Author: Balkon3

  • Грчка историја, музика и храна во Атина за Денот на независноста

    Доколку сте заинтересирани одблиску да се запознаете со грчката историја, музика, но и да го почуствувате вкусот на грчката храна, Музејот Акропол е вистинското место за вас.Interior_of_the_New_Acropolis_Museum_1

    По повод 25 март, Денот на грчката независност, музејот за посетителите обезбеди целодневна програма.

    Реставраторите од музејот пред посетителите ќе ја презентираат техниката на бојадисување сандали од античко време. Сандалите се еден од трите типа обувки што може да се најдат на античките фигури.

    Покрај античката технологија на бојодисување, реставраторите ќе ја престават и современата техника на чистење на каријатидите (скулптура со форма на жена, која во архитектурата се користи како столб). Посетителите ќе имаат можност да разговараат за методот на нивното чистење, кое се изведува со помош на ласер.

    Концерт со музиката на неколку еминентни имиња во грчката музика од последниот век ќе биде одржан во просториите на музејот. Ламбрини Гиоти (Lambrini Gioti) и Јоргос Цибуксис (GeorgeTsibouxis), ќе изведат повеќе нумери на пијано и бузуки.

    Interior_of_the_New_Acropolis_Museum  greek-independence-panel

    Пред посетителите ќе биде преставена и исклулителна колекција на антички скулптури, кои делумно ги имаат зачувано своите оригинални бои. Вработените во музејот ќе ја презентираат важноста и перцепцијата за боите во антиката.

    Музејскиот ресторан, пак, ќе ги пречека посетителите со традиционални грчки јадења.

    Балкон3

  • Балкон3 рецепт за појадок: Гибаница

    Балкон3 рецепт за појадок: Гибаница

    Гибаницата најчесто се јаде за доручек, но гурманите не ја одбегнуваат во било кое време од денот. Се јаде со кисело млеко, но може и со свеж зеленчук, домат или краставица, или пак кога веќе се мислите, може ајде и со црвено вино под услов ако се јаде во зима.  gibanica 063

    Состојки:

    1/2 кг готови кори за Гибаница

    200 мл. пресно млеко

    200 мл. јогурт

    200 мл. масло за јадење сончогледово

    1/2 кг дробено сирење (кравјо)

    200 мл. кисела вода

    3 јајца

    gibanica 057  gibanica 061

    Подготовка:

    Пресното млеко, јогуртот, киселата вода, јајцата, дробеното сирење и маслото за јадење се мешаат во подлабок и поширок сад. Откако состојките ќе се соединат и смесата ќе стане компактна, секоја кора една по една се става во смесата за да прими од состојките. Не треба да се држи во смесата подолго време, туку едноставно само да се потопи. Потопената кора се става во намрсено тавче. Корите се туткаат во тавчето една до друга. Во зависност од желбата на домаќинката или домаќинот, кората може да се стутка долгнавесто или пак во форма на круг, но важно е да бидат збиени една до друга бидејќи при печењето ќе нараснат заедно со приготвената смеса. Се остава една кора на страна која не ја ставаме во приготвената смеса. Таа кора се става најгоре во тавчето, односно сите кори се покриваат со неа. Откако сите кори ѓе ги потопите и наредите може од смесата да остане, но тоа не е проблем, туку уште подобро. Останатата смеса ја преливаме врз веќе приготвените кори.  Откако сите кори ќе бидат наместени во тавчето во претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови, гибаницата се пече на таа температура еден час. Јадењето е готово кога ќе видите дека корите се заруменети. Се вади од рерната и по желба може да се стави одозгора рендан пармезан кој е еден вид новитет за ова традиционално јадење одамна познато кај балканските народи.

    Гибаницата е традиционалчно балканско јадење. Се правело од дамнина за дома како едноставно, секојдневно јадење, но ќе ја сретнете и на коктели и свечени вечери како предјадење. Рецептот кај балканските народи може да варира и во блага варијанта со смеса од јаболки, но сепак на крајот од неа да не излезе штрудла. Многу видови гибаница или бурек има низ сите земји на Балканот, од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Грција, Турција, Бугарија каде ова јадење се вика баница.

    Според стари записи во прашливите библиотеки најдовме докази дека гибаницата се правела уште во византиско време, а била неизоставен дел од софрата во отоманската империја. Уживајте во појадокот со Балкон3 и не заборавете да ни испратите свој омилен рецепт кога ќе се сетите:)

    Љубица Ристеска

  • UNKNOWN PLEASURES – A JOY DIVISION CELEBRATION FROM PETER HOOK

    Балкон3 на концерт на Peter Hook во „Паук“ Загребpeter hook

    За фановите на Joy Division, оние родени после 1970година, (кои немале можност да ги гледаат Joy Division во живо, а на кои животот им е одреден од Joy Division), минатата ноќ беше сигурно една од најдобрите и најважните во животот.

