Author: Balkon3

  • ДА ТИ НАЦРТАМ: Политичка коректност – лага или неопходност?

    ДА ТИ НАЦРТАМ: Политичка коректност – лага или неопходност?

    Добредојдовте во светот на политичката коректност. Или на „коректното политичко изразување“, ако сметате дека така е поправилно.

    Се извинуваме ако терминот „поправилно“ ве навреди, бидејќи сметате дека нештата можат да бидат или целосно правилни, или целосно неправилни, и сакаме да знаете дека го почитуваме вашето гледиште. Ете, уште сме на почетокот, а веќе се загубивме.

    Но тоа воопшто не е за изненадување. Политичката коректност е  една од најконтроверзните теми на денешницата. Нејзините поддржувачи сметаат дека таа е неопходна и има позитивен придонес за општеството, а според критичарите таа е непотребна и прави повеќе штета отколку корист. Предизвикува потсмев, гнев, па дури и цензура. Но има барем неколку работи за кои едноставно можеме да бидеме сигурни.

    Да почнеме со критиките. Има мислења дека политичката коректност е голема лага и служи само за да се затскрие или да се ублажи некој проблем, за тој да не звучи толку страшно колку што е. На пример, кога сиромашните се нарекуваат „лица со многу ниски примања“ или „лица во социјален ризик“. Или кога бездомниците се „лица со непостојано домување на јавни простори“. Добро, нив никој не ги вика така, ама може да почне, исто како со сиромашните. Или кога наместо „сиромашни држави„, се користи „држави во развој“. Сиромашни звучи како нешто што е така и останува така, а „во развој“ звучи некако преодно. Како да секој ден се очекува да се развијат и да не бидат повеќе сиромашни. Но, да не сакаме да скриеме нешто на овој начин? Или да минимизираме? На пример, зошто наместо плаќачи на данок се употребува даночни обврзници. Можеби затоа што како плаќачи ќе барате поагилно нешто да ви се испорача за тоа што плаќате, додека како обврзници и не мора да барате нешто за возврат. Критичарите велат дека наместо да измислуваме зборови со кои ќе се преправаме дека овие проблеми не постојат, треба работите да ги кажеме со вистинското име и да се потрудиме навистина да им помогнеме на сиромашните, бездомниците, државите, плаќачите на данок и на другите.

    Но, да ја слушнеме и другата страна. Да видиме што е со етничките термини? На сите ни е познато дека припадниците на некои етнички заедници меѓу себе се нарекуваат со зборови со какви не сакаат другите да ги нарекуваат. И често не ни е јасно зошто тоа се случува. Но не треба ни премногу да размислуваме. Секој треба да се нарекува онака како што тој сака. Уште повеќе, ако некој од тие зборови бил употребуван со навредливо или омаловажувачко значење, барањето алтернативен или „политички коректен“ термин е сосема оправдано.

    Кога политичката коректност е недвосмислено правилна? Тогаш кога таа помага да се избегне етикетирањето. Тоа е кога на некој поединец му се припишува некоја особина само затоа што е член на некоја група, нација, религија, град, партија или друго. Дали денешната генерација е виновна за злосторствата направени од претходната генерација, нивните татковци и дедовци на пример? Не, и тука мора да бидеме коректни. Но, дури и со ова мора да се внимава бидејќи во некои случаи се злоупотребува за да се затскријат злосторствата, како никогаш да не се случиле. Единствено коректно е ако јасно се разграничи што е што и кој за што е одговорен, и никој друг да не се обвинува за тоа освен оној што навистина е виновен. Во принцип е поедноставно одошто звучи, но во пракса, не баш.

    Заклучок: политичката коректност може да служи и во лоша и во добра цел. За мачкање очи, криење на вистински систојби, но и за избегнување непријатни ситуации што не ни се сосема јасни, или воздржување од општи констатации и етикетирање. На сите треба да ни е јасно тоа, за да можеме да одлучиме колку коректни ќе бидеме.

