#ChatBeforeYouJudge (#Зборнете пред да судите) е новата комуникациска платформа на NESCAFÉ 3in1 во која популарното музичко дуо 2Bona се партнери на брендот во Македонија. #ChatBeforeYouJudge значи да бидете еден до друг, блиску во моментите на релаксација со вашите најблиски. Соработката на брендот и дуото ќе ги охрабри младите да ги споделат своите таленти, а членовите на бендот ги покануваат сите млади да им ги испратат своите видеа. Видеата со најинтересни и најдобро презентирани таленти ќе имаат можност да се најдат во новото музичко видео што го подготвуваат 2Bona.
2Bona
Многумина од нас имаат страст кон одредени работи, но често не сакаме да ги споделуваме тие таленти со други. Причините за тоа можат да бидат различни, а меѓу најважните е стравот од коментари на другите луѓе и нивната реакција. Затоа е креиран проектот #ChatBeforeYouJudge во кој NESCAFÉ 3in1 и 2Bona ќе се обидат да започнат бран на промени и да ги охрабрат младите да ги изнесат своите иди и да ги споделат своите таленти пред сите, без страв од тоа каква ќе биде реакцијата на опкружувањето.
„Идејата на овој проект е да и се претстави на јавноста дека пред да коментираме и да судиме за некого, многу е важно таа личност прво да ја запознаеме. Сакаме младите во Македонија да имаат можност да ни ги откријат на сите нас своите таленти, својата страст и посветеност без да се плашат каква ќе биде реакцијата на околината. NESCAFÉ 3in1 и 2Bona ќе ги поддржат и охрабрат младите преку заеднички активности да ги остварат своите соништа”, вели тимот на NESCAFÉ 3in1 за југоисточниот пазар на Nestlé.
Марио Јелиќ Кун и Антонио Стојановски Тонито, членови на бендот 2Bona, во наредниот период преку својот инстаграм профил, ќе им овозможат на сите заинтересирани подобро да се запознаат со нив. NESCAFÉ 3in1 и 2Bona исто така подготвија интересно изненадување – првото музичко видео во Македонија, кое е целосно направено од снимки испратени од следбениците на оваа музичка група, од 9 до 18 септември со користење на хаштагови #tojsumchallenge и #ChatBeforeYouJudge.
„Ние многу добро знаеме со каков притисок се соочуваат младите во нашата земја и затоа сакаме да им ја раскажеме нашата приказна, да ги охрабриме и да им помогнеме да се ослободат и да ни ги испратат своите видеа. Ќе ги искористиме најинтересните од нив за првото музичко видео од овој вид во Македонија, кое го подготвуваме за нашата нова песна“, велат членовите на бендот 2Бона.
NESCAFÉ 3in1 и 2Bona подготвија и многу други изненадувања за младите во Македонија во наредните месеци.
Овој оглас го објавуваме по трет пат, поради недостаток на понуди
Јавен повик за понуди 03 – ТС/2019/413876 – 016/1
за набавка на лаптоп компјутер со два надворешни монитори, професионална камера за снимање и микрофон
Здружение за промоција и унапредување на културните вредности, КОНФИДЕНС Скопје, за потребите на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија во рамки на програмата EuropeAID/163963/DD/ACT/MK и Договорот за грант потпишан меѓу НВО Конфиденс и ЕУ бр. NEAR-TS/2019/413 – 876 ве поканува да доставите понуда за набавка на лаптоп компјутер со два надворешни монитори професионална камера за снимање и микрофон.
Инструкции за добавувачи со вклучена техничка спецификација за доставување на понудите се составен дел од оваа документација / овој повик и може да се најдат на следниот линк:
Краен рок за доставување на понудите е 01.07.2020, 12:00.
Изборот на добавувачите ќе се изврши по пат на евалуација на финансиската понуда на база на принципот „најниска понудена цена на понудата која технички ги исполнува сите услови“.
