Author: Balkon3

  • Пештера од приказните, легендите и „Господарот на прстените“

    Пештерата Пешна, се наоѓа на 6 километри од Македонски Брод на регионалниот пат кој води кон Самоков и е една од најатрактивните природни убавини во Македонија, од кои голем дел за жал не се откриени. Оваа пештера која ја знаат само малкумина е неоткриено богатство и целосно неискористена туристичка атракција, иако е прогласена за споменик на природата. До неа се доаѓа по живописна патека загрната со дрјва и грмушки која води до неверојатно големиот пештерски влез.

    Според спелеолозите, Пешна има најголем влезен отвор на Балканот. Oва ремек дело на природата со својата величествена големина, грандиозност и убавина ќе ве остави без здив. Висока е околу 30 метри, а длабока околу 70 метри. Во горниот дел од пештерата нема да видите многу сталактити, но затоа погледот ќе Ви го задржат прекрасните форми направени од самата карпа, а може да видите ендемски вид на лилјаци кои се многу значајни за био-системот. Ќе наидете на карпи високи и над два метра, со прекрасен разигран релјеф. Благодарение на огромното окно, сончевите зраци успеваат да продрат до крајот на пештерата што овозможува да се прошетате низ неа без никаков проблем. Сводот и ѕидовите се во неверојатни бои, од светло зелена до виолетова.

    Интересно е што во месец мај, кога се топат снеговите од високите планини во тој предел, и кога водата ќе надојде, Пешна ечи од татнежот на водопадите кои се внатре во неа. На влезот од пештерата во нејзиниот северен дел ќе Ве пречека жубор од мала река која извира од малото езеро сместено на крајот од пештерата, а според извесни теории тоа е Крапска река, која формира неколку подземни езерца и водопади. Овој вруток во сушните периоди целосно пресушува.

    Како пештерски систем за кој се претпоставува дека е долг над 10 километри, претставува еден од најголемите пештерски системи во Македонија. Македонски спелеолошки друштва заедно со свои колеги, француски експерти, секоја година вршат истражувања и откриваат неверојатни подземни богатства, единствени на планетата. Имено, во пештерата на 200 метри под земја е откриено езерце во кое живеат ендемски вид риби со човекова кожа, нешто што до сега во поранешна Југославија беше препознатливо единствено за Постојна во Словенија.

    Пешна е регистрирана како локалитет од доцно античкиот период во Македонија. На влезот на пештерата постои средновековна тврдина. Остатоците од тврдината се поврзуваат со месноста „Девини кули“ за која легендата вели дека Крале Марко, кој имал 4 сестри, на две од нив им изградил живеалишта во овој предел.

    Уште во 14-от век, во самата пештера изградил дом за својата постара сестра Пешта. Додека на помалата Дева и изградил живеалиште спроти пештерата, оддалечено неколку стотини метри на запад. Од нејзиниот дом сеуште има остатоци на врвот од ридот. Денес, според нивните имиња се сегашните топоними на селата Девич и Пешна.

    Пештерата Пешна во „Њујорк тајмс“ е опишана како идентична на измислените пештери во „Господарот на прстените“. Замокот изграден внатре во пештерата во голема мера потсетува на Хелмс Дип од „Господарот на прстените“.
    Овде, во овој предел има бескрајно чиста природа каде што може да направите одличен пикник бидејќи на неколку стотини метри од пештерата тече реката Треска, која воедно е и идеално место за рибарење. Среќна околност за рибарите кои немаат среќа е блискиот мотел Пешна кој има сопствен рибник. Во близина на пештерата се наоѓа локална меана Дедо Илија која нуди традиционални македонски јадења.

    Ова ремек дело на природата треба да се најде на вашата must see листа. Вреди да се посети пред се заради недопрената природа на овој крај, синилото на небото, мирот и тишината, а откако ќе ги направите најубавите фотографи кои ќе ги оживуваат вашите спомени, може да продолжите во потрага по нови авантури.

