Author: Balkon3

  • Македонскиот уметник Зоран Попоски изложува во Њујорк

    Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски ќе биде дел од меѓународна изложба во галеријата Виридијан во Њујорк, која ќе биде отворена од 2-20 јули 2013 година.

    Изборот на делата за изложбата го направи познатата кураторка Елизабет Сусман од Музејот Витни во Њујорк. Сусман го одбра уметничкото дело на Попоски во конкуренција од над 1.000 пристигнати дела од целиот свет. Во нејзиниот кураторски текст кон изложбата, Сусман вели: „Њујорк себеси се смета, со право или не, за центар на уметничкиот свет. Во неделата додека траеше изборот на делата за оваа изложба, во градот се случуваше уметничкиот фестивал Фриз, современите аукции во Сотби и Кристи заработуваа огромни пари, а мега галериите во Челси прикажуваа гигантски изложби на глобално брендирани уметници. Избирањето на делата за изложбата во Виридијан во тоа време беше клучна активност, како олеснување од застрашувачкото согледување дека, барем во Њујорк, уметничкиот свет многу малку е одвоен од глобалните финансиски пазари и индустријата за забава.“

    Зоран Попоски реализирал повеќе од 60 меѓународни самостојни и групни изложби, меѓу кои во Берлин, Париз, Њујорк, Хонг Конг. Во своите видеа, перформанси и дигитални графики, Попоски ги истражува прашањата на идентитетот, територијата и јавниот простор. Негови јавни уметнички проекти се презентирани на ЛЕД екрани, постери и билборди во Њујорк, Скопје и Даблин.

  • Ликовните уметници ќе ја будат солидарноста во Скопје

    …„Скопје, тоа е концентрат на човековата борба со природата, но и резултат што вдахнува за нова борба, а не за прифаќање порази”… Жан Пол Сартр, 1963

    Ликовни уметници од Македонија ќе ја будат солидарноста во Скопје преку своите уметнички дела. Петмина ликовни уметници во среда од 19 до 23 часот во централното градско подрачје ќе го прикажат/раскажат своето гледиште на тема “Wake-Up Solidarity“ (Будење на солидарноста) по повод одбележувањето на 50 години од катастрофалниот земјотрес на Скопје. Настанот е дел од проектот “Скопски урбани приказни“, а се организира од страна на Друштво на ликовни уметници на Македонија во соработка со Скопско Лето. Проектот оваа година ќе се организира по шести пат. Учесници на проектот се ликовните автори: Кристина Божурска, Ангел Миов, Ален Реџепагиќ, Мирослав Стојановиќ Шуки и Маја Кировска.

    Божурска ќе се претстави со подна инсталација од камени коцки и фотографии.

    „Она што оваа инсталација сака да го забележи е како и зошто вистинската уметност се заобиколува, а се афирмира и креира нова, квази уметност? Во оваа инсталација искористив фотографии од делата во депото на МСУ кои ги направив со цел да се покаже моменталната сосотојба на колекцијата на МСУ, и камени коцки кои се отфрлени од плоштадот на Скопје во корист на неговиот нов изглед. Денеска, живеејќи во време на возвишување на кич и турбо-фолк вредности, на лажен златен сјај и мегаломанија,дали сме доволно свесни да ги препознаеме вистинските вредности? Со ерозија на културните вредности,се јавува ли и ерозија на човечките? Знаеме ли на туѓата солидарнот да возвратиме со своја?, вели за своето дело Божурска.

    Миов ќе се претстави со комбинирана техника за која вели дека претставува инсталација во простор, поставена на под, поточно е составено од испишан крст во црвена боја со истегнати букви со кои пишува Македонија во хоризонтала и вертикала, повеќе фотографии кои потсеќаат на старо Скопје, разни предмети, цигли, куфер, палета, рамки итн.

    „На прв поглед не е јасно читлив текстот, но со менување на аголот на гледање може да се прочита. Делото е составено од повеќезначни симболи, кои нудат можност за различно читање и толкување, но и со конкретни асоциации за мигот кога се станува релативно и кршливо, мигот кога Скопје го доживеа катастрофалниот земјотрес“, открива авторот.

    Делото на Реџепагиќ насловено како „Силуети“ е инсталацијата која содржи вертикали од прозирен плексиглас во различна димензија обесени на хоризонтална пречка.