Здружение за промоција и унапредување на културните вредности, КОНФИДЕНС Скопје, за потребите на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија во рамки на програмата EuropeAID/163963/DD/ACT/MK и Договорот за грант потпишан меѓу НВО Конфиденс и ЕУ бр. NEAR-TS/2019/413 – 876 објавува повик за ангажирање на експерти кои ќе работат на подготвување на документарни филмови на теми поврзани со човековите права.
Опис и цели на проектот:
Активностите на проектот ќе бидат насочени кон развивање на механизми за набљудување на човековите права и подобрување на заштитата при спроведувањето на основните права и слободи, како и откривање на што треба да сторат институциите за да работат врз основа на принципите на ЕУ.
Општата цел на проектот eподигнување на свеста кај јавноста за постојните бариери за мониторинг и заштита на човековите права во Западен Балкан преку кратки документарни филмови и анимирани видеа.
За подготовка и креирање на кратките документарни филмови потребени се експерти од следните области:
Краен рок за доставување на понудите е 22.05.2020, 12:00ч.
Изборот на експерти ќе се врши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда на база на принципот ,,најдобро понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.
(Иако ги има милиони, односно сето тоа е еден голем апсурд, но сепак…)
1.Секоја балканска држава смета дека треба да биде поголема од што е, до таа мера што би ни бил потребен барем уште еден Балкански полуостров за да се задоволат сите.
2. Но, никоја не смета дека треба да им земе нешто на другите, туку само дека треба да „си го врати своето“.
3. Сите држави имаат „историски аргументи“ дека треба да бидат поголеми, како стари мапи, камења од розети, пророштва и сведоштва, манастирски списи, и особено книги што се чуваат во западни музејски библиотеки „каде што вистината се крие за да не излезе на виделина“.
4. Сите, исто така, имаат замислен непријател – масони, илуминати, Ватикан, Билдерберг, англиската круна или некој друг, што со векови работи и крои заговори против нивното обединување, за да ги спречи да станат голема и силна држава што би го покорила Балканот, а потоа и светот.
5.Главната причина поради која сите овие држави се во тињата од секој аспект со кој се мери квалитетот на животот или животниот стандард, не се бара во тоа како ги водат нивните политичари, туку токму во „фактот“ дека не се обединети, зашто токму тој дел што им фали е клучен за да станат моќни и просперитетни. Секогаш тоа е најплодното поле, најбогатите планини, излезот на море, стратешките позиции, и особено светите места, кои би требало веројатно со некоја магична сила да направат државите да процветаат и да ги покорат другите, ама нивната сила со сите средства се чува затворена и не и` се дозволува да се ослободи
6. Но, од друга страна, „деловите што фалат“ не се ниту исчезнати, ниту потопени, ниту префрлени некаде на запад, туку повторно се под власт на некоја друга балканска држава, па колку и да се плодни, богати, стратешки или волшебни, ниту неа не успеале да ја извадат надвор од тињата.
7. Има една мала држава сред Европа, толку мала што одвај се гледа на карта, заглавена меѓу карпи и планини, завеана во снегови, одвај некоја нива да има, опколена со големи држави, оддалечена околу 200 километри од најблиското море, па според сите балкански географски „стандарди“ би требало да е пропадната, ама не е. Се вика Швајцарија.
8. Има и една друга држава што зафаќа речиси цел полуостров, а доминира и над тоа што не го контролира, владее и со земји што се нејзини и со територии што бараат да се отцепат од неа, но има широки плодни полиња, богати планини, две мориња, океан, стратешки не може да биде подобро позиционирана дури и да сака, а и со светињи е во суфицит, па сепак се дави ли се дави во новава европска тиња, и никако да излезе. Се вика Шпанија.
Повод: Иницијативата за откажување на државната матура
Во ваква светска криза каде што се за што знаеме е доведено во неизвесност, ние се најдовме најпаметни матура да откажвиме? Нашиот нормален живот во моментов е паузиран и потребно е на истите промени да се адаптираме а не да им се спротивставуваме со главата в ѕид, како некој да сакаше ова да е вака. Само доколку се адаптираме на моменталната ситуација и го извлечеме максимумот од неа (24/7 слободно време минус времето во кое миеме раце), ќе можеме нормално да го продолжиме животот после оваа изолација, а во некои сфери дури можеби и подобро.