    Настапот на Peter Hook во Паук, концертниот простор сместен среде студентскиот дом Стјепан Радиќ наменет претежно за одржување на рок концерти, беше насловен UNKNOWN PLEASURES,  A JOY DIVISION CELEBRATION FROM PETER HOOK.

    Конечно, чекањето се исплатеше, денот дојде, време е да ја славиме музиката на Joy Division! Публика околу 500 луѓе, млади, постари. Од Загреб и околината, па дури и неколку верни фанови од Македонија.

    Ако одиме во сентимент, Екипата на Балкон3 тврди дека Peter Hook дури накрајот пушти и солза, публиката образована, феноменална, сите песни ги знаат, а имаше и доста млади, така што со таква младина Joy Division не треба да стравуваат од заборав…playlist zagreb

    Peter Hook & The Light почнаа со Ceremony, завршија со два биса.. Atmosphere и Transmission.. А измеѓу UNKNOWN (AND KNOWN) PLEASURES…

    Александар и Марија Велковски

  • Карневалско лудило во Струмица (фото)

    Струмица како Рио. Карневалското лудило вечерва кулминираше. Илјадници маски продефилираа низ струмичките улици. Космонаути, животни, историски личности, локални и светски политичари се само дел од карневалското шаренило од маски.

    sr

    Струмица ќе биде будна цела вечер. Ако во другите градови најлуда ноќ во годината е Нова Година, во Струмица тоа дефинитивно е карневалската вечер. По дефилето на маски забавата продолжува во кафулињата и дискотеките и трае се до раните утрински часови. Струмица и онака е позната како град со најдобар ноќен живот во Македонија. Балкон3 низ фото галерија Ви пренесува дел од карневалската атмосфера.

    [nggallery id=6]

  • Над 200 документарци на фестивалот во Солун

    Љубителите на филмската уметност кои деновиве се во Грција или пак за викендот сакаат да скокнат до Солун, вториот по големина град по метрополата Атина, не смеат да го пропуштат интернационалниот фестивал на документарни филмови кој се оддржува од 15 до 24 март. Солун десет дена ќе ја слави филмската уметност, а на репертоарот има документарни филмови за сечиј вкус и безмалку од сите континенти. Овој фестивал кој слави 15 години постоење се смета за еден од најреномираните во Европа, кога станува збор за документарни филмови.

    Годинава има околу 200 документарци од 45 држави како и над 50 локални филмови. Фестивалот го отвори наградуваниот филм на Бас Каргман „First Position” во кој се зборува за цврстината на умот и на телото кај младите балетани на возраст од 9 до 18 години.

    Од домашните документарци ги издвојување „To the Wolf” снимен во планините на западна Грција, а е грчко-британска копродукција. Документарецот раскажува за две овчарски семејства кои се обидуваат да ја надминат економската криза. Филмот доби позитивни критики на дебито на Берлинскиот филмски фестивал. Потоа тука е и филмот „Little Land” на Никос Дајандас кој лани беше награден за филмот „Sayome”. Во новиот филм на Дајандас се раскажува за млад пар кој е незадоволен од урбаниот живот и се обидува да ја најде својата среќа на далечниот егејски остров Икариа.

    Но, на менито во Солун нема само документарни филмови. Ако случајно сакате да одморите од гледањето документарци фестивалот нуди и други активности од изложби и дебати, па се до промоции и концерти. Уживајте во уметноста, уживајте во филмот во Солун.

    Погледнете го краткото интро на документарецот кој го отвори фестивалот:

    Погледнето го краткото интро на еден од документарците од домаќинот Грција:

    Балко3 ви ја претставува и програмата на фестивалот.

  • Ѕидовите на кулата Галата кријат големи, но тивки мистерии

    Знаете дека понекогаш еден ѕид, значи повеќе од еден ѕид… Затоа има поговорка која вели „Да имаат ѕидовите јазик, па да можат да проговорат“… Бидејќи ѕидовите и објектите во себе кријат тајни, кои никој од нас не ги знае. Од време на време размислувам што ли би раскажувале ѕидовите на старите објекти во Истанбул. Од нив би сакал да ја слушнам вистинската приказна за Истанбул…

    Таков објект е Кулата Галата во Истанбул. Средновековната кула е сместена во населбата Галата, во близина на Златниот рог.  Видлива е од крајот на секоја улица која се протега од Каракој до познатата Истиклал Џадеси. Ако се возите со ферибот, покрај големиот број објекти, таа како рубински бисер ќе ви намигне, да тука сум со сета моја историја и раскош. Малку е несреќна. Како да копнее по старите денови.

