 6 од нив: две награди Special Mention од стручното жири за филмовите Шабан (СРБ, Милош Стојановиќ) и Music Man Murray (USA, Richard Parks) и 4 од публика за филмовите  Klapa Cambi: Piva klapa Kornelija (CRO, Sandra Polić Živković),  Marko Brecelj: Priletni parazit, ali kdo je Marko Brecelj (SLO, Janez Burger), Martino Unstrung (UK, Ian Knox)  и апсолутниот победник на фестивалот Searching for Sugarmen (SWE, Malik Bendjelloul).

    Словенечките автори се претставија со Otroci Socijalizma, Toše – The Hardest Thing, Vlada и Jan Plestenjak: Priznam. А музичко-филмскиот колаж надвор од конкуренција го дополнија Nick Cave: Road to god knows where и Jazz Apartman.paklenica uliСо еден дел од режисерите, продуцентите и ликовите од филмовите имавме можност да се дружиме во рамките на прес конференциите и работилниците и од нив да научиме од поблиску за создавањето на овие филмови, да научиме дека овој жанр нуди една огромна слобода на изразување, широк дијапазон на теми и приказни и што е најважно, многу, многу музика.

    Така поминавме корисно време со Andy Markowitz (UK) еден од основачите на MusicFilmWeb.com најголемиот online извор посветен на информации и критики за музички документарни филмови, Thomas Norgaard (DK) млади и иновативни продуценти на филмот за Pearl Jam, Rada Sesic (NL) креатор на програми и селектор на многу филмски фестивали, предавач на Master of Film во Холандија и претседател на жирито, Uli Schueppel (GER) режисерот на филмот Nick Cave: Road to god knows where и Marko Brecelj, главниот лик во филмот Marko Brecelj: Priletni parazit, ali kdo je Marko Brecelj.paklenica zurkaПосебна енергија на фестивалот донесе рубриката Film&Food во рамките на која сите заедно се дружевме во филмскиот центар, а дел од познатите учесници готвеа за нас. Не ретко овие дружења завршуваа со гитара и песни од сите страни на светот.

    А пак ноќите беа резервирани за концерти и ДЈ сетови во просторот на Мала Пакленица. Тешко се доловува атмосферата која беше секоја вечер посебна на свој начин. Дарко Рундек и неговото Карго Трио не’ дигнаа на нозе и сите во еден глас пеевме. Тамбурашите не прошетаа низ сите простори на поранешна Југославија.rundekЌе заклучам дека организаторот успеа да ни ги задоволи сите сетила… Гледавме ѕвезди под ѕвездите, уживавме во прекрасна музика, мирисавме море и јадевме прекрасна храна.

    За крај, ќе го цитирам Wim Wenders со мисла со која и претседатлеката на жирито Рада Шешиќ ја заврши својата работилница: “Кога одите во кино, мора да дојдете како една личност, а да излезете како друга. Филмот мора да ве допре, смени…”

    Starigrad Paklenica Film Festival сосема ја исполни оваа мисија. Се гледаме догодина пак!

    Анита Палческа

     

  • Матка – прегратка на природата!

    Матка – прегратка на природата!

    Балкон 3 Ве води со чамец низ кањонот Матка, на реката Треска до пештерите Врело. Овој прекрасен кањон се наоѓа на само 15 километри од Скопје. Подводната пештера Врело е една од најдлабоките пештери во светот и не е сеуште истражена. Овие природни убавици беа македонски кандидат заедно со Охрид за Новите 7 светски чуда на природата.matka4Кањонот Матка е секојдневно посетуван од туристи од целиот свет, од вљубеници во екстремните спортови (алпинизам и кајак на диви и мирни води), спелеолози, авантуристи, рекреативци… Покрај овие дарови од природата, тука се наоѓаат и повеќе цркви и манастири од средниот век, повеќето зачувани во целост. Некои Матка ја нарекуваат и Мала Света Гора.

    Посетете ја Матка кога ќе можете. Дотогаш само притиснете: Play!

    Балкон3

    фото: Ерџан Селим

  • Концерти, изложби, театар, филм… на БОШ фестивал

    Kонцерти, изложби, филмски проекции, театарски претстави, поезија, уметнички перформанси и работилници на петтото издание на Мултемидајалниот арт фестивал „БОШ“. Фестивалот, кој ја промовира независната културна и уметничка сцена, ќе се одржи од 23ти до 25ти август на повеќе локации во Гевгелија. Како и секоја година, сите настани се бесплатни.

    Во музичката програма засега се потврдени: Zebra Tracks од Атина, Грција, Клопка за пионира од Панчево/Белград, Србија, Zea од Амстердам, Холандија (член на култните ‘The Ex’)… Од македонските изведувачи ќе настапат The John & Space Rebel Gang и Дa Џака Накот, a предвиден е и freestyle jam session на дваесетина домашни, странски и локални музичари од Гевгелија. Од имињата од домашната електронска сцена тука се и Дени Трајков, Martchin [OffPop] и PMG Kolektiv.