    Кристина Ангелеска

  • Неговото височество Мафин

    Доколку сеуште не сте заминале на одмор и сте во вашиот дом, не очајувајте. Претворете го утрото во бајка со прекрасен мирис и вкус кој сигуро ќе предизвика убаво чуство кај Вас но верувам дека ке ги израдувате најблиските .
    Кога ќе помислам на мафин прва слика што ми доаѓа на памет е утро во некој од француските региони и традиционална француска пекара преполна со безброј вкусни лебови, кроасани, мафини, од која не можете да не заминете со полн стомак и пријатно чувство.

    ОД КАДЕ ПОТЕКНУВА МАФИНОТ?

    Прочепкав за да проверам од каде потикнува овој вкусен колач. Наидов на многу информации, кои раскажуваат различни приказни за историјата на мафинот. Сепак интуицијата ми велеше дека негова татковина е Франција. Од многуте информации на кои наидов оваа ми се виде за најточна: Првите мафини потекнуваат од 10-от век и се направени на територијата на Франција. Во други земји, мафините обично се нарекуваат англиски мафини. Зборот мафин е изведен од стариот англиски збор moofin, кој првпат се употребил во 1703 година.
    Какво и да е неговото потеклото, мафинот е мало вкусно задоволство, кое се подготвува брзо и лесно. Балкон3 Ви препорачува да пробате МАФИН СО ЈАБОЛКА И ЦИМЕТ.

    Состојки:

    – 1 јајце
    – ½ чаша шеќер
    – ¾ чаша млеко
    – 1/3 чаша масло за јадење
    – 2 чаши брашно
    – ½ лажичка сол
    – 1 пециво
    – 1 ванила
    – 2 јаболка
    – 1 лажичка цимет

    Подговотка:

    Јајцето и шеќерот се матат, а на нив се додаваат млекото, маслото за јадење, солта, пецивото, ванилата и брашното. Целата смеса повторно се мати со миксер. На крај се додаваат јаболката (ситно исецкани) и циметот и се меша со лажица .Потоа со оваа смеса се полнат калапите за мафини. Се пече на температура од 180 степени околу 20 минути. Откако мафините ќе се испечат, се украсуваат со цимет и шеќер во прав. Со ова ви предлагаме да се напиете зелен чај и задоволството на Вашето лице ќе биде очигледно.

    Добар апетит!

    Балкон3

  • Поглед на Атина

    Додека животот тече во градот на 5 милиони жители, полн со грижи….cover atina

    сите ние кои работиме во центарот на градот, чувствувајќи ги секојдневните забрзани вибрации зад бетонските згради, едвај забележувајќи ги познатите споменици… 

    atina1

    2

    другото лице на градот, сè уште блескаво, е тука да нè награди и помири со него.

    3

    Имате отворен поглед кон центарот на градот од кафулињата, терасите и балконите на околните ридовите . Тоа е она што го баравме, малку пауза од секојдневната гужва, дружба со пријателите и можност да се заборават сите грижи…

    5

    6

    7

    8

    9

    10

    11

    12

    13

    Ова е многу важен дел од начинот на живот во Атина, и можеби познатата глетка ни помага повторно да ја откриеме убавината која отсекогаш се наоѓа околу нас.

    14

     Софија Николаoу

  • Сите имаме вкусна храна, но кој јаде најмногу?

    vankahvaltievi-1024x768

    Понекогаш се расправаме чија е мусаката, сармата или баклавата, потоа дали правилно се вика донер или гиро. На крајот сепак заклучуваме дека без разлика кој ги измислил, тие се дел од традицијата на сите нас и уживаме додека ги консумираме.

    Нашите кујни изобилуваат со вкусни јадења, без разлика дали некои се среќаваат во сите земји или се специфични за само еден регион, дури и за едно село. А дали и колку претеруваме со нив?

    musaka

    Според последниот извештај на Светската агенција за храна (ФАО) на Обединетите нации, 20,5 отсто од населението во Јужна Европа е со прекумерната тежина. Овој проблем е најмал во Грција (17,5 отсто), а најголем во Турција (29,3 отсто), додека Македонија е некаде на средината со 20,3 отсто.

    Инаку, американските медиуми славенички го пренесоа извештајот на ОН бидејќи со него се покажа дека нивната земја веќе не е најдебела во развиениот свет. 