    „Приказ на живиот свет и средината во која тој опстојува, меѓусебната зависност субјект-субјект, субјект-објект и невидливите нишки на нивната поврзаност…. Кревкоста, ранливоста, минливоста на истите треба да ни послужат како своевиден потсетник за потребата од нивното постојано регенерирање.“, го опишува тој своето дело.

    „I fill blue for you“ е насловот на делото на Стојановиќ Шуки кое се состои од плексиглас прикачен во просторот, позади кој се наоѓа рефлектор кој ја пренесува плавата боја на плексигласот боејќи ги лицата на посетителите. На плексигласот е испишан зборот Емпатија.. Пред плексигласот стои висок кој го симболизира земјотресот и уништувањето, како и новиот почеток и раѓањето.

    „Делото ја отсликува највозвишената од сите емоции „емпатијата“, која според мене е најретка и најтешка од сите емоции. Таа повлекува реперкусии, односно го носи човекот во доменот на божественото, што со себе повлекува оштетување на емотивното битие. Емпатија се јавува најчесто во најдраматничните моменти при катастрофи и тргедии, а скоро да и не постои во нормалните времиња, не трае долго и брзо ја снемува.“, објаснува авторот.

    Кировска ќе го прикаже делото „Оптимист“составено од 7 објекти (стилизирани птици), поврзани за друг објект од впоивлив материјал со помош на конец префрлен преку шипка или оптегната сајла. Со систем капка по капка впивливиот материјал ја менува тежината и ги крева во висечка позиција прикажаните објекти.

    „Оптимист е дело создадено како одговор на темата по повод 50 години од скопскиот земјотрес. Оваа тема ја разгледувам од аспект на потомок на оние кои имале среќа да останат живи во оваа огромна трагедија. Делото е прослава на животот и негова цел е да не потсети да бидеме благодарни за секој нов ден што животот ни го носи.“, вели Кировска.

    Автор: Балкон3

    Мапа за настанот
    Мапа за настанот

    АВТОР                                              ВРЕМЕ                            ЛОКАЦИЈА

    1.Кристина Божурска                      19:00-19:30         пред книжара Култура (плоштад)

    2.Ангел Миов                                  19:30-20:00         помеѓу ЕВН и Дестан (плоштад)

    3.Ален Реџепагиќ                            20:00-20:30         плато пред Дом на Армијата

    4.Мирослав Стојановиќ Шуки           20:30-21:00         плато пред Дом на Армијата

    5.Маја Кировска                              21:00-21:30          ул. Македонија (кај Пеко)

     

  • Летни фестивали во Грција

    Во моментов мечтаам со страсната и веќе нетрпелива желба да одам некаде. Да одам некаде каде ќе можам да уживам во мирис на море, вкус на различна храна, флерт со шармантниот ветер на некоја плажа, а сето тоа искомбинирано со добар концерт, фестивал за филм, театар, танц… Одлучив да разгледам настани кои ќе се случуваат ова лето во, за мене секогаш неодоливата, Грција. Би сакала да споделам некои со вас, можеби ќе посетиме нешто. Никогаш не се знае, а секогаш се верува 🙂

    Меѓународниот филмски фестивал во Патра (International Film Festival of Patras City) за независни видеа и филмски фестивал за млади артисти. Овој фестивал е отворен за сите луѓе од целиот свет кои сакаат да ја покажат својата работа, да се изразат себеси, своите мисли и чувства. Фестивалот започнува на 28 јуни и ќе трае до 30 јуни. Повеќе на официјалниот сајт на фестивалот.

    Како да стигнете: Патра се наоѓа на северниот дел од Пелопонез. Од Скопје е оддалечена 674 километри, а 519 километри од граничниот премин Богородица. За да стигнете од Скопје до Патра ќе ви бидат потребни околу 7 часа. Од Истанбул до Патра има 1063 километри и со автомобил можете да патувате преку граничниот премин кај Ипсала што ќе ви одземе над 8 часа. Можете и од Истанбул до Атина да патувате со авион (летот трае 1 час и 12 минути), а потоа до Патра ќе ви бидат потребни уште 2 часа и 30минути.

    Познатиот Лукабетус фестивал во Атина (Lycabettus festival in Athens) трае во текот на цело лето. Се одржува во стар, рударски каменолом на највисоката точка во градот. Одличната акустика, атмосферата и енергијата ја почувствувале големи светски имиња како Боб Дилан, Б.Б. Кинг, Пати Смит, Пако де Лусиа и многу други. До театрот, кој се наоѓа на врвот се стигнува со такси возила кои чекаат туристи на почетокот на ридот, потоа со жичара која се наоѓа на почетокот на улицата Плутарх (Ploutarchou) и која чини 3 евра во еден правец, а за тие со здраво срце и добра конциција пешачењето би траело од 30 до 45 минути. Повеќе информации за фестивалот на следниот линк.