    Кулата Галата е полна со мистерија. Го набљудува Истанбул од самиот врв, го гледа тоа што никој друг не може да го види, го знае тоа што никој не го знае. Една таква сторија е самоубиството на младиот Ведат, син на поетот Умит Јашар Огузџан. Тој не успеал да го спаси својот син, кој се фрлил од кулата на 23-годишна возраст. Кој би можел да знае каква болка е вградена во камените ѕидови на кулата.  

    Поетот длабоката болка за својот син ја изразил вака:

    6-ти јуни, 1973 година,

    Прекрасен топол летен ден,

    Светот беше прекрасен, светол,

    Тој ден од кулата падна еден човек,

    Така наеднаш се фрли во просторот,

    Во пролетта на својот живот,

    Заедно со сите свои надежи,

    Беше во парчиња,

    Еден човек падна од Кулата Галата,

    Тој човек беше мојот син.

    Факт е дека ако ја посетите Кулата и ако преку нејзините „очи“ не го разгледате Истанбул, всушност не сте го виделе вистинскиот Истанбул. Една од најпознатите легенди за кулата е онаа за Хезарфен Ахмет Челеби. Во текот на 17 век, тој се обидел да лета од кулата до Ускудар со крилја прикачени на рацете. По неколку обиди успеал да го направи тоа со помош на ветрот кој го одвел преку Босфорот до Ускудар. По овој настан кулата се нарекувала и кулата на Хезарфен. И покрај сите доживувања, таа денес тивко, безгласно се издига во срцето на Истанбул. Ако патувате во Истанбул, посетете ја.  Потсетете се на приказната за Хезарфен, за трагичната смрт на Ведат. На нејзиниот највисок кат денеска има ресторан кој дополнително дава еден величествен поглед на Истанбул и на Босфорот. Влезот ќе ве чини 10 турски лири (околу 4.5 евра). Тогаш поточно ќе сфатите дека објектот е нешто повеќе од само куп наредени камења.

    3Д прошетка на следниот линк: http://www.3dmekanlar.com/en/galata-tower.html

    Неколку фотографии од објективот на Балкон3 , чиј новинар неодамна ја посети Кулата Галата.

    Хусамедин Гина

  • Млади фотографи од Македонија и Грција се натпреваруваа за најдобра фотографија

    Мирот, ретката убавина, но и неспокојот од запустеноста и зафрленоста на Мариово отсекогаш биле привлечни за уметниците од Македонија, но и од светот. Местото кое има повеќе куќи отколку жители ги инспирира поетите, сликарите и фотографите да ја доловат истовремено убавината, но и самотијата во која живеат мариовските села.

    Теона на доделувањето на наградата во Серес

    Една од најдобрите фотографии кои се направени во последно време, а кои суштината на овој прекрасен регион ја сместуваат во своевидна слика во слика е онаа на младата Теона Манговска од Битола.  Нејзината фотографија буквално ја замрзнува есенцијата на Мариово.

    Победничката фотографија

    Таа има само четиринаесет години, а веќе е добитник на меѓународна награда за фотографија која и беше доделена неодамна во Серес, Грција. Теона го освои првото место со своето дело насловено „Во потрага по живот” на меѓународниот фото-конкурс на тема „Водата и планините во прекуграничните области“ во рамките на Интеррег програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.

    Трета награда Мартинов Мартин: Поглед од Пелистер кон мала Преспа

    Манговска била опиена од убавината на селата од мариовскиот крај и одлучила да учествува на конкурсот со фотографија од овој регион.  „Фотографирана е на крајниот југ на границата на Македонија со Грција, во регионот на Мариово кој е еден од најмистичните, најненаселениte предели не само во Македонија, туку и во Европа. На територија од преку 1.300 квадратни киломeтри има нешто помалку од 500 жители. Мојата фотографија е расказ за селото Будимирци, за трошните куќи, прастари фасади, напуштениот живот, ретки слики на човечко присуство, по некое магаре крај осамена куќа, едно куче, напуштена пошта… Има еден јавен телефон кој се разбира не работи. Веројатно ни поштенското сандаче одамна не примило писмо“, вели таа.