    Giro

    Мексико ја презеде таа титула со 32,8 отсто дебели луѓе, а САД се на второто место со 31,8. За среќа, не учествуваме во тој натпревар, но очигледно сме далеку од најдобрите. Јапонија има убедливо најмал проблем со дебелината меѓу развиените држави, само 4,5 отсто Јапонци се со прекумерна тежина.

    Индија и Бангладеш, пак (кои се сметаат за неразвиени региони според извештајот, а статистиката се води одделно), имаат само 1,5 односно 1,1 отсто дебели луѓе.

    baklava

    Многу калории, многу зачини, обилни оброци и задолжителна дремка по јадењето. Тоа се нашите обичаи. Тие ли ги ни создале потешкотиите поради дебелината? Па, не баш. Ако се прочитаат експертските анализи во врска со овој проблем ќе се дојде до поинаков заклучок – не е виновен традиционалниот животен стил, туку западниот, кој се` повеќе се прифаќа со развојот на општеството. Тој носи брзо јадење, нередовни оброци, стрес, а поради сето тоа помалку обрнуваме внимание на квалитетот на храната.

    Екипата на Балкон3 ви посакува уште долго време да уживате во вкусните и пред се` квалитетни специјалитети од Македонија, Грција и од Турција. Но внимателно, и без претерување.

    Автор: Гоце Трпковски

  • Вкусно и пенасто турско кафе– повеќе од пијалок

    Дали некогаш сте пробале вкусно и пенасто турско кафе? Тоа секако е еден од најпопуларните традиционални пијалоци во мојата татковина Турција и јас го обожувам ритуалот и целосто искуство. Во Турција имаме поговорка Bir fincan kahvenin kırk yıl hatırı vardırшто значи дека „Сеќавањето за добра шоља турско кафе трае 40 години

    IMG_0430

    Турското кафе е пијалок за пријателство, ако ви го понудат овој традиционален пијалок каде и да сте во Турција, кога ги посетувате пријателите или семејството, во дуќаните, додека чекате во банка, на фризер…Си земаме пауза да уживаме во овој магичен пијалок со некој пријател или со семејството или едноставно размислуваме со секоја драгоцена голтка. 

    IMG_1098 (1)

    Турското кафе се прави од 100 % Арабика зрна кафе кои треба соодветно да се испржат и да се сомелат во фина форма. Кога ќе се зготват соодветно тогаш се создава вкусна пена која е есенцијална за секоја шоља турско кафе. Мојата мајка е вљубена во дневната доза на турско кафе која мора да ја намали на само една дневно. Ако е во некое кафуле таа секогаш на шармантен начин го прашувал келнерот “Bana güzel köpüklü kahve lütfen” што значи “Турско кафе со убава пена на врвот, ве молам; тоа е нејзиното дневно частење во кое темелно ужива во таа една единсвена шоља која ја пие со насмевка на лицето. 

    IMG_0331

    Иако турското кафе за прв пат се одгледувало на јужниот крај на Арапскиот полуостров, славата во Европа била пренесена преку Отоманската империја. За само неколку години откако било пренесено во Европа, само во Истанбул се појавиле стотици места каде се служело кафе, а пиењето на кафе станало толку важен дел од секојдневниот, но и од церемонијалниот живот на Султанот. Неговиот сет за кафе бил секогаш носен за време не официјалните процеси во империјата. Секое богато семејство имало слуга чија единствена задача била да подготви кафе, а според законот , ако сопругот не и обезбеди на сопругата кафе тогаш има можност да се разведе.!

    IMG_0575

    Кога јас бев мало дете, мојата мајка ни правеше турско кафе со многу млеко како и нике како деца би се придружиле на ритуалот заедно со нив. Понекогаш од забава го превртувавме филџанот со кафе наопаку откако ќе го испиевме за да ни ја претскажат иднината. Мојата мајка секогаш гледаше весели работи во филџанот, па ако видеше птица ќе ми речеше дека тоа се добри вести, ако имаше тесни линии дека ми претстои патување, ако има коњи дека тоа е добра среќа… Никогаш не се појавуваа лоши работи и секогаш сакавме да ја слушаме нашата мајка, а тоа беше пропратено со невини кикотења.