Не смееме да дозволиме оваа неизвесност да ги убие нашите амбиции и нашиот дух. Не велам дека не треба да се бориме за своите права во однос на полагањето матура, но не смее да се бориме за погрешна цел! Мора да останеме во допир со реалноста и трпеливо да ги дочекаме одлуките на Министерството за образование и наука кое е одговорно за ова прашање. Залудни се сите наши петиции без оглед на нивните барања, но сепак треба да сме свесни дека она што го бараме може всушност многу да ни наштети и значително да го промени текот на нашето понатамошно образование и нашите животи и кариери.
За сите вас кои барате откажување на државната матура, ВЕ МОЛАМ НЕМОЈТЕ. Во случај таа петиција која се рашири по социјалните мрежи да биде прифатена од МОН, ние најверојатно ќе се соочиме со нов услов за упис на факултет, приемен испит (барем во Македонија, а за оние што сакаат да се запишат во странство може да се јават уште поголеми проблеми и компликации). Приемните испити не се воопшто лесни, а поголем проблем е тоа што за разлика од матурата, не знаеме “што се паднало лани“ бидејќи на повеќето факултети истите се укинати минимум 10 години.
Во вакви тешки моменти, не само за нас, туку и за целиот свет, не треба да бидеме себични. Во случајов ни е потребно што побрзо да добиеме насоки од МОН, а најдобро решение на кое можеме да се надеваме во ваква криза, оттежнати услови за учење, стрес, комплетно затворање дома каде што од икс причини не секој може да учи, е да добиеме некакво олеснување во поглед на материјалот на кој треба да полагаме. Треба да се бориме за реални цели, да размислуваме пошироко од своите желби и потреби и да гледаме многу подалеку од својот нос.
А сега неформалниот дел.
Луѓенца, останете дома, останете безбедни, мијте раце и почитувајте ги и другите препораки за превенција од коронавирусот. Со помалку нервози, и ова ќе се реши, има луѓе на кои во моментот ова им е главна задача кои ќе се погрижат истата да биде решена во најскоро време. Како и сите досегашни генерации, ќе имаме добар исход, ќе се запишиме кој кај сакаме и се ќе биде во ред. Дотогаш, останете трпеливи и реални.
Анамарија Момироска ученик во IV година Гимназија – Охрид
Стартуваше проектот „Дали личиме на ЕУ?“ – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“
Во последните децении Северна Македонија вложи сериозни напори да ги исполни критериумите за влез во Европската унија, а во оценките на Брисел овие заложби главно беа поздравувани, честопати со охрабрување повеќе да се работи на развој на демократските принципи и повисоки стандарди за почитување на човековите права и слободи. Различни извештаи за набљудување на евроинтеграциските процеси покажаа дека е постигнат напредок, но, во најгоем дел во донесување на закони и хармонизација на македонското со европското законодавство, додека најслабата точка е имплементацијата на донесените закони. Односно заложбите од хартија да преминат во реалност. Да се почувствуваат, да станат видливи и корисни за граѓаните.
Од овие причини, нашиот тим во рамки на НВО Конфиденс започна со спроведување на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“. Преку снимање на кратки документарни филмови да дадеме слика дали и колку Република Северна Македонија личи на земјите членки на Европската унија и што е она што земјата не го прави како што треба, а е потребно за донесените закони да профункционираат и во реалноста. Заклучивме дека тоа е едноставно. Ќе ги посетиме земјите кои се пример во регулација и спроведување на одредени оласти во човековите права и слободи и секоја област ќе ја споредиме со домашните прилики. На тој начин најдиректно ќе видиме која е алката што недостасува за да личиме на земја од ЕУ. Дали е недореченоста на законите, дали е немањето политичка волја или едноставно не се работи доволно за да имаме европска реалност на терен.