    Додава дека само гробиштата над селото кажуваат дека овде некогаш одамна животот врвел. „Молкот сам зборува какви тајни крие секој камен, кој го чуваат надвиснатите стражари, а тоа се високите врвови на Кајмакчалан. Мислев дека фотографијата е посебна, со силна порака и со некоја приказна која не е доволно раскажана пред публиката која не е од Македонија и дека ќе поттикне многумина да одат во Мариово, најненаселениот крај во Европа“ објаснува младата Манговска.

    На конкурсот учествувале 40 натпреварувачи, сите државјани на Македонија и на Грција, со вкупно 160 фотографии. Педесет најдобри фотографии беа изложени во Серес во Грција, а публиката можеше да им се воодушевува на природните убавини од двете земји. За првото место Манговска доби и дело од грчкиот сликар Кристофорос Балабанидис.

    Второто место го освои Кристодулидис Николаос од Солун со својата фотографија „Прошетка по водата“ направена во Килкис, а третото на скопјанецот Мартин Мартинов.

    Второнаградената фотографија на Кристодулидис Николаос

    Манговска вели дека не очекувала дека ќе има  шанса во толку голема конкуренција, каде што свои фотографии испратиле искусни и професионални фотографи.

    -Наградата ме направи посериозна кон моето хоби. Почнав да посветувам повеќе време на проучување на литература за фотографијата, запишав и курс кај Дејан Џолев, кој сеуште го посетувам.  Во меѓувреме настапив на уште два конкурси, едниот за наградата Жан Моне, а вториот на конкурс на Американската Амбасада од каде имам и солидни резултати, вели таа. На првата изложба во Серес таа имала можност да се сретне со повеќето учесници на конкурсот, вклучувајќи ги и фотографите од Грција. Искрено, мислам дека ваквите проекти зближуваат. Културата е најлесниот начин да се надминат препреките, ако воошто треба да ги имаат луѓето кои се занимаваат со уметност. (А.М.)

  • Чај, маса и вечни пораки под стаклото

    Приказна со пораки за љубов се развива на една маса во легендарното ресторанче „Галерија 7“ во Старата скопска чаршија. Се почнало од двајца заљубени на последниот ден од минатата година. Гостите, знајни и незнајни, продолжиле да ги шират емоциите и се допишуваат едни со други, пренесувајќи си ги вечните зборови „те сакам“. Под стаклото на масата се уште има доволно простор за приказната да продолжи.

    Фото: Тоше Огњанов

     

  • Мустаќи туризам во Истанбул

    Турскиот град Истанбул привлекува милиони туристи секоја година, но сите не доаѓаат за да разгледуваат споменици, богата култура и историја. Турскиот мeгалополис однеодамна е познат и како место каде мажите може да си пресадат мустаќи. Тој знак на мажевност и неприкосновен авторитет, и во денешно време е многу популарен во Турција и Азија. Мажи на кои природата не им била претерано наклонета по прашањето на влакна, доаѓаат во Истанбул за да го решат тој проблем кај специјализирани естетски хирурзи.

    Сакаат да изгледаат посериозно, да бидат помажествени, и затоа сакаат естетски зафат за пресадување мустаќи, велат турските хирурзи. За тие чекори посебно придонеле и турските ТВ серии кои се прикажуваат и во арапскиот свет. Пациентите сакаат да носат бркови и бради како нашите актери, велат дел од лекарите кои тврдат дека по разговор со пациентите, добиваат најчест одговор од нив – маж без мустаќи е како куќа без балкон.

    Во Истанбул денес има околу 250 клиники и приватни ординации кои вршат пресадување бркови и бради. Голем дел од нив соработуваат со туристички агенции кои нудат поволни аранжмани. Освен операцијата вклучен е и престој во хотел, разгледување на градот. Цените на таквите аранжмани се од 2.000 евра.

    Балкон3

  • На здравје, ба!

    Јас не пијам кафе, но нескромно, важам за добар кафе кувар, особено  за “турско” кафе. Но, овде во Сараево сите денот го започнуваат со “босанско” кафе. Во основа “турско” кафе, на кое од како ќе е готово, му се додава топла вода до врв на ѓезвето. Се вари најчесто во бакарно ѓезве. После моето првото кафе, после подолг период, денот веќе можеше да почне. Сонцетo беше со мене овие неколку дена додека бев во Сараево…

    Се спуштивме со мојот домакин и пријател Нихад, до Башчаршија да го пробам најубавиот бурек кој сум го пробал, но се изненадив од значењето на зборот бурек овде. Овде бурек е само со месо, се’ останато е пита: сирница(ако е со сирење), зељаница(ако е со спанаќ)…Но, бурек? Тој е исклучиво само со месо. Бурекот(питите)  се продаваат на мерење и морам повторно да признаам дека поубав немам пробано. Јас едвај изедов 300 грама додека мојот домаќин се сеќава на неговиот рекорд од 1 килограм бурек.