    Кога во април го посетивме Ефес и застанавме да направиме пауза се потсетив на ова сеќавање од детството и нарачав и турско кафе. Откако го испив го превртев филџанот наопаку, во исчекување да видам каква судбина ме чека. И на мое изненадување навистина забележав фигура на коњ во филџанот (можеш ли да го видиш?). Со нетрпение ја очекувам среќата која ми претстои.

    Како да се приготви вкусно турско кафе

    Еве како се приготвува добро турско кафе. Се надевам дека некогаш ќе го вкусите овој специјален пијалок ако досега не сте го пробале бидејќи за нас тоа е повеќе од само пијалок. 

    Istanbul trip 2012- Ist Modern, Spice market, balik ekmek, flag 026

    За да се приготви турско кафе потребна ви е соодветна опрема: специјален сад наречен ѓезве со долга рачка, мали филџани за кафе во турција познати како “fincan” како и направа за мелење на кафето. Значајна е големината на ѓезвето. Тоа мора да може да собере двојно повеќе од водата која ја ставате за да има место горе да се крене пената.

    IMG_1087

    Има различни големини на ѓезвето во зависност од тоа за колку луѓе сакате да подготвите кафе. Добро приготвено кафе мора да има пена на врвот па не може да очекувате најдобри резултати ако подготвите кафе за двајца во ѓезве кое собира кафе за четворица.

    IMG_1092

    Во вашето ѓезве ставете по еден филџан вода за секое кафе што сакате да го приготвите-1 полна мала лажица кафе и една мала лажица шеќер или помалку. Традиционално треба да се знае претходно со колку шеќер го сакате кафето на пример “az sekerli” (со малку шеќер), “orta sekerli” (средно), or “sekersiz” (без шеќер). Скокнете го шеќерот ако повеќе сакате така. Промешајте добро, ставете го ѓезвето на слаб оган и чекајте пополека да зоврие. 

    IMG_1096

    Кога пополека ќе почне да зоврива тогаш пената се формира на врвот. Токму пред да прекипе тргнете го ѓезвето од огнот. Потоа ставете од пената подеднакно во сите филџани. Ставете го повторно на огнот и поделето го подеднакво кафето во филџаните.

    IMG_1098 (1)

    Со кафето најчесто оди и локум. Заедно се совршен пар.

     Afiyet Olsun, Се надевам дека ќе уживате.

     Ozlem Warren

    http://ozlemsturkishtable.com/

    (Текстот е објавен во соработка меѓу Балкон3 и Ozlem Turkish Table)

  • Шарски води – Златото на Македонија

    Шарски води – Златото на Македонија

    Адреналин, природни убавини, вкусно гравче. На 30-ти јуни 2013 година, на падините на Шар Планина, по седми пат се одржа маратонот во планински велосипедизам „Шарски води 2013“. Станува збор за исклучителен планински предел, богат со многу извори, мали рекички и водотеци, но и ретки природни убавини, идеални за рекреативен планински велосипедизам или планинарење. И покрај најавените влошени временски услови за време на одржувањето на трката, повеќе од 250 вљубеници во планинскиот велосипедизам и природата се појавија на стартот на ски-центарот Попова Шапка.

    Речиси сите учесници ги поминаа предвидените 95 километри и стигнаа на целта во селото Вруток, каде што се наоѓаат изворите на Вардар. Таму, во непосредна близина на изворот Вруток, им беа врачени медалите на победниците, а трката симболично заврши со традиционалното гравче. Трката е веќе традиционална, а желбата на организаторите е догодина на Шар Планина да возат велосипедисти од целиот регион.