    Толку за политичката коректност овојпат. Иако знаеме дека е крајно некоректно на оваа тема да и се посветат само три минути. Но тоа можеби е и поради инсуфициенција на интелигенција

  • Се продава куќа во Г. Коњари, Прилеп

    Куќата е 120 метри квадратни со и дворно место 4500 м2

    Цена: 12.000 евра

    Контакт: Зоран 078301098

  • Се продава куќа со дворно место 2300 квадрати во Муртино

    Се продава куќа со дворно место 2300 квадрати во Муртино

    Се продава куќа со дворно место од 2300 m2 во центарот на с. Муртино, Струмица. Цена многу поволна и по договор!

    Контакт: Дарко, тел: 070 327 230,  Мери, тел: 071 239 285

     

    Површина на куќата: 100 m2
    Број на соби: 4
    Број на спратови: 1 спрат
    Греење: Нема
    Површина на двор: 2300 метри квадратни
    Адреса: с.Муртино, Струмица
  • ДА ТИ НАЦРТАМ: „Што е политичар“

    ДА ТИ НАЦРТАМ: „Што е политичар“

    Голем број политичари сакаат да си преземат многу повеќе улоги од онаа што им е наведена во описот на работното место.

    1. Едни од нив се „татковците на нацијата“. Тој е голем, тој е силен, тој е одговорот на сите прашања, решението на сите проблеми, тој треба да биде слушан и почитуван за доброто на народот, тој е народот.

    2. Други се „политичарите-другари“. Тоа се политичари што одат пеш на работа, не земаат плата, учествуваат во акции за чистење или оставаат контакт за лично да им ги решаваат проблемите на граѓаните.

    3. Третите се „политичарите-ѕвезди“. Тие постојано се истакнуваат во јавноста со своите хобија. Тренираат некој спорт, читаат научна фантастика, одат на културни манифестации, ја одржуваат градината…

    Иако популизмот најчесто се поврзува со „татковците на нацијата“, популисти се сите политичари што не ги гледаат граѓаните како свои работодавачи, туку како свои „чеда“, „другари“, или „обожаватели“.

     

  • Да ти нацртам: Што е ПАТРИОТ?

    Да ти нацртам: Што е ПАТРИОТ?

    Патриот е некој што ја носи државата на себе. Или во себе. Или двете? Можеби нешто трето? За да дознаеме, го направивме квизот „Што има под знамето“. Ексклузивно, тројца доброволци што ја носат државата на себе, се пријавија за да ни дозволат да ѕирнеме што има под нивното знаме. Еве што успеавме да забележиме откако тие ги поткренаа своите знамиња, само за нас и за вас.

    Лице А: не плаќа даноци кон државата бидејќи парите му требаат за да ја велича татковината.

    Лице Б: плаќа даноци бидејќи мора.

    Лице В: ги плаќа даноците, но активно се интересира за што се трошат неговите пари.

    Лице А: ѓубрето од татковината и го враќа директно на татковината.

    Лице Б: ѓубрето од татковината го фрла во канта на татковината.

    Лице В: ѓубрето од татковината го фрла во канта на татковината и бара соодветно да се рециклира за да не ја загади татковината.

    Лице А: ги прекршува сообраќајните правила бидејќи татковината нема време за чекање.

    Лице Б: внимава на сообраќајните правила зашто може да има полиција во близина.

    Лице В: ги почитува сообраќајните правила бидејќи ништо не е поважно во сообраќајот од безбедноста.

    Лице А: културното и природното наследство не се важни ако може да се заработат пари за да се велича татковината.

    Лице Б: ретко размислува за културното и за природното наследство на земјата.

    Лице В: културното и природното наследство мора да се зачуваат.

    Лице А: националниот интерес го гледа како борба помеѓу неговиот народ и други народи, во која неговиот народ победува.

    Лице Б: национален интерес е тоа што го кажале на телевизија.

    Лице В: го гледа националниот интерес како успех на својата земја и народ, во соработка со други народи и земји.

    Лице А: ги слави спортските, културните и другите успеси на земјата.

    Лице Б: ги слави спортските, културните и другите успеси на земјата.

    Лице В: ги слави спортските, културните и другите успеси на земјата.