    Како да стигнете: Скопје – Атина 710 километри преку граничен премин Богородица, 7 часа со автомобил, а за патување со велосипед немаме точни податоци J Истанбул – Атина преку Александрополис со кола 1100км, 11 часа. Истанбул – Атина лет 1 час и 12 минути. Од аеродромот во Атина до улицата Плутарху има 32км.

    Ривер Парти Фестивал, Несторио, Касторија (River Party FesrivalNestorio Kastorias). Ова е еден од најстарите музички фестивали лоциран надовр од Атина. Се одржува во Несторио, Касторија (северо-западна Грција ) на реката Бистрица (Haliacmon). Посетителите од Грција и соседните држави можат да уживаат во добрата сценографија и музика, кампување и пливање цели пет дена.

    Како да стигнете: Несторио од Атина е одалечен 501 километар, 5 часа и 35 минути со автомобил. Истанбул – Несторио, 802 километри, 8 часа и 13 минути со автомобил. Скопје – Несторио преку граничен премин Меџитлија (Битола) – 285км, 3 часа и 50мин. Повеќе информации на официјалниот сајт на фестивалот.

    Ана Секуловска

  • Европски ден на Музиката

    Секоја година, на 21ви Јуни, на денот на летната долгоденица, во многу градови ширум Европа,главна тема е Музиката. Идејата на еден ваков настан е создавање на музика и нејзино претставување на слушателите. Музичари од целиот свет, професионалци и аматери се собираат во поголемите градови во Европа за да ја претстават својата музика на љубителите, и тоа бесплатно.european_music_day

    Европскиот ден на музиката првпат се одржал во Франција во 1982ра година, кога Џек Ланг (тогашен министер за култура), добил идеја да го поттикне создавањето на музиката со тоа што сите музичари настапувале на улица.Следната година на денот на Музиката вкупно 200.000 музичари од сите краеви на светот настапувале по улици, градски паркови итн.

    Одтогаш денот на Музиката е прераснат во феномен кој се одржува низ цела Европа.

    Оваа година, од 19ти до 21ви јуни, овој настан ке се одржува во вкупно 22 градови во Грција.

    Место: Концертна Сала Солун

    Датум: Петок 19 – Недела 21 јуни

    Време: 19ч.

    Влез: Бесплатен

    И.К.

  • Kонтраверзни приказни на четвртиот ден на „Македокс“

    КУРШУМЛИ АН

    18.00 –20.00ч.

    „Дискусии под смоква“

    Запознајте ги и дискутирајте со Алис Шмид (режисер на филмот „Децата на планината Напф“), Жужа Божормени (член на жири за награда Кромид), Васја Бибиќ (член на жири за награда Млад Кромид), Јана Цисар (член на жири за награда Млад Кромид).

    КИНО ФРОСИНА – МКЦ

    19.00 ч.

    „ОЧИТЕ И УШИТЕ НА БОГА“ (Словенија, 2012,Tomo Križnar, MajaWeiss)

    Кон крајот на 2010 година, со помош на хуманитарната организација Х.О.П.Е., публицистот и активист Томо Крижнар успева да прошверцува 400 видеокамери во Дарфур преку Чад, како и првите две направи за испраќање видеослики на интернет преку сателит.

    Малите камери, кои во Кина чинат нешто повеќе од 10 евра, им ги дели на волонтери во воените зони во Судан, со чија помош и е направен овој филм. Нивните снимки се покажаа како поефективни од 20 000 војници на ОН и Африканската унија заедно. Зошто? Затоа што се сведоштво за тајното истребување на африканските домородци од предели во Судан, привлечни поради природните богатства: планините Нуба, Дарфур, Абиеј и Синиот Нил. Ова е документарна приказна и за раѓањето на независниот Јужен Судан, но и за новите војни што отпочнаа по неговото отцепување.

    21.00 ч.

    РЕПРИЗА „УТРЕ“ (Русија, 2012, Andrey Gryazev)

    КУРШУМЛИ АН

    21.00 ч.

    ФИЛМ ИЗНЕНАДУВАЊЕ

    21.35 ч.