    Автор: Балкон3

  • Бигорскиот манастир го прослави раѓањето на патронот

    Бигорскиот манастир го прослави раѓањето на својот патрон свети Јован Крстител. Во манастирот голем број верници ноќта заедно со монаштвото ја минаа во бдеење па од утрината еден од најубавите македонски манастири беше полн со верници од цела Македонија.

    balkon 053

    Манастирот зрачи со духовност, како негова одлика е прекрасното старо византиско пеење на монасите, но во него има и дел од моштите на св. Јован Бигорски, односно специјално се чува дел од коска од десната рака на светецот. За неа се говори дека постојано испушта течност (миро) , но и посебен убав (смирувачки) мирис како доказ дека е дел од моштите на еден од најголемите христијански светци.

    balkon 039

    Овој свет храм како да се вгнездил крај бисерните води на реката Радика, во прекрасното шаренило на бујните шуми и раштркани карпи, по стрмните падини на Бистра. Тука, во манастирот, владее целосна невременска тивкост, во чија позадина е непрекинатиот исон на бисерните води на Радика и бујните млазеви на манастирските чешми“, пишува на интернет страницата на Бигорскиот манастир (http://www.bigorski.org.mk).

    balkon 035

    Описот продолжува со тврдење дека „ова древно светилиште, што го зема здивот на обичниот намерник, во ваквиот вонвременски декор, крие нешто повеќе од убава глетка. Со сите свои убавини, тоа е сведок на една подлабока убавина, во чиишто пазуви се крие сета негова тајна. Тајната на Бигорскиот манастир се крие во жедта човекот и светот да се преобразат, да постанат нов човек и нов свет. Неслучајно манастирот го носи името на последниот старозаветен пророк, којшто, со својот рамноангелен живот, бил совршен пример за оние кои обитавале овде.“

    balkon 041

    Еве неколку фотографии кои екипата на Балкон3 ги направи за време на прославата на патронот на манастирот:

     

    balkon 113

    balkon 107

    balkon 090

    balkon 115

    Текст и фотографии: Миле А. Ристевски

  • Renaissance на Крит, The Wall live во Атина, Rockwave во Малакаса

    Мечтата продолжува, желба за море, музика, храна, танц. Овој пат ќе споделиме уште неколку настани за ова лето во неодоливата Грција и уште поголема верба дека ќе посетиме некој од нив.

    nkll

    Rockwave festivalсе одржува во Terra Vibe Park во Малакаса ( Malakasa ), мало гратче на 40 км оддалеченост од Атина ( 40 минути со кола ), ќе трае 6, 7 и 8 јули. Фестивалот има традиција од 1996 година и е еден од најголемите и познати фестивали во Грција и Југо-источна Европа, на кој се појавиле голем број познати светски имиња. Оваа година едни од поинтересните имиња кои ќе настапуваат се: Lana Del Ray, Dead can dance, Echo and the Bunnymen и други.

    jjj

    Подетални информации за фестивалот и карти на страната –

    http://www.rockwavefestival.gr/site/index.php?Cat=6

    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=NX7ZyJIToyI#!

    gjkk

    Интернационален фестивал на танцот во Каламата ( International dance festival Kalamata ) – Фестивалот се одржува во градот Каламата од 18 до 25 јули, 2013. Неговата традиција започнува од 1995година и од самиот почеток идеата на фестивалот е да го прикаже и промовира широкиот спектар на правците и трендовите на современиот танц.

    Повеќе информации на страната –

    http://www.kalamatadancefestival.gr/index_en.php

    Атина – Каламата, 240км, со возило 2 часа и 30 минути.

    hgjj

    Концерт на Роџер Ватерс (Roger Waters), поранешниот басист и втор вокал на големите Пинк Флојд ( Pink Floyd ), на светската концертна турнеа “ The Wall live”. Концертот ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Атина на 31 јули, 2013. Регуларните карти ќе чинат од 44 евра до 64 евра.

    Онлајн карти може да купите на страната –

    https://shop.ticketpro.gr/el/Event/Detail/1081/roger-waters-the-wall

    http://www.youtube.com/watch?v=iewgnHkS3QA

    hhjgtРенесансниот фестивал во Ретимно ( Renaissance festival of Rethymno ) –се одржува во градот Ретимно на Крит ( Rethymno, Crete ) веќе 20 години. Ренесансниот фестивал стана духовен и уметнички фестивал кој секое лето, преку стотиците уметници од целиот свет, блеска со театарски и балетски претстави, ликовни изложби, музика.Фестивалот ќе започне на 25 август и ќе трае до 05 септември.

    hyjjk

    Повеќе на странатаhttp://www.rfr.gr/index.php?langid=52

    Како да стигнете таму:

    Скопје – Атина 710 км, Атина – Ираклион (Heraklion, главниот град на Крит) со траект патот трае од 6 часа и 30 минути од 7 часа, траектот за едно возило и 2 патници во временскиот период кога е фестивалот, ќе чини од 35 до 40 евра, повратен билет. Ираклион – Ретимно, 82 км, со кола 1 час и 10 минути.