    И конечно, еве ги резултатите:

    Најмногу одговори под А: патриот-знаменосец. И покрај гласниот патриотизам, под знамето нема ништо.

    Најмногу одговори под Б: викенд-патриот. Ретко размислува за патриотизмот, па и за државата воопшто, бидејќи генерално не го интересира политика.

    Најмногу одговори под В: суштински патриот. Ја сфаќа љубовта кон земјата како постојан напор за таа да стане што подобра и понапредна.

    Заклучок: Не е патриот оној што има поголемо знаме на ретровизорот, туку оној што ги фрла отпадоците во канта за ѓубре.

    За патриотизмот, сепак е важно што има под знамето.

  • ДА ТИ НАЦРТАМ: КАКО СЕ РАЃА ЛЕБОТ!

    ДА ТИ НАЦРТАМ: КАКО СЕ РАЃА ЛЕБОТ!

    Без професионални институции што се способни да ја извршуваат својата работа, и кои се посветени на служењето на граѓаните, ниту леб нема да имаме да јадеме.

    Како лебот стигнува до нашата трпеза? Наједноставно, некој оди во продавница, купува леб, и го става на трпезата.

    Но, за да бидеме сигурни дека продавачот нема да ни даде расипан леб или нема да ни го наплати прескапо, потребни се институции што ќе го проверат тоа. Значи – лебот стигнува на трпезата така што некој оди во продавница што е проверена од пазарната и од санитарната инспекција, купува леб и го става на трпезата.

  • Prophets of Rage доаѓаат во фуриозен гнев во Загреб

    На крајот од најубавиот месец во годината, на 26 јуни, на веројатно најголемиот рок настан годинава, Загреб ќе ги пречека Prophets of Rage, супер групата составена од членовите на мегабендовите Public Enemy и Rage against the machine, икони на протестот против културниот империјализам и политиките на корпоративна Америка во 80-тите и 90 години.

    Во состав на Prophets of Rage, формиран минатата година за време на изборите во САД се Tom Morello од Rage against the Machine (гитара), Brad Wilk (тапани) и Tim Commerford (бас) и двајцата исто така од Rage against the Machine, Chuck D и DJ Lord, од Public Enemy, и B Real од уште еден мегапопуларен бенд, Cypress Hill.

     

    Името на бендот е земен од насловот на песната на Public Enemy, „Prophets of Rage“, од нивниот албум од 1988 година „It Takes a Nation of Millions to Hold Us Back“. На сет листата на бендот ќе се најдат најголемите хитови на нивните матични бендови како: Killing in the name of, Know your enemy, Jump around..

     

    Политичкиот интензитет во времето на Rage against the Machine, (светска економска рецесија, распад на Советскиот Сојуз, првите претседателски избори во САД по паѓањето на железната завеса, падот на Апартхејдот во Јужна Африка), сето ова беше експлозивно спакувано во политички идеолошките текстови на Rage against the Machine, во тоа време најжестокиот бенд на планетата Земја.

    Бидејќи Prophets of Rage го остваруваат пророштвото на нивните матични бендови, во овој манир очекуваме да ги видиме и нив. Зашто, како што кажуваат и самите: Опасните времиња бараат опасни песни.

    Со овие рап-рок великани на сцената во спортско-рекреативниот центар Шалата, нема сомнеж дека концертот на Prophets of Rage во Загреб, во рамки на тунејата Make the world rage Again, претставува еден од главните музички настани годинава, не само во Хрватска, туку и во регионот.

    За мене сосема сигурно.

    Д. Ч.

  • Кампања на „Езерки“ за собирање средства за турнеја низ Македонија

    Кампања на „Езерки“ за собирање средства за турнеја низ Македонија

    „Езерки“ и „Седум Осмини“ преку crowdfunding кампањата собираат средства за турнеја низ Македонија

    Етно групата „Езерки“ од Хрватска, еден од најпознатите балкански етно состави кои ја негуваат македонската изворна и староградска музика покренаа кампања за собирање парични прилози преку crowdfunding платформата Indiegogo за да обезбедат средства за турнеја низ Македонија.