    „СЕКС ЗА ШУМИ“(Полска/Германија, 2012, Michał Marczak)

    Сместена во Берлин, организацијата Fuck For Forest е една од најнеoбичните добротворни организации во светот. Водена од идејата дека сексот може да го промени светот, оваа невладина организација собира пари за еколошки цели преку продажба на домашно направени еротски филмови на интернет. Дени го открива овој неохипи свет на изобилство и радост, каде што сексуалната слобода станува едно со глобалниот алтруизам и ѝ се приклучува на акцијата. Од улиците на Берлин до длабоките шуми на Амазон, овие активисти ги здружуваат силите за да купат парче шума и да ги спасат домородците од болните апетити на Западот.

    *Филмот содржи експлицитни сексуални сцени и не се препорачува за малолетни лица и лица со слабо срце.

    23.15 ч.

    „ЧИНОТ НА УБИВАЊЕ“(Данска, 2012,Joshua Oppenheimer)

    По неуспешниот државен удар во Индонезија и интервенцијата на армијата во 1965 година, Анвар Конго и неговите пријатели од препродавачи на кино-билети преку ноќ стануваат водачи на ескадрони на смртта. Така, за помалку од една година, ѝ помагаат на армијата да убие над еден милион наводно прокомунистички ориентирани граѓани, етнички Кинези, уметници и интелектуалци. Само Анвар со свои раце убил стотици луѓе. Оттогаш власта ја „држат“ убијците.

    Во филмот, Анвар и неговите пријатели се согласуваат да ја раскажат приказната за убиствата. Но, имаат поинаква замисла; не сакаат да дадат сведоштва, туку да снимаат сцени налик на оние од филмовите за кои на времето продавале карти: гангстерски, вестерн, мјузикли. Тие самите го пишуваат сценариото. И се играат самите себеси. Ама ги играат и жртвите.

    00.35 ч. DJ Ненад Тонкин

  • Отворено четвртото издание на „Македокс“

    Почна Македокс. Ударничките песни на партизанските бригади овековечени во филмот за уривањето и изградбата на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, „Скопје ’63“, како и освежувачки предизвикувачките и инспиративни слободарски тонови на импресивната приказна за Сиксто Родригез, човекот кој со својата музика влијаел на слободата на Јужноафриканското општество без притоа да знае за тоа, екранизирана под насловот „Барајќи го Шугар мен“ најавија големи очекувања од годинешната програма.

    179779_552473974803845_1142301289_n

    Се погоди и небото. Без дожд, ако не се сметаат неколку паднати ѕвезди. Се погодија и приказните. И испратените пораки, кои годинава ќе ве оставиме да ги дешифрирате сами.
    Просто. Појдете на Македокс. Четврти пат годинава. Повеќе од обично кино.

    [nggallery id=8]

    Г.И.

    фото: Галина Страчкова, Димитар Апостолов

  • Детоксикацијата со „Македокс“ почнува

    Со проекција на филмот „Скопје 63’“во чест на 50 годишнината од скопскиот земјотрес и со Оскаровскиот филм „Барајќи го Шугармен“ во сабота официјално стартува фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Поделени во четири програмски целини, интернационалните документарни филмови и оваа година ќе не прошетаат низ светот и ќе ни ги доближат емотивните стории на главните ликови.

    Филмовите кои ни раскажуваат приказни од Словенија, Македонија, Хрватска, Албанија, Швајцарија, Финска, Египет, Бразил, Судан, Италија, итн… ќе бидат поделени во категориите: главна програма, нови автори, балкански документарци, краткометражни документарни филмови. Оваа година на фестивалската програма има и четири македонски документарци, филмови на Игор Иванов–Изи, Синиша Ефтимов, Кирил Шентевски, Петра Селишкар и Бранд Ферро.

    Фестивалот ќе се оддржи во Куршумли Ан и МКЦ. Новитет се репризите на филмовите кои ќе бидат прикажани во Младински Културен Центар (МКЦ). Поделени во четири натпреварувачки категории, документарните филмови ќе бидат оценети и наградени од различни жириа. Официјални награди на МакеДокс се:

    – Кромид- за најдобар филм во меѓународната натпреварувачка програма

    – Млад кромид- за најдобар филм на нов автор (прв или втор филм)

    – Кокарче- за најдобар филм за деца и млади

    – Награда за филм за најдобри Етички идеи

    „Годинешното издание го нарековме детоксикациско затоа што документарецот, како и кромидот, нè прочистува од токсините, било на културен или виртуелен план, ни предизвикува солзи и ни отвора врати од други светови што сами којзнае дали и кога би ги отвориле“ – велат организаторите на МакеДокс.