Покрај детектирање на причините, проектот има за цел да ги открие и идните чекори што треба да се преземат за да се доближиме до ЕУ во однос на заштитата на човековите права и почитувањето и надградувањето на веќе донесените закони. Да се види каде треба да се подобрат ресорните министерства, државните институции, локалните самоуправи, јавните претпријатија, граѓанските организации и другите засегнати страни врз основа на барањата за членство во ЕУ.
Како клучен дел од општите цели на проектот „Дали личиме на ЕУ?” е да влијае на подигање на свеста на јавноста за постојните пречки за мониторинг и заштита на човековите права, како и да даде визија, начин на кој ќе се подобрат реално состојбите, преку истражување и изработка на кратки документарни и анимирани филмови.
Специфична цел на проектот е да развие механизми за следење на човековите права и подобрување на заштитата при спроведувањето на основните права и слободи и да открие што треба да направат надлежните институциите за да работат врз основа на принципите на ЕУ.
Проектот ќе послужи како дополнителен механизам за набљудување, но и како корисно упатство за подобрување на практиките за унапредување на човековите права во земјата. Илустрирано, доколку снимените документарци откријат недостиг на знаење, професионален став, корупција, практики за дискриминација во образованието, здравството, судството или малцинските прашања, итн, тогаш ќе бидат направени одредени чекори за да се направат измени во овој поглед, со помош на јавноста, претставниците на граѓанското општество, меѓународните претставници и претставниците на ЕУ во земјата.
Како конечен резултат, целните групи/пошироката јавност ќе се здобијат со прецизен увид и знаење за комплексни прашања презентирани на лесен и разбирлив начин, а овој вид на поддршка, директно или индиректно, ќе придонесе за нивен посилен ангажман во остварување на основните права и потенцијално развивање и воспоставување активни практики за влијание на граѓаните во донесувањето на политиките.
Покрај тоа, проектот, преку еден свој сегмент, ќе обезбеди градење на капацитети на локално ниво преку локални организации кои ќе бидат обучени за истражување и развој на видео материјали кои во фокусот ги имаат човековите права и ќе се однесуваат на локални теми. Десет локални организации ќе добијат мали грантови за правење кампањи, спроведување активности или изработка на видео материјали за проблемите и решенијата поврзани со одредени области на почитување на човековите права на локално ниво.
Проектот ќе трае 24 месеци и е финансиран од Европската комисија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Филозофскиот факултет во Скопје, на свеченоста по повод прославата на 99 години постоење на факултетот, на компанијата Nestlé и врачи посебно признание во знак на благодарност за одржаната кампања NESCAFÉ 3in1 „Start Smart“. Во текот на февруари и март оваа година, Nestlé одвојуваше средства од продажбата на секој NESCAFÉ 3in1 и NESCAFÉ 2in1 производ, кои се искористени за унапредување на условите за учење во библиотеката на факултетот.
Благодарение на NESCAFÉ 3in1 „Start smart” кампањата, купени се маси, столици и компјутери со кои е овозможен пристап до дигатилизираната литература на библиотеката, со цел таа да биде подостапна до корисниците.
„Една од главните премиси на компанијата Nestlé е подобрувањето на квалитетот на живот и создавањето успешни заедници да го почне од образованието. Од тие причини, нам ни е големо задоволство да ги поддржиме младите, талентирани луѓе во Македонија”, истакна НелиНајденова Загорчева, сениор бренд менаџер на NESCAFÉ, во компанијата Nestlé. „Му благодариме на Филозофскиот факултет во Скопје за ова значајно признание, што за нас е дополнителен поттик и во иднина да продолжиме со слични акции, како во Македонија, така и во регионот. Како меѓународна компанија, имаме одговорност да помогнеме на младите да им се обезбедат адекватно образование и вештини”, додаде таа.
За потсетување, На Филозофскиот факултет во Скопје, во март беше одржана дискусија за односот меѓу дигитализацијата и социјализацијата, NESCAFÉ 3in1Start Smart Talk. Во таа прилика, учесниците заклучија дека општествената одговорност на компаниите е особено важна во однос на образованието и креирањето прилики за младите луѓе.