    Zebra Tracks
    Zebra Tracks

    На фестивалот ќе биде прикажан и multi-screen филмот „Julius“ на Elastic Theatre од Лондон (прогласена за најдобра театарска компанија за 2012 година / 2012 Fringe Report Award for Best Theatre Company), а нивниот уметнички директор и продуцент Jacek Ludwig Scarso ќе оддржи и работилница за интерактивен театар. Со свои изложби ќе бидат присутни Атанас Ботев, Маја Кировска, како и Мултимедија Центар од Гевгелија.
    За ова јубилејно издание, организаторите работат и на обезбедување кампинг простор, а исто така во најава е и дневна шема насловена „Bosh Rechargeable“, која е предвидено да се случува на „Сифулајските острови“ во Гевгелија.
    Фестивалот е совршена можност преку конзумирање на уметност да се почувствува гевгелиската опуштеност и медитеранскиот шмек на овој град. Замислен како мултимедијална платформа низ која се слави креативниот израз во урбан контекст, но и континуиран процес на создавање на еден поразличен, несекојдневен и неконвенционален јавен простор…
    БОШ Фестивал е посветен на прерано починатиот поет и актер Бошко Бозаџиевски. Фестивалот е во организација на здружението АРТ ЕКВИЛИБРИУМ од Гевгелија, во партнерство со јавната општинска установа Дом на култура „Македонија“.

    Повеќе информации за настанот можете да најдете на официјалната web страна на фестивалот.

  • Најстариот сведок на историските пожари во Истанбул

    Замислете дека за прв пат патувате во град кој што не ви е познат. Што ќе биде првото нешто што ќе ве привлече, со самото влегување во градот? Дали се тоа импровизираните згради од денешно време лишени од уметнички квалитет? Или, пак, уникатните историски градби кои во добра или лоша состојба успеале да опстанат, и да не бидат дел од правливите страници на историјата?

    Ако вашиот избор биде вториот, ајде повелете, од мене слушнете ја приказната за една од тие градби.

    kula1Пред неколку дена, тргнав да ги истражувам кулите и градските ѕидини кои владееле во Истанбул. Мојата прва станица беше Бејазит Кулата во истоимената населба. `Оваа кула која се наоѓа во главниот кампус на Истанбулскиот универзитет изградена е во 1749 година за набљудување на пожари и алармирање` велат одговорните во универзитетот. Во републиканскиот период кулата добила дополнителна задача, информирање за временската прогноза. Оваа задача со помош на рефлекторите на кулата продолжила до 1995 година.

    По истражувањата кои ги направив дознав дека сината светлина означувала дека утредента времето ќе биде јасно и сончево, жолтата дека ќе биде магловито, зеленото дека ќе биде дождливо и црвеното дека утре ќе паѓа снег.

    `Кулата која за прв пат била изградена од дрвени материјали, изгорела во 1774 година во големиот пожар познат под името Џибали. Султанот Мехмет II повторно ја изградил од дрво во 1826 година` ни раскажуваат универзитетските професори.  `За жал кулата не ја достигнува конечната форма, бидејќи повторно била уништена. По востанието на Јаничарскиот корпус кулата била запалена уште еднаш. Финалната верзија на кулата е изградена од архитектот Сенекерим Балјан, по наредба на Султан II. Махмут, во 1828 година.

    Кога била за прв пат изградена, таа била висока 85 метри, а по изградените дополнителни катови висината достигнала до 118 метри. Со тоа добила 4 ката: Кат за дежурство, кат за сигнализација, третиот за сигналните корпи, и оној на врвот за знамиња.

    kula2

    Во дел од кулето од страната на Плоштадот Бејазит има на натпис дека е сопственост на Султан II. Махмут. Над него има монограм за султанот. Стихот ми привлече вниманието и затоа се обидувам да го прочитам.

    kula3

    Потоа го слушнав гласот на одговорниот на кулата кој што ме придружуваше: `До спратот за дежурство има 180 скали, се колнам имаме тешка задача. Нема ни лифт за да може да се качиме!`. Најпрвин имам страв, но не се откажувам, си велам сам во себе, денес мора да се качиме во кулата!

    На крајот, конечно, се отвара многу очекуваната мала врата

    kula4

    Воопшто не е лесно, 180 дрвени скали ги качуваме чекор по чекор. За среќа светлата по ѕидовите околу скалите ни помага удобно да се качуваме по скалите.

    kula5  kula6

    После 10 минутното `маратонско качување по скали` стигнавме до спратот за дежурство. Заради уништените скали горниот кат е затворен за прошетка, затоа ова ни е последна станица. На овој кат за дежурство има точно 12 прозорци. Во страничните и горните делови на прозорците има украси во неутрални бои. Да бидам искрена уметничките пејсажи во кулата многу ми се допаднаа.

    kula7  kula8

    Најважниот објект во спратот за дежурство е историската скала направена од челик. Челичната скала која има можност да се собира, мора да има спасено многу животи … кој знае?

    kula9

    Најубавиот и најзначаен изговор за да се посети кулата е фантастичниот поглед кон Истанбул од врвот на кулата. 12 прозорци во кулата со перспектива од 360 степени нуди спектакуларни можности за поглед на Истанбул. Ако сакате да ги видите пејсажите на Златниот Рог (Haliç) и Босфор не ја пропуштајте оваа можност.

    kula12

    kula10  kula11

    Една традиција на Кулата Бејазит: `Ти се роди син`

    Во античките времиња кулата на огнот се нарекувала `дворец на пожарот`, набљудувачите на пожарот се нарекувале `жители на дворецот`. Во согласност со традицијата на кулата набљудувачот кој што ќе забележал пожар велел: `Ага! Ти се роди дете! Агата пак прашувал, `Ќерка или син?. Ако огнот е во страната на Анадолија, Бејоглу или во Румелискиот дел на Босфорот  одговорот бил `Ќерка`, ако пожарот се случило во внатрешноста на Истанбул одговорот бил `син`.

    Ајше Шејда Демир