    За концертите во Македонија оваа есен, на „Езерки“ и на оркестарот „Седум Осмини“ (7/8) им се потребни 5.000 долари за трошоците на турнејата, а до сега се собрани една третина од потребните средства. За да ги поддржите кликнете на линкот https://igg.me/at/ludizamakedonijom/x/5601403

    Езерки настапуваат заедно со оркестарот Седум Осмини (7/8) и повеќе од 20 години изведуваат традиционална македонска музика во современи аранжмани и така ја чуваат од заборав.

    https://youtu.be/mf1H3RtD6x0?t=3

    Тие се една нетипична, интересна формација од 20-тина членови од сите возрасти, различно потекло, професии и големина. Но, на сите им е заедничко што ја сакаат македонската музика и оригиналниот 7/8 ритам. Сите од нив лудуваат за Македонија, а тоа е насловот и на документарниот филм за нив, чија премиера се очекуваа оваа есен.

    „Езерки се најдоброто нешто што на Македонија и се има случено надвор од нејзините граници. Тие се цврста алка што го држи мостот меѓу Хрватска и Македонија“, има изјавено за нив во една од своите рецензии познатиот македонско-хрватски композитор Љубомир Бранѓолица.

    Зад „Езерки“ се четири студиски албуми и еден концертен: „Бакнеж“, „Мустра“, „Амфитеатар“, „Livingroom“, „Спектакл“.

    Имаат одржано неколку големи концерти во Лисински во Загреб, во Скопје, а гостуваат низ градовите на цела поранешна Југославија

    Сепак, како што велат, најдраги им се настапите во Македонија, лулката на музиката што ја сакаат и исполнуваат. За оваа есен имаат покани за гостување во Скопје, Тетово, Охрид и Ресен. За да ги обезбедат средствата им е потребна поддршка со собирање на минимални средства од што поголем број на луѓе.

    За да ги поддржите кликнете на линкот https://igg.me/at/ludizamakedonijom/x/5601403

    И со уплата на саканиот износ или споделување на информацијата низ социјалните мрежи, усно или со песна, помогнете.

    Да ги поддржиме!

    Лице за контакт: Сандра Влашиќ sandra.vlasiczg@gmail.com

  • Да Ти Нацртам: За државното „БЕСПЛАТНО“

    Да Ти Нацртам: За државното „БЕСПЛАТНО“

    Кога државата вели дека обезбедила нешто бесплатно, тоа е исто како фрижидерот да рече дека чести ручек. Ако никој не стави храна во фрижидерот, ќе нема ни што да се извади. Ако никој не и даде пари на државата, ќе нема ни таа што да даде. Ништо не се создава со магија внатре, ниту во фрижидерот, ниту во државната каса. Според тоа – државата никогаш ништо не дава бесплатно!

     

     

  • ДА ТИ НАЦРТАМ: Кога „ФАЛИ“ МАНДАТ

    ДА ТИ НАЦРТАМ: Кога „ФАЛИ“ МАНДАТ

    Зошто некои градови немаат доволно вода, особено на лето, а други градат грандиозни фонтани? Зошто некаде нема канализација, речиси никаде нема прочистување на водите, а се прават патеки и шеталишта покрај реките? Зошто некои места се затрупани со ѓубре, а на други има паркови од милиони евра? Одговорот е многу едноставен: лоша политика.

    Политичар што се грижи за својот рејтинг е помалку заинтересиран да направи нешто под земја, отколку над неа. Убав парк, со нови дрвца, украсни грмушки, фонтана, детско игралиште… Прекрасни фотографии за општинската интернет-страница, со наслови како „ново пријатно катче на задоволство на граѓаните“. А граѓаните ќе одат таму за да избегаат од секојдневните проблеми, меѓу кои се и септичките јами. Ама се сече ли лента во канализациска шахта?

    На крајот се и ефектите. Поради нив, политичарите тешко може да се натераат да вложуваат во заштита од природни несреќи, како поплавите. Може цел мандат да нема поплава. Дури и два мандата. Џабе ќе ги потроши парите…

    Кликни овде за целиот серијал ДА ТИ НАЦРТАМ