Компанијата Nestlé, трета година по ред, помогна во опремување и реновирање на образовни институции и библиотеки во Македонија, со цел да ги унапреди условите за професионален развој на студентите. Минатата година, од одвоените средства од продажбата на производи на сличен начин беше опремено и мултимедијално катче во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Музичката година завршува со концерт на еден млад, но сериозен рок бенд од Скопје, Lincoln Letter, на кој сум веќе голем фан. На почетокот на месецот во Public Room го промовираа својот прв спот. Вистинско вестерн ремек дело, со македонски пејзажи и вестерн сцени во кои се препознаваат македонски верзии на легендарните Џеси Џејмс, Били Кид, или режијата на големиот мајстор на шпагети-вестернот, Серџо Леоне.
Тоа беше „филм за нашите уши“, сериозен, полн рок настап, од кој беше тешко да си заминете. Затоа, со рокерска радост, едвај ја чекам продолжената верзија на минатиот настап. Утре, 29 декември, во МКЦ со почеток во 20 часот со целовечерен концерт Lincoln Letter ќе го промовираат својот прв албум „Bedtime Stories“. Влезот е бесплатен.
Бендот го сочинуваат Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски и Стефан Сајковски, а албумот содржи 12 песни кои функционираат како засебни вестерн приказни. На објавата работеа музичките продуценти Ади Имери и Милош Краљевски, како и самиот бенд, а првиот спот го режираше Звонко Наумоски.
Фронтменот Јаков Наумоски вели дека бендот со нетрпение го чека утрешниот ден, ветува гласна свиркa, на која и претходеа сериозни подготовки. И ние сме нестрпливи, бидејќи очекуваме концерт кој не само што ќе биде филм, туку и празник за нашите уши, и тоа made in Macedonia.
По концертот за слушателите ќе бидат достапни и бесплатни „download“ кодови за албумот.
Стартапите исто така можат да креираат работни места, а тоа со свој пример го покажаа 30 вакви компании, кои директно или индиректно, овозможија вработување на речиси 100 луѓе во регионот на Западен Балкан. Ова е извонреден резултат за ова подрачје, каде што претприемачите се уште наидуваат на потешкотии при разработувањето на компанијата , во најголем дел поради недостаток на механизми на поддршка и сиромашни извори на високоризичен претприемачки капитал. Поради тоа, сумата од 1,8 милиони евра инвестиции, која овие стартапови ја собраа или се во процес на собирање, ја прави уште повредна.
Основачите на 30 успешни стартапи од подрачјето на Западен Балкан посетуваа програма за развој во рамки на неодамна основаната Стартап Академија. Програмата се состои од обуки од областите кои се најважни за развој на стартапите (собирање средства, презентирање на производите, стратегија на продажба и развој) и од Демо денови, кога претприемачите беа во прилика пред жирито да ги претстават своите проекти и да се умрежат во тек на “СараевоUnlimited” и “Podim” конференциите. Стартап академијата се одржа во организација на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, проект што го спроведува Германската организација за интернационална соработка – Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, а го финансира германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).
Во септември 2019 година во Виена се одржа манифестацијата Alumni Startup Academy Event, која за прв пат ги собра сите учесници на програми и им овозможи да споделат искуства, примери за успесите и да ја зајакнат поддршката на регионалната стартап сцена. Дел од програмата беше и присуството на настанот “1 Million Start-ups Conference”, каде многу учесници имаа прилика да земат активна улога како панелисти, да ги претстават своите идеи и да ги споделат приказните за своите претпријатија.
Матеја Живадиновиќ, основач на стартапот Волонтер, платформа која на ефикасен начин ги организира волонтерите, вака го опиша своето искуство: „Оваа програма ни овозможи да ги зацврстиме врските во регионот, да пронајдеме заеднички претприемачки цели и да учиме едни од други. Ваквите собирања се навистина неопходни за да се воспостави регионална соработка и да се овозможи учење врз примерите на добрата пракса, како на подрачјето на западниот Балкан, така и пошироко. Преку програмата добивме пристап до многу корисни претприемачки знаења и вештини и поддршка од заедницата на претприемачи“.