    Истанбул – Антина (преку Александрополис) со кола 1100 км, 11 часа.

    Истанбул – Ираклион со авион , 1 час и 35 минути.

    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=gHTdwu3wFFU

  • Театарот во Преспа ги брише границите меѓу соседите

    ee

     

    Театар на отворено се случува секоја година од 6 до 11 јули, на бреговите на Преспанското езеро каде повеќе од една деценија се одржува Интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа”. Фестивалот е една од најзначајните културни манифестации во Преспанскиот регион на Македонија. До сега учествувале врни имиња на домашната, регионалната и интернационаланта театарска сцена.

    Традиционалано секоја година во духот на културната соработка меѓу Македонија, Албанија и Грција отворањето е со обраќање кон публиката на трите јазици кои што се говорат на Преспанското езеро, македонскиот, албанскиот и грчкиот, со што на еден симболичен начин барем за миг се бришат границите околу езерото. Фестивал се одржува на отворено, во прекрасниот амбиент на дворот на Сарајот во Ресен (Дом на културата).

    -Фестивалот ќе биде отворен на 6 јули со почеток во 21 часот, со претставата “Г-ѓица Јулија” во изведба на големата актерка Ана Петерсон од Шведска, која за време на церемонијата на отворањето ќе ја прими почесната награда за животно дело. Покрај оваа претстава ресенската и македонската публика ќе проследи претстави од Словенија, Албанија, Грција, Србија, Турција и Македонија-велат организаторите.

    Еве дел од театарските претстави кои ќе бидат прикажани на фестивалот:

     Совршена анализа

    – „Совршена анализа на еден папагал“ на Тенеси Вилијамс, во режија на Ѓорѓи Ризески од Македонија (7.07.2013, 23:00, Хотел Отешево)

    The Man Who

    -„Човекот кој…“ на Матеј Вишнец од Грција, (10.07.2013, 21:00)

    Do not count

    -„Не се брои“ на Јанис Пердикис -Грција, Албанија (10.07.2013, 22:00))

    In prison

    -„Во затворот“ на Серкан Уштунер од Турција (11.07.2012, 21:00)

    На следниот линк можете да ја најдете програмата за фестивалот

    http://www.actorofeurope.net/program-2013.html

    Погледнете и дел од галеријата на фотографии од Преспа:

     2922827_orig

    7592203_orig

    9167924_orig

    9780539_orig

    2549329_orig

    Автор:Балкон3

     Фотографии: http://www.actorofeurope.net

  • Другата страна на Иран: Војна, мир, љубов и надеж на иранските ѕидови

    “Пивото не е кривично дело”, е пораката која со својот графит двајца уметници ја пренесоа на јавноста во Иран. Пивото во  Иран се третира како кривично дело. Icy и Sot, двајца браќа кои работеле во иранскиот велеград Табриз каде има 1.5 милиони жители буквално ги преполниле улиците и ѕидовите со нивните графити.

    Оваа улична уметност на браќата често не наидува на одобрување во јавноста, како поради природата на режимот во оваа земја така и поради ограниченоста на граѓаните. Токму затоа може да се забележат и примери каде нивните дела се уништени. Погледнете ги дел од делата на овие млади уметници кои може да ги шокираат елитистите од овие краишта кои мислат дека во Иран вакво нешто е практично невозможно.

    Tehran Iran

    Beer is not a crime

    Stargazzers

    Climbing

    Jump if you are happy

    Angel

    Lonely boy

    Boy in the field

    Finding shelter

    Автор: Lupiga

    Фото: IcyAndSot