    Љубителите на докуметарните филмови ќе имаат можност да бидат дел од „Дискусиите под смоква“, организирани за време на фестивалските денови, секој ден во 18.00 часот. Фестивалот и годинава ќе го продолжи своето патување низ Македонија, во август месец, во Кумановскиот регион. Целта на „Патувачко кино“ е децентрализирање на културните случувања и овозможување на одредена културна доза и на останатите места во земјата.

  • Кајмачина. Вкусно!

    Вкусно, брзо, евтино. Балкон3 викендов Ви препорачува за десерт да подготвите кајмачина, идеално благо за летните температури.

    Потребни состојки:

    – 1 литар млеко
    – 7 јајца
    – 2 чаши шеќер

    Подготовка:

    Јајцата се мешаат со шеќерот се додека не се појави пена. Потоа се додава млекото и се продолжува со мешање уште извесен период. Смесата се става во стаклен сад и се пече во рерна на средна топлина. Откако ќе се испече, за што е потребно околу еден час (се додека над благото не се појават кафени пори) се лади и се сервира.

    Добар апетит!

    Бетул Берисе

  • Грција втора, а Турција трета со најчисти плажи на светот

    Грција е втора земја во светот по Шпанија во бројот на најчисти плажи и пристаништа со таканаречено „сино знаменце“ кое е знак дека плажите и водата во морето се одлично место за релаксација и за безбедно уживање. Турција и го зеде третото место на Франција и сега заедно со соседна Грција се високо на врвот.

    Balos-Beach-Greece
    Плажа Балос на Крит, Грција

    Најголем број чисти плажи со сино знаменце има Шпанија (552), а потоа е Грција (393) по што следи Турција (383). Франција падна на четвртото место со 365 плажи со сино знаменце. Промена на првите две места нема и годинава, но и Шпанија и Грција се потрудија да го зголемат бројот на чисти плажи и пристаништа. Само Турција направи голем пресврт симнувајќи ја Франција од пиедесталот.

    Анталија Турција
    Анталија Турција

    Турција на пример, првпат конкурирала за наградата пред околу 20 години кога на почетокот имало само околу 10 земји кои биле рангирани, а оваа земја тогаш била последна. Денес нивниот број изнесува 46 со што стана престиж борбата меѓу државите за освојување што повеќе сини знаменца, а нормално тоа носи и повеќе туристи кои сакаат да уживаат покрај чисти плажи и кристална вода.

    Крф, Грција, плажа со сино знаме
    Крф, Грција, плажа со сино знаме

    Синото знаменце денес стана препознатлив туристички симбол, а оваа награда ги поттикна властите да се грижат повеќе за хигиената и за безбедноста на туристичките локации. Инаку во Турција Анталија е провинцијата со најголема концентрација на чисти плажи со сино знаменце-179. Само за споредба во Истанбул има само три плажи со ваква престижна награда. Ова лето одберете некоја од „сините“ плажи во Грција или Турција и не заборавајте да читате Балкон3 .

    Островот Закинтос, Грција
    Островот Закинтос, Грција

    На следниот линк можете да најдете кои плажи во Грција имаат сино знаменце:
    http://www.blueflag.org/Menu/Awarded+sites/2011/Northern+Hemisphere/Greece/List/Beaches

    На следниот линк можете да најдете кои плажи во Турција имаат сино знаменце:
    http://www.blueflag.org/Menu/Awarded+sites/2012/Northern+Hemisphere/Turkey/List/Beaches

    A.M.

  • Полна месечина над Скопје

    Некому му наликува на голема светилка која виси на небото, некому на огромна топка, а некому на пита кашкавал. Како и да е, полната месечина е еден од најубавите природни феномени чие појавување не мораме да го чекаме со години. Имено, во полната месечина имаме можност да уживаме на секои 29,5 дена. За оние кои ја преспаа последната полна месечина, Балкон3 направи неколку одлични фотографии од единствениот природен сателит на Земјата, по чија површина до сега чекореле вкупно 12 луѓе, од кои последниот пред повеќе од 40 години. Уживајте!

    full moon4

    full moon5

    full moon3

    full moon2

    full moon1

    фото: Радован Вујовиќ