Дека резултатите од програмата се импресивни, потврди и водечката експертка на Стартап академијата Селма Продановиќ, која медиумите ја нарекуваат највлијателна дама на австриската стартап сцена: „Напредокот кој го направија стартапите по одржувањето на академијата е неверојатен. Не само што поединечно го подобрија својот учинок во погледот на пласирање на своите идеи и остварување контакти со инвеститорите, туку исто така оформија група претприемачи кои едни на други пружаат поддршка. Што е најважно, тие ќе ги инспирираати наредните генерации претприемачи“.
ГИЗ во иднина ќе продолжи да го поддржува прекуграничното вмрежување на претприемачи и стартапи преку Отворениот регионален фонд и својот проект Промоција на надворешната трговија.
Порано како ракометарка требало да ја погоди мрежата на голот.
Денес како активист треба да ја расплете мрежата на системот.
Судбините на многу луѓе зависат од тоа.
Секој човек има право на социјална сигурност, на здравствена заштита, секое дете има право на образование. Но не е доволно да се имаат правата.
„Оваа капија што ја гледате позади мене е, клиниката Мајка Тереза е малку повеќе и потешко проодна за Ромите бидејќи се соочуваат се уште со дискриминација и несоодветен пристап од страна на одредени здравствени работници“.
Ова се луѓето што не чекаат решенија, туку ги бараат. Што не креваат раце, туку засукуваат ракави. Познати им се и пречките, и неуспесите, и тешките и сложени услови во кои треба да ја исполнат својата задача. Но не се откажуваат. Тие се НОСИТЕЛИ НА ПРОМЕНИ.
Гинеколошко-акушерска клиника, 4:00 часот
Љатифе добива повик среде ноќ.
Пациентка пред породување не е примена бидејќи нема документи.
„Јас веднаш се облеков и веднаш со такси дојдов на клиника за да овозможам безбедно породување на пациентката. И укажав дека на докторката дека вие како итни случаеви не смеете да ги враќате пациентите бидејќи се коси со законот за правата на пациентите и, за среќа, докторката веднаш реагираше, жената беше згрижена, и после 15 минути се породи. Што ќе се случеше ако јас не бев присутна тука? Дали постоеше опасност мајката и бебето да бидат во опасност ако не беа примени?“
Љатифе Шиковска не е правник, ниту има правно образование. Законите, конвенциите, правилата на системот, ги научила во невладината организација „Амбрела“ во Шуто Оризари, каде што две децении работи на остварување на правата на Ромите. Тука тоа не се прави само со конференции и работилници. Треба да му се помогне на секој поединец посебно.
Пример 1:
– 250 требаше изводот да ми го дадат веќе. Да не плаќам више. Јас уште една плус му дадов.
– Зошто? Како?
– Па тој ме тераше дупло уплатница.
– Чекај бе, како може дупла уплатница. Тие не ти ги важеше тој?
– Важеше бе, како не важеше.
– Ти сам тогаш беше?
– Да онаа ја платив, и кажав дај и тоа уплатниците.
– И ти му ги даде?
– Да.
– И зошто уште еднаш ти барал?
– Па не знам.
– И ти уплати?
– Да.
– Истиот ден?
– Да.
– Абе Кемо зашто бе така?
– Тој бараше.
– Па има шеф таму, ќе одиш кај шефот, шефе еве уплатници, тој уште ми бара мене. Научите се малку.
– Ќе дојдеш ќе видиш. Што да правам.
– Јас ќе ти се јавам утре или по задутре, ќе одиме заедно. Ќе ги спремиш документите и ќе одиме заедно на шалтер, јас ќе стојам на страна и да видам.
Пример 2:
– Четири ипол, направи наод, мислење во Симпо? Со лесна попреченост е, со тешка попреченост?
– Па за тоа од комисијата му е решено, ми дадоа решение.
– Му следува еднократна, му следува постојана парична помош?
– Следува, да.
– Во книшката има печат, има све што треба?
– Све, да.
– Добро, што е сега проблемот?
– Сега проблемот ми е за превозите, да, за превозите.
– За него или за тебе?