    Уште едно нешто кое мора да го пробате во Сараево, покрај оние препознатливите гастрономски белези се апетисаните од Бадем бутик. Тоа е мало царство на вкусови: од чоколадирани бадеми, лешници, леблебии со различни чоколадни вкусови до традиционалниот босански локум. Апетисаните задолжително!

    Сарајлиите важат за луѓе кои пијат многу кафе, а и Сараево може да се пофали и со голем број на кафетерии, кафе барови…Она што мене ми остави посебен впечаток беа, барем јас така ги нареков “тематски” кафе барови. Во Башчаршија пиев салеп во Куќата на севдахот (Kuca sevdaha) каде што се наоѓа и мал музеј за севдах, а на влезот ќе ве пречекаат звуците на севдалинката или како што милуваат да ја нарекуваат “босански блуз”.

    Инвентивноста и доследноста на идејата до крај е она што најмногу ме инпресионираше кај ваквите сараевски локали. Најпрепознатливите веќе се наоѓаат на туристичката агенда на оние кои во огромен број го посетуваат Сараево. Ќе сретнете на пример кафе бар на кој целиот ентериер му е со старини. Пиете кафе и патувате низ времето. Се внимава на секој детал во ваквите кафе барови.

    Или пак во Башчаршија може да пиете кафе или чај  во “Мирисот на дуњата”(Miris dunje) каде што ќе ве обземе мирисот на дуњите кои ги има на секоја маса.

    Еден локал е интерсен за сите оние туристи од поранешна Југославија, но и за странците кои го знаат Јосип Броз Тито. Се наоѓа на задната страна на Историскиот музеј на Босна и Херцеговина, поранешен Музеј на револуцијата. Темата во овој кафе клуб е Тито. Се’ е во знакот на Маршалот.

    Во дворот или поточно во летната бавча се изложени воени експонати од времето на Тито: џипови, тенкови, хаубици…Сите од различно потекло. Имало дури и хеликоптер, но од него денес е останата само елисата. Го украле за старо железо.

    Ентериерот е исто така специфичен. Тука можете да најдете оригинални фотографии од Tито, оружје од Втората Светска војна, писма на Тито и цела иконографија препознатлива за тоа време. Внимавано е на сите детали, па дури и рефлекторите над главниот шанк се направени од гермаски шлемови.

    Дојде време за ручек. Моето прво доаѓање во Сараево значеше и прво вкусување на сараевските “чевапи”. Туристите и оние не упатените најчесто јадат ”чевапи” во  “Kaj Жељо”во Башчаршија, но вистински сарајлија како што е мојот домаќин ќе ве однесе во “Мрква”, пак во Башчаршија.

    Верувам дека ова беше вистинскиот избор. Ќебапите беа вкусни, се јадат најчесто со кромид. Сараевско пиво-задолжително. Има една анегдота што се раскажува во Сараево за оваа ќебапчилница, имено, кога го отвориле првиот Mc Donald’s ресторан во Сараево, на свеченото отварање оваа ќебапчилница испратила 200 ќебапи – добредојде на Mc Donald’s.

    После првото “Сараевско“, беше вистинско време за уште едно. “Рок театар” беше мојата база за време на овој престој во Сараево. Тоа е кафе бар во кој се слуша рок музика, на sидовите има фотографии од бендови, оригинални плочи со посвети, автограми од музичари, бендови.

    Еден цел sид е посветен на сараевската рок сцена, која беше една од нај популарните во екс Југославија. Тука ќе видите фотографии и автограми на популарните сараевски бендови и музичари: Забрањено пушење, Бјело дугме, Индекси, Тифа, Бомбај штампа, Здравко Чолиќ…

    Има и посебен sид посветен на екс- ју рок сцената, како и дел кој е посветен на светската рок сцена.

    Го запознав Јасмин, сопственикот на “Рок театар”, човек кој го брендирал секое делче во овој времеплов. Инаку, во муабет со него дознав дека многу ја сака Македонија и прекрасни спомени го врзуваат за Скопје каде што отслужил воен рок во осумдесетите години од минатиот век.

    Додека во позадина свиреше “Сараево” од ЕКВ, со “Сараевско“ ви наздравувам и ве поканувам да го посетите Сараево и да ги пуштите ушите да чујат уште овој пат, да ги пуштите очите да видат уште овој пат….Следен сигурно ќе има. Тоа ви го ветува Сараево.

    На здравје, ба!

    Јордан Дуков