Дали некогаш сте пробале локум? Овој вкусен деликатес е еден од најдобрите белези на Турција. Локумот може да биде „обичен“, зачинет со миризлива розина вода, сушено овошје, ореви, кокос… Моите деца обожуваат локум, а живеат во странство и јас не можам секогаш да им ги донесам овие прекрасни задоволства од дома. Но, сега можете да направите локум во вашиот дом!

Малку за историјата на турскиот локум. Пред доаѓањето на рафинираниот шеќер во доцниот 18 век, Османлиите правеле сирова верзија на локум со користење мед или мармелад, концентриран гроздов сируп и пченкарно брашно. Хаци Бекир, конфекционер во тоа време, станал познат поради неговата генијална употреба на бел шеќер и пченкарен скроб и бил повикан во Палатата Топкапи да стане пионер во развојот на она што денес е една од знаменитостите на Турција. Варијации на локумот може да се најдат во сите региони на Турција. Сакз (мастика за џвакање) е уште една состојка, почитувана од страна на султаните, а која може да се користи за креирање на верзија на локумот која може да се витка.

Рецепт за „обичен“ локум
Потребни состојки:
– 25 грама шеќер
– 100 грама пченкарно брашно
– 700 грама шеќер во прав
– сок од лимон
– 3 лажици желатин
– црвена или розова боја за готвење
– 2 лажици розина вода

Подготовка:
Поставете проѕирна фолија на еден поголем, по можност проѕирен сад за печење и испрскајте го со малку шеќер и со пченкарно брашно на основата. Во друг сад за готвење се ставаат шеќерот во прав, сокот од лимон и 400 мл. вода. Се готви на тивок оган додека не се растворат. Во друг мал сад, промешајте го останатото пченкарно брашно со 100 мл. ладна вода, а потоа додадете го во шеќерниот сируп. Посипете желатин и мешајте се додека ги снема грутките. Смесата треба да зоврие, а потоа да се вари на средна температура уште 20 минути, а за тоа време често мешајте. Смесата треба да згусне и да добие бледо-жолта боја.
По готвењето се додава розината вода и по желба боја за готвење за локумот да ја добие посакуваната нијанса. Потоа се става во садот што првично го подготвивме и се остава да одлежи на ладно место во текот на ноќта. Откако ќе се зацврсти исечете го во посакуваната форма и потоа можете да го превртите во мешавина од шеќер во прав и пченкарно брашно за да не се лепи. Вкусниот домашен локум е подготвен, а тој одлично оди со турско кафе.

Целиот текст и начинот на подготовка можете да го прочитате овде.
Автор: http://ozlemsturkishtable.com
(Текстот е објавен во соработка меѓу Балкон3 и Ozlem Turkish Table)


















Имаше прекрасен благо/горчлив вкус, поради кората од лимон и портокал која ги ставила во подготовката на пијалокот, но јас мислам дека тајната на нејзиниот пијалок е овошјето кое беше свежо набрано од нејзиниот овоштарник. Откако го сподели својот рецепт со мене таа појасни дека: најважно е овошјето да не биде загадено со пестициди! Па така, ако не сте доволно среќни да имате свој овоштарник ќе мора да се задоволите со органското овошје од локалниот пазар.
Од тогаш јас многу експериментирав со овој рецепт. Додавав цимет, ѓумбир, исто така додавав и горчлив портокал, цитрус, лимета итн. Еднаш дури и додадов сируп од вишна заради преубавата боја. Но сепак дојдов до заклучок дека нема ништо подобро од обичниот и скромен лимон.



