– За што го носам на часови, значи вторник и четврток сме на часови одиме. Од десет излегувам до четири.
– А, на вежби одиш. Во Симпо.
– На вежби, да, одам на вежби.
„Не секогаш државните службеници и оние институции каде што јас ја застапувам целната група со која работиме, не секогаш ги знаат одредени конвенции, дека Македонија е потписник, дека се ратификувани одредени конвенции во однос на правата и заштита на децата, да речеме во однос на економско јакнење и културолошко за жените генерално.За жал не секогаш тоа го знаат, па ние мораме да им укажеме на одредени законски регулативи, конвенциите кои се однесуваат во однос на човековите права, заштита на децата и други конвенции, така да со тек на времето одредени вакви бариери ги надминувавме“.
Малата портокалова куќа на НВО Амбрела служи како едукативен центар. Но, и како центар од каде се решаваат проблемите на поединците со системот.
„Јас не седам во канцеларија, мене канцеларијата ми служи само како еден технички сервис каде што се подготвувам, иначе во принцип сиве овие години работам на терен, бидејќи сметам дека токму на терен ја гледаш реалната состојба во однос на ситуацијата која се однесува на Ромите и врз основа на нивните потреби и проблеми ние креираме проекти“.
Шиковкса денес е директорка на Амбрела. Ниту директорувањето не ја задржува во канцеларијата. Има многу проблеми да се решат. Немање лични документи, немање социјална помош, здравствено осигурување, пристап до образование, пристап до правата што се загарантирани, но не и достапни.
„Еден од најгорливите проблеми во ромската заедница е токму немањето на лична документација“.
Најновата бројка е 680 лица без документи. Најголем број деца. Ако е потребна ДНК анализа, постапките може да чинат неколку илјади евра. Луѓето без документи често се многу сиромашни.
„Се уште имаме случаи кои ни чекаат од 2013, 14, 15, 16 сега најнови и 17 кои се уште ни се во постапка и се уште се во процес, и јас овде често доаѓам да видам до каде е постапката, кога ќе се издаде решение, бидејќи на овие лица и те како им е тешко. Премногу им е тешко бидејќи тие се невидливи за системот, се надвор од системот, и немаат права, на основни човекови права зборувам, каде што секое родено дете треба да има идентитет“.
Секој може да се загуби во пополнувањето документи. Особено најранливите групи. Без помош, дури и за да пополнат барање, тие не би останале ниту на маргините на системот. Би биле исфрлени од него.
„Се соочуваат со ситуација кога одредено право им е укинато поради икс причини, некогаш се оправдани, некогаш се неоправдани, тука ние нудиме и правна поддршка доколку сметаме дека одредено право без основа е укинато и поднесуваме претставки и жалби во подрачната единица за социјална заштита“.
Оној што ги познава законите не може да биде измамен за своите права или за правата на оние на кои им помага. Тука спаѓа и правото на образование.
„Законот за образование дозволува сите деца да се запишуваат во училиште, без разлика дали во тој момент има извод на родени или не. Законска обврска е на училиштата да ги примат. Ние овде во Браќа Рамиз Хамид немаме проблем.Но за жал имаме други општини каде што живеат Роми, а во моментот децата нивни немаат извод на родени, па доаѓаат до одредени административни бариери да не кажам и злоупотреба“.
Со својата работа луѓето како Љатифе Шиковска станаа неформални народни правобранители на најранливите групи во општеството. Тие би се откажале од оваа функција под еден услов.
„Нас ни е битно навистина, крајно време е да се најдат системски решенија, тие системски решенија мора да бидат со конкретни мерки и активности, акциони планови, стратегии, и посебни програми, преди се развојни, за да можат и Ромите да го најдат своето место во ова општество, бидејќи и ние придонесуваме кон просперитет и прогрес на нашата држава, бидејќи и јас учествувам преку одредени давачки кон државата и треба да знам каде се трошат моите пари. Како и секој граѓанин во нашата држава“.
Ќе го спасите светот само ако им помагате на луѓето еден по еден. Се друго е романтизам и политика – Чарлс Буковски